You are on page 1of 47

Миодраг Лабовиќ

Криминологија
Авторизирани предавања

Скопје,2021
1.Поим за криминологијата

Определувањето на поимот на секоја наука е основна задача, пред секое друго


мисловно и методолошко- емпириско проучуваwе. Ова од причини што
определувањето на поимот има теоретски консеквенции и импликации врз
детерминираwето на предметот и методите на една наука. Овие, пак категории,
предметот и методите, од друга страна, го определуваат специфичното научно
подрачје на една наука, односно, даваат одговор на прашањето дали претензиите
за определено научно подрачје да биде посебна и релативно самостојна наука, се
издржани или не. Не секогаш појмовните термини се најадекватниот израз за
појмовната содржина за односниот предмет на една наука. Меѓутоа, во случајот
со корелацијата меѓу предметот на криминологијата, како нејзина појмовна
содржина и самиот назив на криминологијата како посебна наука, ситуацијата е
сосема јасна и недвосмислено чиста. Ова го велиме од причина што ретко која
современа наука има есклузивитет во проучувањето на својот предмет, како
што тоа го има криминологијата, бидејќи само криминологијата за свој
основен предмет на истражување го има феноменот на криминалот, особено
во однос на неговата етиолошка димензија. Исто така, повеќето елементи во
проучувањето на криминалната феноменологија не се поклопуваат со
проучувањата од ниедна друга наука. Друго е прашањето за самостојноста на
една наука во системот на сродни и други науки, имајќи го предвид фактот што
ниедна наука немо`е да биде лишена од интердисциплинарниот пристап во
проучувањата, особено за мултидимензионалниот и комплексен феномен како
што е криминалот. Оттука, разни автори имаат невоедначен став во однос на
прашањето за самостојноста на криминологијата како наука. Но, разлики речиси
нема, или, поточно кажано, не би требало да има кога се поставува прашањето
дали криминологијата воопшто преставува наука. Ако за некои други сродни
науки може да се постави ваквото прашање, за криминологијата тоа е
безпредметно прашање, зотоа што нејзината имамнентна карактеристика на
наука е потврдена со самиот факт што има посебен предмет на проучување
и посебни, специфични методи за проучувањето на таквиот предмет.
Зачетоците на криминолошката мисла се јавуваат уште во античко време (Платон,
Аристотел), па преку средниот век ( Св. Августин и Тома Аквински) се до новиот
век. При крајот на 19 век за прв пат криминологијата започнува да се изучува
посистематично и организирано во контекст на тогаш доминантно присутните
научни пристапи. Криминологијата како посебна наука се издвојува од науката за
кривичното право. Имено, се појавила потребата криминалот повеќе да не се
проучува само во однос на предвидените кривични дела, туку, освен формално-
правниот пристап да се примени и еден подлабок, криминолошки пристап. Според
овој пристап во средиштето на вниманието освен сторените кривични дела ќе
биде и личноста на сторителот, причините поради кои што настанало кривичното
дело, начините на извршување итн. Се разбира дека почетоците биле
рудиментарни облици на развојот на криминологијата, која што постепено ја
оформувала својата физиономија како посебна наука. Оттука, во тој почетен
период сосема разбирливо е што имало разни недоумици и толку шаренолики
ставови за самиот поим на криминологијата, нејзината концептуална ширина и
слично. 1 Ваквите шаренолики ставови имаат своја подлога, од една страна, во
фактот што криминологијата како наука почнала да се развива во времето кога се
развивале психологијата, социологијата, статистиката, психијатријата, судската
медицина итн. Од друга страна, многу стручњаци од разни области на
социологијата, психологијата, психијатријата, биологијата, медицината и сл. се
занимавале со проучувањето на криминалот од аспект на нивната наука. На тој
начин, концептуалната екстензија на поимот криминологија го изместила
тежиштето на предметот на криминологијата, поради што се појавиле мислења
дека криминологијата е збир односно група од науки, дека таа е синтетичка наука
која што ги користи научните сознанија од другите науки итн.
Од ова можеме да заклучиме дека криминологијата е релативно млада
наука. За прв пат зборот криминологија го употребува францускиот антрополог
Паул Топинард во 1879 година, во неговото дело “Антропологија“ каде што
криминологијата ја определува како наука за проучување на извршените кривични
дела.

1Гасин,Р.: Цриминологие, Прецис Даллоз, Парис Цедеx,1990; Сеелин, Тх.цитат според Кузнецова,
Н.Ф.:Савремена бурзоаска криминологија,Издателство Московскога универзитета, 1974
Во 1885 година италијанскиот правник Раффаеле Гарофало го употребува
зборот криминологија како наслов на своето истоимено дело. Тој под поимот
криминологија ја подразбира науката која што се занимава со проучувања на
криминалот (злосторството).
На почетокот веќе истакнавме дека определуваwето на поимот на една наука е
нераскинливо поврзано со определуваwето на предметната содржина на
односната наука. Генерално, можеме да ги сублимираме многубројните обиди за
дефинирање на поимот на криминологијата во два основни пристапи: потесните
и пошироките пристапи за дефинирање на поимот на криминологијата.
Според авторите од првиот пристап, криминологијата претставува научна
дисциплина која што се занимава со проучување на криминалот (Гарофало, Емил
Дуркеим). Сауер ја дефинира криминологијата како наука што го проучува
криминалот на поединечните луѓе и културните народи. Според други автори (како
што се Кинберг, Марqуисет, Левассеур, Јамбу-Мерлин, Цуцхе). Ломбросо ја
определува криминологијата како наука за деликтот и деликвентот, а Енрицо
Ферри како наука која што треба да го проучува деликвентот, затоа што
кривичното дело е само индиција на личноста на деликвентот. Повеќе автори
( како што се Еxнер, Сауер, Мезгер, Манхеим,Геердис, Пинател, Кауфман,
Wуртенбергер), ја дефинираат криминологијата како наука која што треба
емпириски да го истражува криминалот и личноста на сторителите на кривични
дела.
Дефинирањето на криминологијата според авторите од потесниот пристап наиде
на остри критики од страна на авторите кои сметаат дека ваквиот начин на
дефинирање е минималистичко и не ги одразува конзистентно сите димензии од
проучувањето на криминалот и другите општествено негативни појави, како и
структурата на правосудните орган и начините за нивно спречување.
Заедничките елементи на сите овие дефиниции од поширокиот пристап е многу
тешко да се издвојат, бидејќи авторите се разликуваат по обемот и содржината на
поимот криминологија. Сепак, неколку основни елементи провејуваат кај повеќето
автори од поширокиот пристап: Криминологијата е наука која што ги проучува
облиците и причините за криминалот и на сите останати општествено
негативни појави, општествената реакција на криминалот, што ја подразбира
нормативно-институционалната структура на правосудството во поширока
смисла (полицијата, јавното обвинителство, судовите), како и установите за
извршување на кривичните санкции и се друго што се однесува на
извршувањето на санкциите.
За споредба ќе издвоиме неколку дефиниции за поимот на криминологијата од
референтни автори кои потекнуваат од поранешните југословенски простори.
Според српскиот криминолог Таховиќ, криминологијата претставува наука која
што го опфаќа целокупното проучување на криминалот, во која што влегуваат како
социолошкото, така и биолошкото и криминално-политичкото учење за
криминалот.
Хрватскиот автор [епарови} ја дефинира криминологијата како наука за
криминалот и сродните негативни општествени појави, која што со научни методи
ги проучува појавните облици, причините за криминалот, како и делотворноста на
начинот на неговото сузбивање заради остварување на општествена самозаштита
од криминалот и другите општествено негативни општествени појави.
За друг хрватски автор, Хорватиѓ криминологијата претставува самостојна
дисциплина во системот на науките, која што со својот систем на методи ги
проучува појавните облици и причините за казнивите однесувања.
Црногорскиот автор Пешиќ, криминологијата ја определува како научна
дисциплина со интердисциплинарен и мултиметодолошки карактер, која што се
занимава со проучување на причините за престапништвото како општетствена
појава со цел за негово спречување и сузбивање.
Според Милутиновиќ, криминологијата е комплексна наука за криминалот која што
се занимава со појавните облици, структурата и развојот на криминалното
однесување (феноменологијата), причините и условите за криманалното
однесување односно како доаѓа до криминалитетот како подинечно однесување,
масовна и општествена појава.
Авторките на учебник по Криминологија, Слободанка Констатиновиќ-Вилиќ и
Весна Николиќ-Ристановиќ, криминологијата ја дефинираат како самостојна,
теориско-емпириска, интердисциплинарна општествена наука за
феноменолошките карактеристики и причините за криминалот како масовна
општетсвена појава и криминалното однесување како поединечна појава, со цел
за негово објаснување и сузбивање.

2 За ова види кај Слободанка Констатинови}-Вили} и Весна Николи}- Ристанови},


Криминологија, Центар за публикације Правног факултета у Ни{у, Ни{, 2003, стр. 18
Според авторот на овој учебник, криминологијата е фундаментална,
самостојна, мултидимензионална, теориско-емпириска наука за проучување
на сите димензии на криминалот како масовна општествена појава и
индивидуално криминално однесување, сите други облици на
делинквенција и девијантно однесување, преку проучување на
криминалната феноменологија, криминалната етиологија, како и политиката
за општествена контрола на криминалот (проучување на нормативно-
институционалната структура на органите надлежни за откривање,
докажување, гонење и судење на сторителите за извршениот криминал), со
цел за негово сеопфатно објаснување и пронаоѓање најоптимални,
долгорочни и системско стабилни решенија, со цел за намалување на
криминалот во општетствено контролирани, толерантни рамки.

