You are on page 1of 2

ДОГОВОР

за суброгација и уредување на начинот на плаќање


Склучен на ден ________ година во Скопје, помеѓу:

1. Друштво за градежништво, проектирање, производство, промет и


услуги СТАИЛ АРТ МЕНАЏМЕНТ ДООЕЛ Скопје, со ЕМБС 5960584,
застапувано од управителот Александар Арсовски од една страна на овој Договор,
како прводоговорна страна, во понатамошниот текст: „Прводоговорна
страна“,

2. Александар Десподовски од Скопје, Бул. „Јане Сандански“ 88 - 5/12 со


ЕМБГ ____________________, од друга страна на овој Договор како
втородоговорна страна во понатамошниот текст „втородоговорна страна “, и

3. Друштво за трговија, градежништво и услуги ХАСКИ КОМПАНИ ДОО


експорт - импорт Скопје, со седиште на адреса улица „Борис Трајковски - 7“
број 56, со ЕДБ MK4030008049905 и ЕМБС 6426123, застапувано од управителот
Ѓокица Ивановски, од трета страна на овој Договор како Исполнувач во
понатамошниот текст „Исполнувач “, при што странките се договорија
следното:

Член 1
Со Договор за суброгација од ________________ година
Прводоговорната страна превзема обврска спрема друштвото ОФИС КОМ ДОО
Скопје да ја исполни обврската која што Втородоговорната страна ја имаше
спрема друштвото ОФИС КОМ ДОО Скопје врз основа на Преддоговор за
купопродажба на стан во кој што договор беше предвидено дека откако
Прводоговорната страна ќе ја исполни обврската врз неа преминува побарувањето
спрема Втородоговорната страна во износ од 69.300,оо ЕВРА.

Член 2
Со потпишувањето на овој Договор странките се договорија дека
Прводоговорната страна и дава попуст на втородоговроната страна од 3.150,оо
ЕВРА и дека Втородоговорната страна има обврска на прводоговорната страна да
и плати износ од 66.150,оо ЕВРА.

Член 3
Со потпишувањето на овој Договор исполнувачот ХАСКИ КОМПАНИ
ДООЕЛ Скопје превзема обврска да ја исполни обврската на Купувачот спрема
Прводоговорната страна и на Прводоговорната страна да и ја плати
купопродажната цена од 66.150,оо ЕВРА со компензација преку купопродажба на
градежни материјали согласно Договор за купопроджба на градежни материјали
кој што ќе биде склучен истовремено со овој Договор.
Член 4
Странките изречно изјавуваат дека Прводоговорната страна нема право по
ниеден основ да бара Втородоговорната страна да и го плати износот од 66.150,оо
ЕВРА туку дека истиот ќе биде платен исклучиво со компензација од страна на
друштвото ХАСКИ КОМПАНИ ДОО Скопје што е суштествен елемент на овој
Договор.

Член 5
Во моментот на исполнувањето на обврската спрема Прводоговорната
страна од страна на Исполнувачот, врз Исполнувачот преминува побарувањето на
Прводоговорната страна спрема Втородоговорната страна во износ од 66.150,оо
ЕВРА.

Член 6
Односите помеѓу Втородоговорната страна и Исполнувачот ќе бидат
уредени во посебен договор склучен помеѓу нив.

Член 7
Во случај на спор надлежен ќе биде Основниот суд Скопје 2 Скопје.

Член 8
Овој Договор се склучува во 3 (три) идентични примероци, од кои по 1
(еден) за секоја Договорна странка,.

За ХАСКИ КОМПАНИ ДОО Скопје Втородоговорна страна,


Управител,

__________________________ ________________________
Ѓокица Ивановски Александар Десподовски

За СТАИЛ АРТ МЕНАЏМЕНТ


ДООЕЛ Скопје, управител

_______________________
Александар Арсовски

You might also like