You are on page 1of 2

ЗАПИСНИК

Од 10.02.2021 година
П.бр. -117/18
За усна главна расправа

Одржана пред Основниот суд Гевгелија Тужител: Мартин Стојков Од Гевгелија


Од судот се присутни: од – Г
Судија Никола Марковски полномошник
Судии – поротници: тужен Љупчо Симоновски Од Гевгелија

1.Полномошник
2.Записничар, предмет: нарушено владение
Драгица Србакоска – вредност: 40,000,00 ден.
По обвинувањето на предметот на спорот во 13:00 часот пристапија:

1.За тужителот лично со полномошник адвокат Стојан Петревски Од Гевгелија


2.За тужен – лично со полномошник адвокат Ангел Смилевски Од Гевгелија

Судот излезе на лице место по барање на двете страни, во присуство на нивните


полномошниции ја констатира следната положба:
На северниот дел од парцелата има објект, куќа за живеење во површина од 5 метри, а
во должина од прилика 13 метри која е приземје и при тоа западниот дел од куќата има
посебна врата со мала терасапред вратата, во должина од 4 метри а во ширина од 2 метри,
дел од куќата кој го користи Мартин Стојков Тужителот. А источниот дел со посебен влез и со
покриена тераса во димензии од 5 метри должина на терасата и ширина од 4 метри на истата,
го користи тужениот Љупчо Симоновски.
На југ од куќата има двор во должина од окулу 14 метри и во ширина од 25 метри.
На лице место се констатира дека тужениот во дворот заградил со плетена мрежа во
должина од 3 метри и почнувајки од југозападниот раб на терасата на тужениот, па во правец
на североисточното ќоше од бетонскиот базен. Базенот се протега во должина од 3 метри во
правец север – југ, а во ширина од 1,60 метри. Од југоисточниот дел на базенот тужениот
поставил исто така плет од древни колци и метална мрежа во должина од 7 метри, со 6 древни
колци и продолжил со заградување од последниот најјужен колец према исток со ограда од
плетена жица со 4 кола.
Тужителот и тужениот меѓу себе го постигна следното:

СУДСКО ПОРАМНУВАЊЕ

Јас, тужениот Љупчо Симоновски Од Гевгелија согласен сум оргадата од југозападното


ќоше од својата тераса да ја поместам во правец од југозападното чоше на терасата во правец
на југ спрема 4-от кол од западната страна на оградата, а со ширина од 2 метри од источната
страна на базенот за во ширината да може тужителот да помине со трактор Т.В. односно
ширина на патот од север па на југ до 4-от кол да биде 2 метри, а тој пат да се користи од
двете страни.
Јас, тужителот Мартин Стојков Од Гевгелија потполно сум согласен со спогодбата како
што е кажано од страна на Љупчо Сомновски
Двете страни се согласни тужениот оградата спрема базенот, како и преминот на југ
меѓу двата дрвени кола за премин на трактор да ги отколни уште во тек на денешниот ден.
Двете страни се согласни ова судско порамнување да има извршен наслов.

Таксата од 600,000 денаро да ја плати тужителот веднаш.

Порамнувањето не е во спротивност со член 3 од ЗПП.


Довршено во 15:00 часот.

За тужител, За тужен,
Полн. адв. Стојан Петревски Полн. адв. Ангел Смилевски
Тужител Тужен
Мартин Стојков Љупчо Симоновски

You might also like