2.Предмет и природа на криминологијата

Претходно веќе нагласивме дека определувањето на поимот на криминологијата е


тесно или нераскинливо поврзано со определувањето на предметот. Меѓутоа, од
конкретното утврдување на предметот на криминологијата, ќе зависи што точно
криминологијата ќе проучува во обем и содржина, со кои се прашања ќе се
занимава, кои ќе бидат специфичните методи за проучувањето на дефинираниот
предмет и кои цели ќе си ги постави пред себе криминологијата како наука. На
крајот на краиштата, од дефинирањето на предметот ќе се утврдат односите со
другите сродни науки, ќе се омеѓат нивните разлики во проучувањето на
специфиќните аспекти на предметот што ќе придонесе да се откријат допирните
точки и нивните меѓусебни влијанија. Во претходното поглавје видовме колку се
разнолики ставовите и сфаќањата на разни автори околу поимот на
криминологијата и со самото тоа нејзиниот предмет. Разноликоста преставува
богатство на идеи. Во целото тоа богатство на најразлични ставови за обемот и
содржината на предметот на криминологијата едно е неспорно. Неспорен и
главен елемент кој што претставува појдовна и завршна точка во сите
дефиниции за криминологијата (без оглед дали се тие тесни или широки) е
проучувањето на криминалот. Во зависност од тоа како се сфаќа криминалот,
во неговиот потесен или поширок поим, во зависност дали во поимањето на
криминалот акцентот се става на кривично-правните, социолошките, или
социолошко-криминолошките дефиниции, сето тоа се рефлектира врз конкретниот
обем и содржина на дефинираниот предмет на криминологијата. Но,
недвосмислено треба да биде јасно: само криминологијата како наука го има
ексклузивитетот да го проучува криминалот, особено во неговата етиолошка
димензија, како и феноменолошките карактеристики (елементи) на
криминалот, кои што во најголем дел не се поклопуваат со ниедна друга од
сродните науки.
Во таа смисла, понатаму, во поглавјето за односите на криминологијата со
другите сродни науки ќе видиме од кои различни аспекти ( агли) на гледање на
една иста појава, во случајот криминалот, се занимаваат другите сродни науки,
што не е исто со аспектите на проучување што ги зафаќа криминологијата со
својот најдлабок криминолошки пристап преку општите научни и специфичните
криминолошки методи.
Според тоа, можеме да констатираме дека предметот на криминологијата е
одреден со изучувањето на криминалот, како масовна општествена појава и
како индивидуално криминално однесување. Во контекст на ваквото
определување на предметот на криминологијата таа се дели на
микрокриминологија (која што го проучува криминалот како индивидуално
криминално однесување и макрокриминологија (која што го проучува
криминалот како масовна општествена појава).

3.Поделба на криминологијата

Криминологијата според авторот на овој учебник се состои од три основни делови:


криминална феноменологија, криминална етиологија и политиката за
општествена контрола на криминалот. Иако, според некои автори се смета дека
секој од овие делови на криминологијата може да преставува посебна наука,
според авторот на овој учебник нивното посебно изучување е само заради
едукативнодидактични причини. Имено, овие три дела на криминологијата се
нераскинливо поврзани во една научна целина, која што го чини предметот на
криминологијата. Без секој од овие делови научното истражување и изучувањње
на криминалот би бил непотполн и оттука таквиот научен зафат би бил научно
несериозен истражувачки проект.
Покрај овие три основни делови, криминологијата може да се дели по разни
критериуми на разни други поделби. Така во литературата може да се сретнат
поделбите на општа и клиничка криминологија, универзитетска и применета
криминологија итн.
3.1. Криминална феноменологија

Многумина автори сметаат дека најважниот дел на криминологијата е


криминалната етиологија. Сепак, треба да се знае дека без истражување и
проучување на криминалната феноменологија, вооошто не може ни да дојде
до истражување и проучување на етиолошките карактеристики на
криминалот ( најдлабоките причини, фактори, услови и поводи). Имено,
криминалната феноменологија ги изучува надворешните појавни
(манифестациони) облици на криминалот, како масовна општесвена појава и како
поединечно криминално однесување, структурата на појавните облици на
криминалот и структурата на сторителите, обемот на криминалот, динамиката и
географската распространетост на криминалот. Оттука, некои автори, како
Пинател, криминалната феноменологија ја нарекуваат и криминална морфологија.
Според тоа, не може било кој научник прво да ги истражува и открива причините
на определена појава, ако не знае претходно дека воопшто постои таква појава.
Иманентна научна цел и функција на криминалната феноменологија е да ги
открива, научно објасни и да ги предвиди последиците односно да даде научна
прогноза за тоа што ќе се случи ако не се почитувааат откриените објективни
закономерни тендиенции од страна на науката.
Основните елементи на проучување на криминалната феноменологија се :
1) Појавни облици на криминалот. Под овој поим ги подразбираме видовите
и подвидовите на криминал, разните типови и подтипови на криминалот,
како масовна општесвена појава и како поединечно криминално
однесување.
Големо значење во проучувањето и справувањето со криминалот има употребата
на синтигмата “појавни облици“ на криминалот. Овој поим се користи во
неколку разни значења, па оттука е потребно да го разјасниме секое од тие
значења.
Под појавен облик во оперативно - криминалистичка смисла се смета начинот
на извршување на кривични дела –modus operandi. Имено, за да биде
поилустративно објаснето што претставуваат појавните облици на кривични дела,
во оваа смисла, ќе тргнеме од примерот кога различни лица извршувааат едно
исто кривично дело, во кривично-правна смисла, како кривично-правна норма
предвидена во определен член од КЗ ( на пример, тешка кражба), но, на различни
начини. Така, секое наредно извршување на тоа исто кривично дело, начинот на
кој е извршен нема да биде ист (на пример: сторителот употребува различни
средства, различни можат да бидат и начините на делување, во смисла на
употреба на поголема или помала сила, како и различен агол на делување со
предметот со кој ја обива влезната врата итн). Тоа е појавниот облик на
извршување на кривично дело во конкретна оперативно - криминалистичка
смисла (начин на извршување на кривични дела - модус операнди).
Во криминолошка смисла под поимот појавни облици се подразбираат
различните видови, подвидови, типови или подтипови на криминални однесувања,
како и определени облици на конкретни криминални однесувања на поединечни
сторители на кривични дела.
Меѓутоа, под поимот појавни облици на криминал, во криминолошка смисла,
можат да бидат изразени и некои нови појавни облици на општествено негативно
однесување (криминално, во социолошка смисла), кои што криминолошката наука
ги открила и научно објаснила, а кои што дотогаш не биле препознаени од
научната и стручна јавност и како такви позитивната национална кривично-правна
легислатива сеуште ги нема инкриминирано.
2) Структура на сторителите на криминал. Според разни критериуми, како
што се полот, перспективите за родова поделба, возраста, образованието,
економскиот и социјален статус итн. на сторителите на кривични дела се
согледува нивната структура. Согледувањето на структурата на
сторителите е особено значајна од аспект на степенот на казнивоста за
сторениот криминал во една држава. Имено, ако во структурата на
сторителите нема податоци за правосилно осудени високи функционери за
корупција, тоа е индикатор дека - неказнивоста и селективната примена на
законите се многу веројатно присутни во едно општество, што, од друга
страна, преставува понатамошен индикатор за преземање на мерки за
длабоки структурни реформи во круцијалните општествени системи и
нивните потсистеми.
Исто така, структурата ги покажува видовите и типовите на вкупно извршениот
криминал на определена територија и определен временски период, како и
структурата на определени појавни облици на извршените кривични дела во
рамките на одреден вид криминал (на пример: во рамките на насилничкиот
криминал, имотните деликти, сексуалните деликти, крвните деликти, деликтите
против јавниот ред и мир итн).
3) Обемот на криминал го утврдува вкупниот број на извршени кривични
дела на одреден простор и во одереден временски период, како и бројот на
определени видови кривични дела. Обемот го утврдува најчесто бројот на
кривични дела за опрееделен вид криминал или може само за определено
кривично дело.
Преку мерењето на обемот на криминалот треба да се утврди стапката на
криминалот. Заради значајноста на обемот на криминал, понатаму посебно ќе
се задржиме на утврдување на темната бројка на криминалот, како и
категориите како што се реален, привиден и легален криминал. Утврдувањето
на обемот на криминалот има посебно значајна улога за определувањето на
ефикасноста и ефективноста во работата на државните органи кои се
надлежни за кривичен прогон.
Ефикасноста го означува коефициентот помеѓу бројот на пријавени кривични
дела и бројот на откриени и кривично-правно процесуирани кривични дела, во
определен временски период, на определена територија ( цела држава,
определено подрачје во дршавата или општина, град итн) од страна на
правосудната полиција и јавното обвинителство. Ефикасноста е категорија која
го апострофира значењето на квантитетот на откриените и кривично правно
процесуирани дела.
Ефективноста е категорија која покрај квантитетот го оценува и квалитетот на
завршената работа. Во нашиот случај, квалитетот ќе се разгледува во однос на
прашањето - за колку од вкупниот број на откриени и кривично-правно
процесуирани кривични дела има судски епилог односно за колку од нив е
донесена правосилна осудителна пресуда, како и одлука за конфискација (кај
комерцијалните кривични дела). Кога се оценува квалитетот на работата на
органите на правосудната полиција и јавното обвинителство, освен квалитетот
на нивната работа, во предвид треба да се земат и повеќе вон-правни фактори
кои влијаат врз донесувањето на судските одлуки, како што се конвенционална
корупција и разни неконвенционални типови на корупција во судството
(клиентелизам, мешање на владеччката партија во работата на судството
преку разни суптилни влијанија и притисоци итн.)
4) Динамика на криминалот ја означува промената во обемот (стапката) на
вкупно извршениот криминал или извршувањето на определени кривични
дела за определени временски периоди, во рамките на една држава,
региони, општини и сл. Така на пример, од статистичките податоци може да
се утврди дека во определен временски период од 4 години, бројот на
определен вид кривични дела се намалил, се зголемил или се задржал на
релативно исто ниво во однос на друг временски период од 4 години. Оваа
феноменолошка карактеристика преставува значаен индикатор за тоа дали
има потреба од преземање на определени квалитативнорадикални
политики (реформи) за превенција на криминалот или преземање на
поинакви криминалистички, оперетивнотактички мерки и дејствија за
сузбивање на определени појавни облици на криминалот преку кривично-
правна репресија.
5) Географската распространетост на криминалот го покажува
извршувањето на определени видови кривични дела во определени
општини, региони во рамките на една држава, цела држава, или повеќе
држави во определен регион на еден континент. Тесно поврзана со
географската распространетост на криминалот е т.н. екологија на
криминалот во градските и во селските населби односно
распространетоста на криминалот на релација село-град.
3.2 Криминална етиологија
Криминалната етиологија ги истражува и проучува егзогените и ендогените
етиолошки карактеристики на криминалот и другите општествено негативни
однесувања. Криминалната етиологија во учебничката литература по
криминологија најчесто се дели на егзогена етиологија и ендогена етиологија.
Егзогената криминална етиологија има за цел да ги открива и објаснува:
Најдлабоките причини (корените) на криминалот, кои можат да бидат
спознаени од науката. Овие најдлабоки причини се наоѓаат во: антрополошко-
биолошката и психолошката детерминираност на метафизичкото јадро на
човековата природа, како генерички код на човекот, во смисла, на човекот
како генеричко суштество ( прва група на најдлабоки причини), како и во
социо-економската детерминиираност на човековата егзистенција. (втора
група на најдлабоки причини). Оваа втора група на причини произлегува од
реткоста и ограниченоста на природните ресурси, што впрочем престваува
и централна економски категорија. Наведените две групи на најдлабоки
причини се меѓусебно поврзани и взаемно обусловени влијаат една на друга.
Од нив произлегуваат сите други причини, кои што понатаму, како последици
стануваат причини за други последици, и се така во бескрајната низа на
причинско - последичната поврзаност и меѓусебна условеност. Најдлабоките
причини речиси и да не може да се менуваат, ниту еволутивно, ниту со свесна
политичка акција. Тие се дадени од природата, а за оние кои веруват во Бога,
од Бога. Оттука, науката и свесната политичка акција речиси и да не може да
влијае врз нивното менување. Зошто е тоа така, ќе видиме подолу во текстот
од ова поглавје.

Факторите од социо-економска, социо-политичка природа или макро-


социјалните фактори (правен, политички, економски, образовен систем на
сите нивоа на образование во една држава итн), факторите од социо-
културолошка и социопсихолошка природа (влијанието на доминантните
религиозни концепции во едно општество врз определени конфесионални
ентитети и/или етнички ентитети, културата како тотатлитет на сите односи во
рамките на една заедница, или заедниците во едно хетерогено општество,
културните конфлиикти и расчекорот помеѓу етаблираната култура,
контракултурата и субкултурите во едно општство, степенот на општа
цивилизациска свест, менталитетот, обичаите, традицијата, типот на
политичката култура, степенот на политичката воља кај политичарите и
посебно правната свест за почитување и спроведување на законите - култура
на законието). Факторите директно или индиректно влијаат врз појавата на
криминалот и тие многу тешко и бавно се менуваат. Впрочем, тие се објективни
лимити од чие што почитување или непочитување зависи ефективното
остварување ( ефективна реализација на очекуваните цели) на било кој проект
во конкретно општество.
Условите, како конкретни правни, економски, социјални и политички услови во
една земја претставуваат најниско ниво на причини за криминалот. Тие
најдиректно (највидливо) влијаат врз појавата на криминалот како општествена
појава и како индивидуално криминално однесување. Најчесто се нарекуваат
микро-социјални услови (или микро-социјални фактори) за појавата на
криминалот и другите социо-птаолошки девијации. Нив ги наоѓаме во
влијанието на семејството, како микросоцијална организација на која се темели
целокупната општествена структура (зграда), конкретното училиште во кое учи
определен ученик во определена урбана или рурална средина, конкретната
работна средина во која работи определена личност, потесното социјално
опкружување (соученици, врсници од соседството, колеги на работа, другари,
пријатели, роднини и слично). Условите најдиректно и релативно најбрзо
можат да се менуваат, како во однос на некои од ендогените психолошки
лични особини, така и во однос на микро - социјалните услови, но и во однос
на макро-социјалните фактори, кои врз база на научните решенија, поддржани
со свесна политичка акција – реформи во определени општествени области -
можат да придонесат за значително намалување на определени видови или
типови криминал.

Поводите преставуваат само непосредни тригери (окидачи) за времето и


местото на случување на определени видови криминал од страна на
поединечни извршители.
Ендогената криминална етиологија има за цел да го проучува влијанието на
психолошките процеси и психолошките крактеристики на личноста врз
индивидуалното криминално однесување, односно, ендогената етиологија
треба да даде одговор на прашањето: зошто токму определени личности
стануваат криминалци, додека други личности не стануваат криминалци во
исти или слични социјални и економски услови.
Криминалот, како една од најкомлексните и најшироко структуирани
општестевни појави во светот, не може да биде целосно искоренет,
меѓудругите причини и заради длабоката заснованост на агностицистичките
сфаќања според кои што луѓето, а тоа значи и научниците, имаат
интелектуална и физичка ограниченост во дометот на своите сетила, па затоа
не можат никогаш да ја осознаат бескрајната причинско-последична низа на
појавите, процесите и односите, кои влијаат на криминалот како масовна
општествена појава и индивидуално криминално однесување.
Сепак, ваквите агностицистички сфаќања, не треба да ја обесхрабруваат
науката односно научниците во нивното постојано трагање за нови откритија и
нови вистини, за што подлабоко и што позначајно зафаќање во најдлабоките
можни секвенци на таа бескрајна причинско последична поврзаност на
криминалот како појава. Оттука, што подлабокото и што е можно позначајното
зафаќање во таа бескрајна причинско последична поврзаност на криминалот,
како последица, ќе и овозможи на науката преку согледувањето на причините,
факторите и условите да влијае врз нив со цел за што е можно поголемо
намалување на обемот на криминалот до определена општествено
прифатлива толерантна рамка.
Колку е сложена етиологијата на криминалот и објективната неможност за
спознавање на сите причини за појавата на криминалот како општествена
појава, но и како одговор на прашањето зошто одредена личност станала
криминалец, може да се увериме ако подобро погледнеме околу нас во нашето
реално социјално опкружување. Во емпириската реалност ќе видиме примери
на луѓе кои живеаат во тешки социјални услови, луѓе кои се силно онеправдани
од општеството или природата, гледано низ призма на некоја објективна
правда, а сепак, таквите луѓе не станале криминалци, како што станале
криминалци некои други луѓе што живеат во слични услови. Наспроти нив, луѓе
кои живеат во состојба на економска и социјална благосостојба, стануваат
кримналци и тоа од најтврдокорна злосторничка природа. Секако дека има и
богати и моќни луѓе, кои не стануваат криминалци по автоматизмот на
факторите, кои можеби придонеле кај други луѓе да станат криминалци, иако
живеат во слични економски и социјални макро и микро услови.
При тоа многу е важно да не испуштиме од предвид ( тоа што го кажавме на
почетокот на ова поглавје) дека науката не може да ги менува најдлабоките
причини (корените) на криминалот, кои што се наоѓаат во антрополошко -
биолошката и психолошката детерминираност на метафизичкото јадро на
човековата природа, како генерички код на човекот, во смисла, на генеричко
суштество. Исто така, науката не може да влијае на егзистенцијално-
економските причини, кои произлегуваат од реткоста и ограниченоста на
природните ресурси. Кога би можела науката да влијае на овие две состојби,
криминалот би можел да биде целосно искоренет и тогаш не би имало потреба
од полиција, јавно обвинителство, судови, затвори, војска итн.
Целокупната досегашна позната човекова историја потврдува дека човекот за
овие 7000 години пишана историја речиси ја нема променето својата човекова
природа. Низ многуте векови на различни општествено-економски и политички
уредувања, се позасилениот и забрзан рапиден развој на техниката и
технологијата (се зборува дури и за VI индустриска револуција), се менуват
само методите, начините, средствата и техниките на комуникација меѓу луѓето,
но, речиси воопшто се нема променето суштината на човековата природа од
која извираат непроменетите меѓучовечки односи, карактеризирани уште
повеќе сега отколку било кога порано со доминација и експлоатација на
богатите и моќни слоеви над сиромашните и немоќни слоеви на населението.
Факт е дека доминацијата и елсплоатацијата сега, за разлика од минатите
времиња, се одвива на многу посуптилни и перфидни начини преку
невидливите авторитети на современиот политички и економски маркетинг
(читај: пропаганда). Парољубието, властољубието, егото, суетата, желбата за
престиж, слава и моќ, не само што не се намалени кај најголем дел од луѓето
во современиот свет, туку денес претставуваат главни мотиви за остварување
на наметнатата парадигма за “успешноста“ и “среќата“ на човекот, без која што
секој еден што ќе отстапи од таквата парадигма ќе биде оценет како
неуспешен губитник, неспособен, неамбициозен и недостоен за ничија почит.
Тоа се случува денес на речиси сите меридијани на светот, кој е зафатен и во
кој отворено преовладувват вредностите на консумеристичкиот хедонизам и
прагматичниот утилитаризам, наспроти вредностите кои полека , но сигурно се
губат: вистинољубието, правдољубивоста, чесноста, алтруизмот,
солидарноста, филантропијата меѓу луѓето.
Но, дали науката може да делува и на што таа може да влијае? Науката може
преку адекватни научи предлози за структурни реформи во круцијалните
системи и нивните потситеми, да влијае најдиректно односно да ги менува
правните, економските, социјалните и политички услови во една држава, а
преку нивното менување да влијае индиректно врз специфичните
детерминирачки фактори во едно општество. Познато е дека свеста
најтешко и најбавно се менува. Меѓутоа, преку менувањето на правните,
економските, социјалните и политичките услови во нормативно-
институционалната структура на државата, повратно може да се влијае кон
позабрзано менување и на наведените фактори во едно конкретно општество.
За да се постигне тоа потребно е да се разберат доминантните фактори кои
влијаат врз порастот на определени видови или типови криминал. На таа
основа може да се дизајнират оптимални предлог-решенија за подлабоки
структурни реформи во круцијалните системи и нивните потсистеми во
општеството, што ќе доведе до минимална стапка (обем) на криминалот во
определени негови видови или типови.
На овој начин гледаме како криминалната етиологија, која е нерскинливо
поврзана со сознанија од криминалната феноменологија, на крајот
резултира со нормативно-прескриптивната функција и цел на науката, а тоа е
проектирањето на долгорочни и системско стабилни решенија. Проекцијата на
решенија, всушност, го претставува третиот и од општествено-практичен
аспект, најважниот столб или дел на криминологијата - политиката за
општествена контрола на криминалот.
3.3 Теорија на повеќеслоен адекватен каузалитет

Теоријата на повеќеслоен адекватен каузалитет е нова, оргинална теорија на


авторот Миодраг Лабовиќ. Во оваа пригода се прикажани само определени
фрагменти од некои аспекти на оваа теорија, која ќе биде прикажана интегрално
кога ќе биде објавен учебникот по Криминологија на професор Лабовиќ.
Во рамките на оваа теорија, за разлика од сите досега познати теории се смета
дека каузалитетот е повеќеслоен, затоа што причините за неговата појава се
наоѓаат на повеќе длабински нивоа. Имено, во бескрајната низа на причинско-
последични поврзаности, некои последици од подлабоките причини може да
бидат директни причини за други последици, на друго помалку длабоко ниво на
каузалитетот.
Според оваа теорија каузалитетот е адекватен затоа што кај разните видови
криминал, причинско-последичните поврзаности не се од иста природа.
На пример: за крвните, сексуалните и другите класично злосторнички
подвидови на насилничкиот криминал, доминантните причини, најчесто се
наоѓаат во антрополошко-биолошката и психолошката сфера, психогенетските
предиспозиции на личноста (психо-патолошките и психичките ендогени фактори и
услови), како и социо-психолошките и микро-социјалните услови, кои
комплементарно влијаат врз факторите и условите од психо-генетска природа.
Додека кај комерцијалниот криминал, кој е класифициран според целта на
извршувањето на криминалот, а тоа е стекнувањето на противправна имотна
корист, особено кога тоа се врши без елементи на насилство, што е заедничка цел
на сите видови криминал кои спаѓаат во поимот комерцијален криминал (како што
се: економско-финансискиот криминал, корупцијата, облиците на
организиран криминал, кои се извршуваат без насилство, перењето пари,
имотните деликти, компјутерскиот криминал и слично), доминантните фактори
и услови најчесто се наоѓаат во економските, социјалните, правните и политичките
контексти на макросоцијално и микро-социјално ниво.3
3
За посебната етиологија на корупцијата и организираниот криминал, како делови од т.н.
комерцијален криминал, поопширно видете кај Миодраг Лабовиќ, Системската корупција и
организираниот криминал, Факултет за безбедност – Скопје, 2016, стр. 21-37

Кај тероризмот етиологијата е различна од погоре посочените два вида


криминал, но и од сите други видови криминал. Имено, кај тероризмот кој се
разликува од сите други видови криминал по целта заради која се извршува
(национални, верски или политичко-идеолошки цели), присутни се егзогени
фактори и микро-социјални услови од социо-психолошка, социо-економска, социо-
политичка и религиозно фундаменталистичка природа, но присутни се и
ендогените индивидуални психогенетски предиспозиции, како и определени
психички крактеристики на личноста.
Каузалитетот е присутен затоа што за настанувањето на секој вид криминал,
гледан како масовна општествена појава или поединечно криминално
однесување, се работи за повеќе или помалку длабок каузален однос на значајни
причинско-последични поврзаности.
Според постулатите на оваа теорија можно е и неопходно е да се определи кои
се доминантните фактори во низата на разни фактори, кои пресудно
влијаат за појавата на определен вид или тип на криминал, заради
фокусирањето на науката за пронаоѓање решенија за намаалување на
определени видови или типови криминал. Исто така, потребно е да се даде
одговор на прашањето: зошто определени луѓе стануват криминалци, а други
никогаш нема да станат тврдокорни злосторници во исти или слични социо-
економски услови.
Да го илустрираме тоа преку еден пример:
Во погоре наведената смисла, мошне еклатантен е примерот од еден филм -
кога една млада девојка, која живееше без татко и со мајка проститутка, беше
принудена да спие со љубовникот на нејзината мајка. Девојката беше
промискуитетна личност, понекогаш доброволно, понекогаш на сила со момчиња
кои не ги сакаше. Сексот и беше “вентил“ односно одбранбен механизам да
избега од грубата реалност во која живееше. Во меѓувреме, таа преку интернет
запозна момче, затвореник. Кога тој излезе од затвор, тие се најдоа и вистински
се заљубија еден во друг. Не сакаа повеќе да прават “бељи“, ниту таа сакаше да
спие со било кој друг. Така, во една прилика таа го уби љубовникот на мајка и, кој
и понатаму сакаше насилно да спие со неа. Насилните момчиња со кои девојката
имаше дотогаш секс, еднаш ги пресретнаа кога таа беше со нејзиното момче и
насилно сакаа пак да се изживуваат врз неа. Нејзиното момче ги молеше да си
одат и да ги остават на мира, но безуспешно. Немајќи друг излез како да си ја
одбрани девојката, тој ги уби. Телата ги сокрија и не беа откриени како убијци. За
целото време откако момчето излезе од затвор, локалниот шериф воден од
предрасуди постојано го прогонуваше момчето. Шерифот го уценуваше момчето
да се раздели од девојката, која живот му значеше. Нелегитимните
(ненормалните) барања на “нормалниот“ шериф резултираа со тоа што момчето
избега кога шерифот сакаше целосно неосновано повторно да го врати момчето
во затвор. При бегството момчето и девојката за да се спасат од организираната
потера на полицијата, момчето одлучи да пука при што уби неколку полицајци. Во
филмското сценарио момчето и девојката беа пркажани како добри луѓе, кои од
дно на нивната душа не сакаа да убиваат. Сакаа само да бидат оставени на мира,
мирно да си го живеат животот. Но, тоа преставниците на америчката локална
полиција не им го дозволија. Средината и лошите претставници на законот го
натераа момчето да биде повторно убиец, бидејќи неговиот низок праг на
толеранција и лесно посегање по оружје му го наметнал животот и околностите во
кои цел живот живееле. Во полициска акција, момчето беше убиено, жртвувајќи се
за девојката и преставувајќи ја неа како жртва (наводно насилно земена како
заложник) со цел таа да остане слободна и да го живее понатаму животот.
Од прикажаното сиже на филмот, што мислите каков е односот меѓу психо-
генетските предиспозиции и социјалните фактори за насилничкиот криминал, во
случајов - крвните деликти? Дали општествените околности на крајот беа
пресудни за сторените крвни деликти или сепак преовладаа психогенетските
предиспозиции за злосторничко однесување? Дали за овој комплексен каузален
однос се потребни подлабоки истражувања или се работи за обична корелација
помеѓу две варијабли? Покрај неспорната заемна поврзност на овие два фактори,
што мислите - кој од овие фактори е пресуден односно подоминантен за
настанувањето на штетните последици од сторениот криминал?
При размислуваето за одговори на поставените прашања, обидете се да дадете
одговор на битната премиса – варијабла – дали сторените кривични дела -
повеќекратни убиства на полицајци - биле сторени како последица на
психогенетските (криминогените) предиспозиции на момчето, или, тоа било само
реакција во услови на самоодбрана во живото-загрозувачка ситуација (имајте
предвид дека во формално-правна смисла нема основ за нужна одбарана во
случајот со повеќекратните убиства на полицајците, додека нужна одбрана може
да има во убиството на силувачот од страна на девојката и убиството на
силувачите од страна на момчето). Во тој контекст, при размислувањето за
давање одговор земете ја во предвид и премисата – дали некое друго момче што
би се нашло во ваква или слична ситуација би било спремно на вакви тешки
“чекори“, или, и покрај целата неправда што ја доживеал, сепак , ќе се предал на
полицијата и пред суд ќе ја докажувал (не)правдата, осбено во правосуден систем
на една земја, во случајов, САД, за кој се смета дека гарантира праведно и фер
судење?
4.Разграничување на поимите кривично
дело,криминал,деликвенција и девијантни однесувања

Поимот криминал претежно се врзува со појавата на државата и правото кога,


всушност започнуваат првите инкриминации на определени човекови поведенија,
кои што во тој конкретно историски период биле спротивни на доминантните
општетствени вредности односно морални норми на определена општествено-
историска и економска формација ( од робо-владетелското општество во античко
време па натаму). Во учебничката литература по криминологија постои теза дека
заради невоедначените ставови на авторите во литературата за криминалот и
разликите во инкриминациите на определени човекови поведенија во различни
држави во светот, оваа појава е неподобна за научно проучување.
Ваквата теза ја сметаме за неоснована и како таква ненаучна, затоа што ако ваков
сложен феномен како што е криминалот не е подобен за научно проучување, се
поставува прашањето што е тогаш поподобно односно што би преставувало
поголем предизвик за науката од еден ваков комплексен конгломерат на процеси,
односи и појави чии што повеќеслојни причини во понапредните манифестациони
фази, преставуваат во сложената причинско-последична поврзаност истовремено
последици и причини, за други штетни последици во општеството, како краен
резултат од најдлабоките причини (корени) на криминалот. Во врска со
мултидимензионалниот феномен на криминалот, како предмет на научните
истражувања, досега се откриени објективни закономерни тенденции поврзани со
определени корелативни и комплементарни области во општетсвото, иако, се
разбира дека криминалот како една од најкомлексните и најшироко структуирани
општествени појави сеуште претставува голем предизвик за откривање на досега
неоткриените законитости, корелации помеѓу варијабилните категории итн.
Прашање е кај колку од предметите на другите сродни наставни дисциплино, што
претендираат да бидат научни дсциплини, може да се најде такво погодно тло за
истражување и откривање на соодветни научни законитости.
4.1 Кривично-правно и криминолошко дефинирање на
поимите кривично дело,криминал и деликвенција
Современата дезидеологизирана и вредносно неутрална дефиниција за поимот
на кривичното дело, всушност ја детерминира и дефиницијата за криминалот, од
едноставна причина што не може да се зборува за кривично дело, доколку
одредено општествено поведение или однесување со закон не е предвидено како
кривично дело. Тоа значи дека без оглед на доминантните морални норми и
вредности во една општествена заедница, за тоа што се смета или пак не се
смета како општествено опасно и недопуштено поведение, поведенијата на
поединците ќе бидат подведени или нема да бидат подведени под поимот
криминал, само ако таквите нивни дејствија се предвидени и казниви во кривично-
правниот систем на една земја. Од тие причини органите за спроведување на
законите од областа на кривичното законодавство, треба да ги разликуваат и
распознаваат освен конкретните кривични дела и разните видови на криминал, не
само заради разните надлежности и улоги во мноштвото организациони единици и
служби во рамките на шареноликата организационо-функционална поставеност
на надлежните органи за спроведување на кривичниот закон, туку и од аспект на
квалитетниот методолошки пристап при спречувањето, откривањето,
докажувањето, квалификувањето, па дури и казнувањето на конкретните (и од
криминолошки аспект по многу што, специфичните) кривични дела во рамките на
одреден вид криминалитет. Сето ова добива на значење, дотолку повеќе што
многу од криминалните поведенија, кај нас не се перцепирани и класификувани во
соодветни криминални области.
Врз основа на претходно кажаното, треба најпрво да направиме обид теоретски
да ги разграничиме поимите на криминал и кривично дело, иако се тие во
реалноста практично нераскинливо поврзани бидејќи произлегуваат едното од
другото.
Типичен пример за формално-правна или чиста кривично-правна дефиниција за
кривичното дело даваат кривичните закони. Нашиот Кривичен законик под
кривично дело подразбира “противправно дело што со закон е определено
како кривично дело и чии обележја се определени со закон.“ Професорот
Ѓорѓи Марјановиќ, прави обид да најде спој меѓу формално-законската и
материјално -правната односно социолошката дефиниција за кривично дело.
Така, според него кривично дело е поведение на човекот, што законодавецот,
оценувајќи го како опасно за општеството, го предвидува како кривично
дело, пропишувајќи казна или друга кривична санкација за неговиот виновен
сторител.
Според определени автори правните дефиниции за криминалот настанале во
времето кога криминологијата како наука не била одвоена од кривичното право.
Се сметало дека не е можно да се дефинира криминалот од криминолошки
односно социолошки аспект, без да се даде кривично-правна дефиниција. Голем
број на автори го дефинираат криминалот во потесно правно значење. Според
овие автори, криминалот, во потесното правно значење, го претставуваат
оние човекови однесувања кои што се предвидени како кривични дела во
позитивното кривично законодавство.
Други автори го дефинираат криминалот во поширокото правно значење. Во
поширокото правно значење криминалот ги опфаќа сите противправни
човекови поведенија за коишто во позитивниот правен систем на една земја
може да се изрече правна санкција. Тоа значи дека покрај човековите
поведенија кои се предвидени како кривични дела, тука се опфатени и оние
човекови поведенија, кои што се предвидени како прекршоци, стопански
престапи, дисциплински престапи и неуредности и сл. Ова се, всушност,
правните деликтите според нивната правна поделба во определен правен
систем. Од правната поделба на деликтитите, посочена погоре, треба да се
прави разлика со криминолошката поделба на деликтите ( во смисла: крвни,
сексуални, имотни деликти итн.).
Поширокиот поим на криминалот, всушност го преставува поимот
делинквенција. Ова го велиме затоа што под појмовната содржина на изразот
делинквенција се инкорпорирани сите човекови противправни поведенија за кои
што во позитивниот правен систем на една земја може да се изрече правна
санкција.
Воопшто, правното дефинирање на криминалот, а уште повеќе потесното правно
дефинирање е критикувано од одреден број автори, како претесно, како
формално-догматско, коешто не може да ја изрази шареноликоста на мноштвото
општествено негативни појави. Разликите во просторот и времето, а особено
идеолошко-политичките, па дури и корумпираните лични и партијски интереси на
владеачките гарнитури во конкретно-историски дадените констелации на односи и
сили во определени општества, биле причина за големите варијации од земја до
земја во однос на прашањето: кои човекови поведенија ќе бидат предвидени како
кривични дела и со самото тоа ќе се сметат за криминал, кои поведенија ќе бидат
третирани во пониските категории деликти (прекршоци, престапи) кои што
заштитуваат помалку важни правни добра (општествени вредности), или пак тие
поведенија ќе бидат третирани како општествени девијатни однесувања
(поведенија).
Меѓутоа, слабостите на потесното правно дефинирање на криминалитетот не
смеат да се надминуваат односно надополнуваат со прифаќањето на пошироката
правна дефиниција за криминалот. Според авторот на учебникот, таквото
гледиште не ја намалува потребата од социолошкото дефинирање на криминалот
и улогата на криминологијата како незаменлив пристап во дефинирањето на
криминалот. Напротив, поистоветуваwето на поширокото правно дефинирање на
криминалот со социолошко-правниот пристап е недопуштено од најмалку две
основни причини:
1) Прво, поширокото правно дефинирање на криминалот ги опфаќа само
човековите противправни поведенија за кои што во позитивниот правен
систем на една земја може да се изрече правна санкција.Тоа значи дека
освен правно санкционираните поведенија, ништо друго не е криминал,
иако токму интересите на владеачките елити, не ретко, не се секогаш
компатибилни со потребите на пошироката општествена заедница и
нејзините сфаќања за тоа кои општествени вредности (добра) треба да
бидат заштитени со правниот поредок. Од ова можна појава, исклучоци
преставуваат класичните кривични дела, кои што заштитуваат општо
прифатени цивилизациски придобивки во сите досега познати општетсвено-
историски и економски формации, без оглед на обликот на организација И
владеење во различните политички режими и системи познати досега во
светот. Такви класични кривични дела се убиството, кражбите,
силувањата и сл. Едноставно, не постои држава ниту во минатото, нити
денес, која не ги предвидува како кривични дела овие човекови поведенија.
2) Второ, со ваквото поистоветување на криминалот со деликвенцијата и
уште повеќе со девијантните однесувања се прави разводнување на
криминалот со тоа што се изедначуваат по третман и значење најтешките
злосторства (кривични дела ) од пониските категории деликти како што се
прекршоците и престапите кои што штитат помалку важни општетствени
добра во аксиолошката хиерархија на вредносни приоритети во едно
општество или дололку се штитат исти општествени вредности, тогаш
обемот и интезитетот на извршување на кривичните дела и штетните
последици од нив не се нималку слични, а камоли исти со оние што се
предизвикани од прекршоците и престапите.
Оттука, ставањето во ист “кош“ на сите правни деликти во поимот на
криминалот, може само да ја отапи и онака отапената острица спрема
определени појавни облици на криминал во определени општетсва, отколку
што тоа би придонело за избегнувањето на опасноста да не се западне во
водите на правно-формалната догматика и правната казуистика. Пристапот
што овозможува да се надмине теснотијата воопшто на кривично-правното
дефинирање на криминалот, всушност, е социолошкото дефинирање на
криминалот, кое што има сосема други причини, улога и цел за неговото
научно и општетсвено оправдување. Но, пред да преминеме на
социолошкото дефинирање, да го разгледаме поимот на криминалот во
криминолошка смисла на зборот односно неговото општествено-
практично значење, со цел попрецизно да го дистинкцираме од поимот
кривично дело.
КРИМИНАЛОТ КАКО МАСОВНА ОПШТЕСТВЕНА ПОЈАВА претставува
вкупност на извршените кривични дела на определен простор ( на една земја,
регион, општина итн.) за определен временски период.
КРИМИНАЛОТ КАКО ИНДИВИДУАЛНА ПОЈАВА ИЛИ ПОЕДИНЕЧНО
КРИМИНАЛНО ОДНЕСУВАЊЕ претставува поведение на определена личност
за вкупниот број на извршените кривични дела предвидени со позитивното
кривично законодавство на една земја или меѓународно-правните норми за
човековите слободи и права, санкционирани како меѓународни кривични дела.
Според претходно изложеното, криминалот за разлика од кривичното дело
повеќе го апострофира практично-дејствениот момент на извршување на
кривичното дело во определена просторно - временска димензија. Оттука,
криминалот, всушност, претставува конкретна материјализација на
апстракното, законски предвидено кривично дело доколку сторителот ја
прекрши во практиката таквата кривично-правна норма. Се додека не се
изврши кривичното дело претставува само нормативна конструкција за
определено човеково поведение кое е забрането и за кое е пропишана казна
или друга кривично-правна санкција за виновниот сторител.
Односот меѓу криминалот како масовна општетсвена појава и криминалот како
индивидуално однесување е однос на взаемна корелација. Тоа е дијалектички
однос на општото спрема посебното. Секое механичко третирање на овој
однос не дава резултати. Затоа, криминалот како масовна општетсвена појава
не смее да се разгледува како прост механички збир на поединечните
криминални однесувања, без оглед што тој може да биде опфатен во
целокупниот негов кванититативен обем. Напротив, криминалот мора да се
анлизира и елаборира во неговите најдлабоки детерминистички сплетови,
квалитативни поврзаности, карактеристики и меѓусебни влијанија внатре во
самото противречно битие на криминалот, но и егзогената и ендогената
условеност со другите општетсвени и био-психолошки фактори. Исто така
ненаучен пристап е доколку на научно нефундирани методолошки основи, од
определени поединечни криминални однесувања се црпат општи сознанија и
се извлекуваат заклучоци за криминалот како масовна општетсвена појава.
Во литературата, особено криминалистичката, а уште повеќе во практичната
полициска работа се меша и нејасно се употребува терминот кривично дело
односно кривични дела. Со цел да се избегнат можните забуни, потребно е да
направиме разлика меѓу кривично дело во нормативна смисла и кривично
дело во конкретна фактичко-оперативна смисла. Разликата е мошне
слична со веќе направената дистинкција меѓу кривично дело и криминал, но се
чини сеуште недоволна за да се расчистат сите нејаснотии околу употребата
на овие исти термини, но со сосема различна појмовна содржина. Имено, кога
се зборува за кривично дело во нормативна смисла, се мисли на кривичното
дело со сите негови битни обележја предвидени во законската одредба од
односниот член од Кривичниот законик. Додека пак, кога се зборува за
кривично дело во конкретна фактичко-оперативна смисла, се мисли на
фактички извршеното кривично дело или повеќекратно извршени истородни
кривични дела.
Пример: реален хомоген стек на кривични дела, кога едно исто лице врши
исто кривично дело во нормативна смисла, на пример, кривично дело-тешка
кражба, но ова исто дело, во фактичко-оперативна смисла го прави повеќе
пати во различно време и врз разни објекти. Така, овде ќе станува збор за едно
кривично дело во нормативна смисла, од истоимениот член од КЗМ, но, исто
така ќе станува збор за повеќе извршени истородни дела (од истоимениот член
од КЗМ) во фактичко-оперативна смисла. Слична е ситуацијата со примерот
кога имаме серија на убиства или силувања извршени од едно исто лице врз
различни жртви во релативно пократок или подолг временски период. Во
наведената смисла, гледано од кривично правен аспект, за извршените
кривични дела ќе се користи изразот реален хомоген стек, додека , гледано од
криминолошки аспект, кај наведените примери ќе станува збор за сериски
убиства, сериски кражби, сериски силувања и сл.

4.2 Социолошкото дефинирање на криминалот


Социолошките дефиниции на криминалот, најблаго речено, преставуваат
корекции на кривично-правните дефиниции на криминалот. Причините поради
кои што постојат социолошките дефиниции на криминалот и го наоѓаат
своето научно и општетсвено оправдување се следните:
1) Криминалот како масовна општествена појава во светски рамки, не
може да се проучува само врз основа на законските рамки, ниту врз
основа на меѓународните документи кадешто се препорачува кои
човекови однесувања треба да бидат инкриминирани во националните
кривични законодавства на земјите потписнички на односните
меѓународни документи. Тоа е така затоа што освен за општо-
прифатените цивилизациски вредности, кои што се неспорно
меѓународно-правно санкционирани (животот, телото, здравјето,
слободата, мирот, имотот и достоинството на човекот), за сите други
вредности, особено за разните појавни облици на одредени човекови
однесувања што не се исти, не само по содржина, туку и по обем и
интезитет, не постои општ консензус внатре во самите држави, а да не
зборуваме за таков консензус во меѓународни рамки. Причината за
ваквите состојби лежат во разликите во сфаќањата за тоа што треба да
биде инкриминирано, односно, кои човекови поведенија се до таа мера
општетсвено опасни што би морале да бидат предвидени како
кривични дела и за нив да следува казна или друга соодветна кривична
санкција. Разликите пак, во сфаќањата лежат во различните
вредносно-традицонални сфаќања на разните политички, бизнис и
интелектуални елити во рамките на едно општество за тоа што треба
да претставува криминал. Оттука, невоедначеноста на кривично-
правните решенија помеѓу државите во светот за тоа кои човекови
однесувања ќе бидат предвидени како кривични дела, како и разликата
во ставовите помеѓу клучните политички фактори во една земја, кои
однесувања ќе бидат инкриминирани, а кои декриминализирани, ја
создава потребата од една подлабока социолошко-криминолошка
анализа и врз таа основа дефиниција за криминалот.
Така на пример, до пред дваесетина години хомосексуализмот во нашата
поранешна заедничка држава СФРЈ, беше предвидено како кривично
дело, за да потоа истото биде декриминализирано. Меѓутоа,
хомосексуализмот како појава во некои земји во светот сеуште прествува
кривично дело. Слично е и со уште многу други појави. Тука ќе ги
споменеме само оние најеклатантните во светот, како што се: убиството
од благородни побуди (евтаназијата); политичкиот криминал; разните
појавни облици на економско-финансискиот криминал; во зависност од
еколошката свест во определени општества на значење добиваат
еколошките кривични дела , во други општетсва тие се во зародиш, а во
трети само прекршочно се третирани итн.
2) Не ретко ваквите разлики во ставовите помеѓу клучните политички,
бизнис и интелектуални елити во рамките на едно општество, што го
имаат решавачкото влијание за тоа кои однесувања ќе бидат
прогласени за кривични дела, а коишто, всушност, се темелат на
коњуктурните, многу приземни, или како што денес под влијание на
америчката политиколошка мисла тоа се нарекува прагматични
интереси (во една позитивна конотација) за владеачките елити. Зад
овие прагматични интереси, всушност, се кријат личните и партијски
интереси на властодржците во тесна спрега со бизнис олигархијата и
квази-научните елити, кои се главните промотори задолжени за
прикажување на таквите приземни интерси како општо-општествени.
Тоа се случува насекаде во светот, но најмногу во сиромашните,
неразвиени и транзициски земји (некои од нив и после 20 години од
почетокот на транзицијата не успееа да се транзитираат??!). Од тие
причини во светската општествената реалност, а особено во
споменатите земји одамна практично функционира теоретски
новокованата синтагма: ЛЕГАЛЕН КРИМИНАЛ . Во ова синтагма,
всушност, се споени, теоретски два неспоиви антиподе, според
класичната кривично-правна теорија. Тоа се криминалитетот и
легалитетот.
Така на пример, не е никаква измислица дека се до привршувањето на
периодот на т.н. криминална приватизација во Република Македонија, од
КЗМ случајно или неслучајно беа изоставени одговорните лица во
правните лица во кривичното дело “Злоупотерба на службена положба и
овластување“. Сите други категории лица беа инкорпорирани во ова
кривично дело освен посочената категорија лица, кои беа, всушност,
директорите на општетсвените претпријатија. Тие во тесна спрега со
тогашните политички елити беа главните актери во процесот на т.н.
криминална приватизација, каде што се случи невиден грабеж на
општествениот и државниот капитал во нашата земја преку најразлични
модуси и појавни облици на корумпирани зделки, фиктивни финансиски
трансакции и сл. На тој начин се одлеа огромен капитал во приватни
xебови. Откога речиси 90% заврши процесот на т.н. криминална
приватизација, во кривичното дело Злоупотреба на службена положба и
овластување чл. 353 ст. 4 од КЗМ беа внесени и овие лица. Со оглед на
експлицираното, легалниот криминалитет во социо-криминолошка смисла
преставува такво однесување кое што иако не формално правно
забрането со законот (изведено е леге артис), сепак преставува криминал
гледано од подлабока социолошко-криминолошка смисла, бидејќи
неговото извршување е овозможено со “намерно“ создвавање правни
празнини (т.н. системски дупки) во правната легислатива.
Според тоа, во контекст на поимот – легален криминал, определени
однесувања кои се во интерес на владеачките политички елити и со нив
тесно поврзаните бизнис елити не се инкриминираат, или, доколку порано
биле инкриминирани тие се декриминализираат.
Друго е прашањето кога определени дејствија, активности се
инкриминирани , меѓутоа, надлежните државни органи не го спроведуваат
законот ( т. н. “замижување“ на државата и заташкување на случаевите во
кои се инволвирани највисоки преставници на властите и бизнис олигарси,
кои, всушност, се нивните спонзори). Тука веќе имаме ситуација на
невладеење на правото односно нефункционирање на правната држава.
Постојат многубројни социолошки дефиниции за криминалот од разни
автори. Генерално сублимирани сите овие социолошки дефиниции за
криминалот можеме да ги поделиме во три основни групи на дефиниции
односно сфаќања за криминалот:
Првата група автори смета дека криминалот преставува кршење на
превалентните морални норми во едно општество. Тоа би значело дека без
разлика дали определени однесувања, дејствијата на луѓето се
инкриминирани, таквите дејствија ќе се сметаат за криминални однесувања
доколку се спротивни на превалентните, доминантни норми на однесување во
определена социо-културна средина.
Втората група автори криминалот го сфаќа како однесувања коишто се
спротивни на основните човекови слободи и права. За критиките околу
нејаснотијата на ставовите на авторите од оваа група во однос на прашањето
за кои човекови права и слободи се работи односно како тие би биле
препознаени, затоа што можат да бидат премногу релативно, растегливо и
субјективно сфатени, би можеле да појасниме дека тука се работи за
основните слободи и права на човекот и граѓанинот утврдени со
меѓународните декларации и конвенции, чиишто потписнички се земјите
членки. Сторители на овие криминални однесувања можат да бидат како
поединци, така и државата персонифицирана преку владините функционери,
во случаите ако пропушта правно да ги регулира или не презема никакви мерки
да се почитуваат и санкционираат ( доколку се правно регулирани), забраните
за загадување на животната околина, оневозможувањето на слободата на
мислата, слободата на говорот. Или, Владата преку нејзините институции и
инструменти врши репресалии против оние поединци кои мислечки се
настроени и јавно го изразуваат своето мислење спротивно на одредени
владини политики, закони, одлуки, проекти, или пак, критиките за немање
концепт за остварувањето на декларираните општо општествени цели.
Третата група автори се застапници на мислењето дека криминално
однесување ќе биде она однесување кое е спротивно на интересите на
владеачката елита. Според ова мислење, владеачките елити имаат доволно
моќ и легални инструменти во свои раце да ги инкриминираат сите однесувања
спротивни на нејзините интереси и обратно да не ги инкриминираат доколку не
биле инкриминирани односно да ги декриминализира, ако веќе биле
инкриминирани сите активности што тие ги преземаат, а одат во прилог на
нивните тесно пратијски и лични интереси.
Меѓутоа, ова се црно-бели ситуации. Во реалноста работите се случуваат
многу посуптилно, така што особено во транзициските земји како Република
Македонија му се “фрла прашина во очите на народот“, а народот верува дека
неговата демократски избрана влада работи во негов интерес затоа што
ревносно ги исполнува сите меѓународни стандарди. Владата дури и спротивно
на нејзината волја под притисокот на т. н. меѓународна заедница, понекогаш е
приморана да усвои некои меѓународни стандарди и да исполни одредени
обврски преземени од меѓународните документи. Но, иако под ваков притисок
се инкриминираат некои специфични поведенија (delicta propria, како на
пример, воведувањето на ново кривично дело во чл. 359-а во КЗМ-
Прикривање на потеклото на несразмерен имот, или се воведуваат некои
кривично-правни институти, како на пример, вредносната конфскација или
проширената конфискација, тогаш, владините експерти на многу суптилен и
перфиден начин ќе се “изборат“ да стават такви “клинови ( чивии) “ во
односните одредби што тие ќе бидат само обична фарса или “мртво слово“ на
хартијата, бидејќи реално ќе бидат подложни на изигрување на законот од
страна на заинтересираните страни.
Поради сите овие и многу други причини, коишто од разбирливи причини
заради неоптеретување на просторот во овој учебник не можат да бидат на
широко експлицирани, социолошките дефиниции за криминалот имаат посебна
улога и цел. Посебната улога и цел на социолошките дефиниции за
криминалот се огледа во тоа што, криминологијата како наука не смее да
остане “слепа“ за тоа што се случува во општеството. Науката има една
многу тешка, но истовремено благородна цел, да продира во
најсложените детреминистички сплетови на процесите, појавите и
односите. Науката ако е вистинска наука мора да гледа многу подлабоко
И пошироко отколку што тоа го дозволуваат формално-правните одредби
на кривично-правните решенија во националните кривични
законодавства, па дури и во меѓународната кривично-правна регулатива,
којашто, всушност, претсвува само резултанта на политичките ставови на
владеачките елити, усогласени под координативната палка на
сеприсутната “шатл“ дипломатија на т.н. меѓународна заедница. Според
тоа, екстра-институционалниот пристап6 е иманентен научен пристап, особено
за криминологијата како фундаментална наука за криминалот.
Меѓутоа, рековме дека социолошките дефиниции се незаменливи, но, само ако
тие се користат во идејно-научната сфера и нигде на друго место. Една од
идеите водилки на правото како цивилизациска придобивка, а не само како
инструмент во функција на остварувањето на голите интереси на владеачките
елити, е правната сигурност на граѓаните. Без оглед колку правото понекогаш
може да биде облечено во “рувото“ на неправдата, зошто правдата не секогаш
е еднозначна со правото, во една земја што се стреми да биде функционална
држава на владеење на правото мора да се почитуваат легалните постапки за
измени, дополнувања и донесување на нови закони. Се дури не се донесат
новите измени во легална постапка мора да се почитуваат старите закони,
освен во случаите кога неправдата што се заканува е во толку голем
несразмер со позитивните законски норми, што мора по сила на природните,
објективни закони, човекот, луѓето да се повикаат на исконскиот нагон за
самоодбрана и опстојување. Тогаш од филозофски- правен аспект граѓанската
непослушност не е недопуштена состојба.

6
Според амери~киот политиколог Бентли, екстра-институционалниот пристап зна~И продираwе
И анлизираwе на реалните оп{третсвени процеси, појави И односи, онака како {то тие
навистина се слу~уваат во реалноста, надвор од демаго{ки декларираните полити~ки изјави,
од сувопраните нормативно институционални структури и формално-правните одредби во
уставите, законите И ме|ународните документи, кои {то никога{ не се по~итуваат И
применуваат онака како {то се напи{ани.
Според тоа, во идејно-научната сфера, социолошките дефиниции за
криминалот, кои се базирани на фундаментални криминолошки истражувања,
долготрајни опсервирања и подлабоки квалитативни анализи, имаат две
значајни цели во нивниот реверзибилен однос со науката за кривичното
право. Покрај другите аутпути што ги дава криминологијата, двата основни
аутпути, не само спрема науката за кривичното право, туку и спрема
државните органи, се:
- Инкриминација на оние човекови поведенија кои досега не биле
инкриминирани, а кои врз основа на криминолошко- социолошките
истражувања и анализи се оценети како општетсвено опасни поведенија
(однесувања, дејствија, активности).
- Декриминализација на оние човекови поведенија кои досега биле
инкриминирани, а кои врз основа на криминолошко-социолошките
истражувања и анализи се оценети дека не се повеќе општетсвено опасни
поведенија. Или, со други зборови кажано, оние поведенија што се предвидени
како кривични дела, а времето веќе ги “прегазило“, да се избришат од
Кривичниот законик како кривични дела.

Генерално резимирано социолошките дефиниции за криминалот можат да


бидат подвргнати на многу критики, основани и неосновани , како што се,
впрочем, критиките за се друго. Сепак, освен нивните предности, основните
слабости можеме да ги лоцираме во можноста за создавање арбитрерност и
волунтаризам во поглед на тоа кои однесувања ќе се сметат за криминал.
Ваквата арбитрерност може да се креира и злоупотреби од страна на определени
автори кои под плаштот на независни научни авторитети можат да етикетираат
поедини бизнисмени или политичари на индиректен начин, посочувајќи ги нивните
активности во минатото или сега како криминални. Притоа, не почитувајќи ја
уставно загарантиранта одредба за презумпција на невиност, се девалвира
науката со впуштање во водите на тривијалноста, политичките пресметки и
чаршиските оговарања. Ваквите злоупотреби немаат ништо заедничко со науката,
бидејќи тие тогаш служат исклучиво како инструменти во функција на
остварувањето на нечиии политички или други бизнис интереси. Поради тие
причини, социолошките дефиниции за криминалот треба да служат исклучиво во
идејната научна сфера за постигнување на иманентните цели и функции на
науката.
4.3 Поим и видови на девијантно однесување и општествени девијации

Во претходните поглавја ги определивме поимите на криминал и деликвенција.


Девијантното однесување има поширок социолошки карактер од криминалот и
деликвенцијата, затоа што ова е неправен поим. Во определени аспекти, некои
девијантните однесувања претставуваат социо-паталошки појави. Вкупно
земено, девијатните однесувања преставуваат неприлагодени
индивидуални однесувања ,кои што се спротивни на доминантните
морални норми и стандарди во определено општество или социо-
куилтурен амбиент. За девијатните однесувања следува морална, а не
правна санкција. Примери за овие однесувања се: просјачењето, скитањето,
алкохолизмот, наркоманијата, проституцијата, воајерството, егзибиционизмот,
самоубиството. Девијантните однесувања се обично индикатори за
предкриминално однесување, особено кај малолетниците. Затоа
криминолошките прогнози обрнуваат големо внимание кај девијантните
однесувања кај малолетниците. Од девијантното однесување на поединците
треба да се разликуваат општетсвените девијации. Општествените девијации
преставуваат активности на луѓето со кои се кршат општетствените норми. Со
кршењето на нормите се воспоставува нов општетсвен однос меѓу девијантот
и средината во која девијантот живее. Некои други автори општетствената
девијација ја дефинираат и како несогласност со нормите кои што
мнозинството од населението во дадено општетсво ги прифатило.
Општетсвените девијации можат да се поделат според критериумот за целта
на акцијата со која девијантите се спротивставуваат на етаблираниот систем
на стандарди за однесување:
Системски девијации се такви девијации со кои што се кршат нормите со цел
да се одржат постоечките односи на фактичка моќ. Прекршители односно
носители на овие девијации се припадниците на владеачките слоеви и сите
оние кои имаат одредена корист од власта.
Адаптивни девијации или аберации се однесуваат на оние групи на луѓе
или поединци кои согласно нивната положба во системот, социјалниот и
економски статус во општеството, ги разрешуваат кофликтните ситуации преку
разни девијантни појави на однесување, како што се: проституцијата,
алкохолизмот, наркоманијата, комарот, просење, сќитање, воајерство и сл.
Овие девијантни однесувања, поинаку се нарекуваат и социо-патолошки
појави. Тие се предмет на проучување на социологијата на девијантните
однесувања, социјалната патологија и криминологијата.
Конформизмот како девијација е мошне дискутабилен, затоа што
конформистичките однесувања значат прилагодување на поединците кон
доминатните ставови и мислења на мнозинството или приклонување кон
ставовите и мислењата на луѓето кои имаат власт или општествена моќ.
Оттука конформистичкиот стил на однесување, во зависност од моралните
ставови, вредносните убедувања и филозофската матрица на поединецот
може да биде оценето како девијација или како индивидуално или општествено
корисно однесување.
Неконформистички девијации се насочени кон кршење на нормите и
стандардите на постоечкиот поредок со цел за промена на етаблираните
односи засновани на правна и фактичка моќ. Есхатолошките цели на овој вид
девијации се насочени кон постигнување на поголем степен на слобода, кон
укинување на општествените нееднаквости, со цел да се обезбедат еднакви и
поволни услови за искажување и развој на секој поединец во општетсвото.
Пример; хипи-движењето од 60-те и 70-те години од 20 век.Главните
пароли на хипиците беа :Водете љубов, а не војна. Љубов ,Мир и
Рокенрол.

5.Квантитативни и квалитативни методи и техники за


истражување на криминалот

За квантитативните и квалитативните методи и техники за истражување на


криминалот во овој учебник нема да зборуваме, не затоа што тоа е помалку
важна материја, туку, напротив, утврдувањето на општите и посебните методи
е еднакво важен за една наука колку и утврдувањето на нејзиниот предмет. Но,
заради фактот што на нашиот факултет се изучува посебна наставно - научна
дисциплина “Методологија на истражување на криминалот“ за која постои и
посебен учебник (чиј што рецензент е токму авторот на овој учебник), сметам
дека од дидактички причини не е добро да се оптоваруваат непотребно
студентите со исти или слични наставни содржини. Од тие причини за
изучување на оваа значајна проблематика упатувам на наведениот учебник од
професорите Цане Мојаноски и Фросина Ташевска Ременски.

5.1 Привиден ,реален и легален криминал

Од аспект на методите за мерење на криминалот, како и импликациите кои што


настануваат во криминолошка, криминалистичка и организационо-
функционалната поставеност на надлежните органи за кривичен прогон,
особено значајни се следните криминолошки категории, кои е потребно да ги
разликуваме:
Привиден криминал е оној криминал кој што полицијата го има откриено и
кривично-правно просецуирано до надлежните органи, но е неизвесен
конечниот судки епилог, затоа што пријавените дела ги немаат секогаш
битните обележја на односните кривични дела, а за нивните сторители не
секогаш се обезбедени валидни докази дека токму тие се виновни за сторените
кривични дела.
Реален (вистински) криминал е оној криминал кој што преставува севкупност
на извршените кривични дела, кои што ги имаат обележјата на тие дела, без
оглед на тоа колку од овие реално извршени кривични дела се познати или
непознати односно се откриени или не се откриени од страна на полицијата и
другите органи на кривичен прогон. Разликата помеѓу реалниот и привидниот
криминал ја дава всушност темната бројка на криминалот. Оттука
утврдувањето на реалниот криминал е од огромно значење за утврдувањето
на темната бројка на криминалот.
Во учебничката литература по криминологија се сретнува поимот - легален
криминал, со кој се означува криминалот, кој што е докажан во законски
предвидена кривична постапка односно за кој што постои правосилна судска
пресуда. Сметам дека овој израз не е адекватен на појмовната содржина која
со него се сака да се прикаже, затоа што посоодветени би биле изразите
“докажан криминал“ или “судски пресуден криминал“. Без оглед на синтагмата
со која ќе се изрази појмовната содржина на оваа категорија криминал, друга
забелешка, од суштинско-материјално значење е тоа дека, иако оваа
категорија овозможува попрецизно утврдувањње на судски докажаните
кривични дела, сепак, не треба да се испушти од предвид дека заради повеќе
различни фактори, судски пресудените кривични дела се само еден мал дел од
категоријата реален криминал. Од овој вид на т.н. легален криминал во
криминолошка и кривично-правна смисла, треба да се разликува легалниот
криминал во социо-криминолошка смисла, за кој што зборувавме погоре во
текстот во рамките на поглавјето за социолошкото дефинирање на
криминалот, а истиот поим во таа смисла е споменат и во рамките на
поглавјето за поделбата на видови и типови неконвенционален криминал.
5.2 Темна и сива бројка на криминалот

Темна бројка на криминалот претставува вкупноста од извршените кривични


дела на територијата на една земја кои што се непознати на полицијата и
другите органи на кривичниот прогон. Причините за темната бројка на
криминалот може да бидат повеќеслојни. Причините за темната бројка на
криминалот може да ги разгледуваме како подлабоки, системско-структурни
и помалку длабоки, оперативно-функционални. Но, тие можат да бидат и од
чисто криминолошка природа, во зависност од самата природа на
определени видови на извршените кривични дела.
Во системско-структурните причини спаѓаат:
-Системско-ендемската корумпираност во сите сфери на јавниот живот во
едно општество и во сите нивои на институционалната хиерархија на системот.
Од тоа понатаму произлегуваат:
-Недоследно изведено начело на поделба на власта, што резултира со
нефункционални, партизирани и фрагилни институции надлежни за
спроведување на законите во борбата против криминалот, во коишто
последици се непрофесионализмот и неефикасноста во откривањето и
докажувањето на криминалот
-Невладеењето на правото и нефункционирање на институциите на правната
држава
-Отворените можности за изигрување на законите преку состојбите на легален
криминал во социолошка смисла (оставањето широк простор за правни
празнини, неконзистентности и контрадикторности во позитивниот правен
систем)
-Селективна примена на законите
Оперативно-функционалните причини можат да се согледаат преку:
-неадекватна или слаба примена на криминалистичко-тактичките начела,
оперативните проверки и преземањето на оперативно-тактичките мерки и
дејствија
- неадекватна или слаба примена на криминалистичките методи и средства,
како и посебните истражни мерки
-неадекватна или нестручна примена на криминалистичко-техничките средства
и методи
-инсуфициенција на квалитетен стручен кадар, материјално-технички и
просторни ресурси.
Причините од чисто криминолошка природа се однесуваат на оние видови
кривични дела, кои што заради самата своја природа, без оглед на погоре
наведените причини, вообичаено потешко се откриваат.
Највисока темна бројка на криминалот обично има кај корупциските
кривични дела, кривични дела во рамките на организираниот криминал и
сексуалните деликти. Кај првите два вида на криминал, темната бројка е
голема затоа што непосредно оштетен субјект е најчесто државата, што значи
дека особено кај корупциските кривични дела не постои жртва во класична
смисла на зборот. Оттука, кај овие кривични дела, најчесто, сите инволвирани
страни се еднакво заинтересирани да се прикријат ваквите дела, бидејќи сите
страни кои се инволвирани во криминалниот чин имаат корист да се прикрие
делото.
Што се однесува до високата темна бројка кај сексуалните деликти, таа е
повеќе изразена отколку кај другите подвидови на класичен криминал, затоа
што по самата своја природа сексуалните деликти ги напаѓаат интимните
сфери на човековиот живот. Во зависност од традицијата, обичаите,
менталитетот, вредносните убедувања и моралните ставови, свеста за
потребата од пријавување на овие деликти не е еднаква во сите општества и
сите сегменти од едно општество, бидејќи процесот на стигматизација од
средината не е еднакво присутен во сите општества и општествени сегменти.
Емпириски факт е дека во различни средини (подрачја) во рамките на едно
општество, заради разликата во вредносните убедувања и моралните ставови
на припадниците на определени општествени ентитети, темната бројка на овие
кривични дела не е на исто ниво.
Најниска темна бројка на криминалот има кај класичните кривични дела,
како што се убиствата, тешките телесни повреди, кражбите, сообраќајните
деликти итн. Кај овие кривични дела темната бројка е најниска затоа што кај
нив има непосредно оштетен субјект кој е заинтересиран да го пријави делото.
Други причини за ниската темна бројка кај овие кривични дела е тоа што кај
овие дела жртвата не се стигматизира, а последиците од нив се премногу
видливи и споредливи и како такви се релативно подобни за докажување. За
темните бројки на посебните видови, подвидови и типови на криминал
поопширно ќе зборуваме во рамките на поглавјата посветени на
криминолошките карактеристики на посебните видови ( подвидови) и типови на
криминал.
“Сива бројка“ на криминалот е она бројка на извршени кривични дела кои
што и се познати на полицијата и другите органи на кривичен прогон (ги има
откриено), но поради различни причини овие кривични дела не можат да бидат
докрај криминалистички расветлени и кривично-правно ефектуирани.
5.3 Техники за осознавање на темната бројка на
криминалитетот

Темната бројка на криминалот може само апроксимативно да се утврди, бидејќи


таа е непозната, променлива и зависна варијабилна категорија, затоа што зависи
од многу други променливи и зависни варијабли. Кога се работи за утврдување
темна бројка на криминалот, треба да се напомене дека истражувањата се
најоптимални кога се однесуваат за точно определени облици на криминал,
имајќи го предвид фактот дека криминалот, воопшто земено, е премногу широко
структуирана појава. Најчесто, споменувани техники за утврдување темна бројка
на криминалот, во научната литература се следните техники:
1) Анкета на самопријавување. Ова е анонимна анкета која се однесува на
испитување на репрезентативен примерок на лица опфатени со анкетата, кои
треба да признаат односно да се самопријават доколку сториле определено
кривично дело. Анкетата се користи за утврдување темна бројка на било кое
кривично дело, но, досега најчесто е применувана за утврдување темна бројка
на малолетничка деликвенција. Предностите што ги дава оваа анкета при
собирањето на податоците се гледаат во можноста апроксимативно да се
утврди бројот на извршените кривични дела, како и бројот на сторители, кои
може да се споредат со официјално регистрираните извршени кривични дела
и нивните сторители на определена територија. Исто, така предност од оваа
анкета би било што може да се види и евентуалното законско отстапување во
постапувањето на полицијата односно злоупотребата на моќта во поглед на
селективното апсење и кривично-правно процесуирање на случаите кои и се
познати на полицијата.

Слабостите на оваа анкета доаѓаат до израз при давањето објективни


одговори од страна на самите испитаници. Имено, проблем е што често пати
со овие анкети бројот на лицата кои се самопријавиле или признале дека
извршиле кривични дела е помал од официјално регистрираниот број на
извршени кривични дела и бројот на регистрирани сторители за определен
времнски период и определена територија. Давањето на неточни одговори од
страна на ииспитанииците во овој вид на анкетирање треба да се бара во
потребата од давање на социјално пожелни одговори, намерно опструирање
на напорите за воспоставување казнена правда токму од тие лица кои се
опфатени во анкетата, а кои се вистински извршители и како такви немаат
интерес да се изменат условите за степенот на откривање на сторителите на
кривични дела и степенот на нивната неказнивост. Направените напори да се
намали давањето на неточни одговори со воведување на контролни прашања
за поголема искреност на испитаниците, само делумно вродија со плод.
2) Анкета на виктимизација. Со анкета за виктимизација анонимно се анкетира
репрезентативен примерок на лица, кои треба да дадат одговори на
прашањата дали биле жртви на некое криминално однесување и ако биле, кое
е тоа криминално однесување. Анкетите на виктимизација можата да бидат
општи за било кои кривични дела , но оѓе да се спроведат и посебни амкети за
точно определени кривични дела. Во основа, придобивките од оваа анкета се
во можноста да се утврди точниот број на кривични дела, сторителите,
нивната структура, но и структурата на жртвите. Слабостите на оваа техника
се во тоа што се однесува само на физичките лица, а не и на правните лица,
кои , исто така,можат да бидат жртви на криминално однесување. Друга
слабост е тоа што испитаниците често посочуваат дека се жртви на
криминално однесување, кое објективно не ги исполнува елементите од
законското битие на ниедно кривично дело од позитивниот кривично-правен
систем на една земја. Понатаму, трета слабост на оваа анкета е во тоа што
испитаниците кога одговараат дека биле жртви на определено криминално
однесување, често тоа се однесува на друга територија, а не на територијата
која е предмет на анкетниот прашалник.
3) Анкета на специјални категории лица за кои се претпоставува дека можат
да бидат во директен или индиректен допир со сторен криминал. Преку
наведената анкета се настојува да се приберат релевантни податоци за
бројот на сторени кривични дела, сторителите и нивните структуираност.
Имено, оваа анкета дава далеку порелевантни информации за сторените
кривични дела на определена територија отколку двете претходно наведени
анкети, затоа што кај претходните две анкети, испитаниците или немаат
интерес, или немаат доволно мотив, а кај жртвите постои секогаш латентен
страв од стигматизација, зради секогаш отворената можност од пробивање на
анонимноста, без оглед на тоа што од страна на анкетарите им е предочено
дека анкетата ќе биде анонимна.
Имено, кај овој вид анкета испитниците се помалку оптоварени и растеретено
одговараат на прашањата, затоа што меѓудругото, најчесто не се директно
инволвирани во сторениот криминал. Всушност, испитаниците во оваа анкета
се специјални категории граѓани, кои секојдневно во текот на вршењето на
нивната професија имаат директен или индиректен пристап до информации за
извршување на определен криминал.
Така на пример, ако сакаме релевантно да ја утврдиме темната бројка кај
крвните деликти или воопшто насилниот криминал, треба анонимно да ги
анкетираме “дивите“ здравствени ординации, рецепционерите на хотели и
изнајмувачи на станови и соби (закуподавачи), такси возачи и слични
професии, затоа што тие најмногу можат да дојдат до информации за овој вид
на криминал. Доколку сакаме да ја утврдиме темната бројка на финансиски
криминал, треба анонимно да ги анкетираме книговодителите, магационерите,
добавувачите и возачите на директори во трговски друштва, затоа што тие во
текот на вршењето на својата професија неминовно доаѓаат до пишани
материјали (книговодствена евиденција) или вербални искази, кои се
релевантни за сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал.

6.Типологија на криминалот

6.1 Критериуми за типологии на криминалот

Разните видови на криминалот може да се класифицираат според повеќе


критериуми. Затоа е потребно, најпрво, да ги разграничиме и разјасниме
некои од основните критериуми врз база на кои што се вршат разните
поделби на криминалот. Најчесто застапените критериуми се
криминолошките, кривично-правните и организационо-функционалните
односно аксиолошко-традиционалните критериуми. Да ги разгледаме
секој од нив посебно.
Криминологијата или социологијата на криминалот, зависно од перцепцијата
на поедини автори, ги разликува разните видови на криминалитет според
доминантната присутност на нападнатото општествено добро, според
доминантната категорија на субјекти, кои што извршуваат одреден вид
криминал, како и според доминантната присутност на начините и средствата
со кои што се врши одреден вид на криминалитет.

Така, според најчесто застапените криминолошки типологии (поделби на


криминалот) забележани се следните видови на криминалитет :

“1. Насилнички криминалитет


2. Сексуален криминалитет
3. Имотен криминалитет
4. Стопански (економски, финансиски) криминалитет
5. Туристички криминалитет
6. Професионален криминалитет
7. Политичка деликвенција
8. Тероризам
9. Компјутерски криминалитет
10. Еколошки криминалитет
11. Сообраќајна деликвенција
12. Малолетничка деликвенција”

Заедничка карактеристика на криминолошката поделба на криминалот е


според три основни критериуми:
1. Нападнатото општествено добро (имотот, стопанството, уставно-
политичкиот систем, сексуалната слобода и половиот морал и сл.);
2. Субјектите (одредената категорија на лица во случајот со малолетничката
деликвенција,) што ги извршува кривичните дела што можат да бидат од различна
криминална природа односно да припаѓаат на различните видови на
криминалитет што според возраста и општествената позиција на оваа
специфична категорија сторители, најчесто се од имотна, сексуална и насилничка
природа;
3. Начинот односно средствата со кои што се врши одреден вид на
криминалитет ( со насилство - насилнички криминалитет, со комјутерска
технологија - комјутерски криминалитет и сл. ).
Освен за криминолошки критериуми во поделбата на криминалот можеме да
зборуваме и за кривично-правни критериуми за поделба на криминалот. Тие
се востановени според Кривичниот законик на Република Македонија, каде што се
предвидени околу 300 кривични дела, систематизирани во 21 глава.
Определена забелешка во однос на погоре наведената криминолошка поделба
на криминалот може да се стави на тоа што во рамките на професионалниот
криминалитет, определени автори ги опфаќаат: организираниот криминалитет,
криминалитетот на “белите јаки“, нарко-криминалитетот, трговијата со луѓе,
перењето пари, корупцијата и измамите. Други автори, сметаат дека
професионалниот криминал се изразува преку два основни облика: криминалот на
“белите јаки“ и организираниот криминал. Ова е погрешна прецепција, од причини
што професионалниот криминал иако најчесто може да се изразува преку
криминалот на “белите јаки“ и организираниот криминал, сепак професионалниот
криминал не мора секогаш нужно да егзистира во овие два облика.

Криминолошки карактеристики на професионалниот криминал

Професионалниот криминалитет подразбира професионално занимавање со


криминал, што значи криминалците од ваков тип немаат друго занимање за
обезбедување на егзистенцијата, или занимавањето со криминал претставува
нивен главен извор на егзистенција покрај некои други споредни занимања. Со
оглед на тоа, професионалниот криминал не се изрзува само преку погоре
посочените облици на криминал. Напротив, многу од сторителите кои припаѓаат
на другите видови или подвидови на криминалот, како што се xепните крадци,
одземачите на моторни возила и т.н. можат да се занимаваат и реално во
праксата се занимаваат професионално со овие подвидови на имотниот
криминал.
Друга забелешка на овој вид на поделба на криминалот е тоа што тука
организираниот криминал, како генерички поим, се меша односно паралелно се
класифицира во рамките на професионалниот криминал со неговите најчесто
застапени посебни облици. Се разбира дека овие посебни облици на криминал
можат да егзистираат и посебно како обични облици на криминал надвор од
организираниот криминал. Имено, како што веќе истакнавме погоре во рамките на
професионалниот криминалитет, се стекнува впечаток дека оваа поделба го
третира организираниот криминал премногу неопределено наспроти неговите
најчесто застапени облици, како што се: криминалитетот на “белите јаки“, нарко-
криминалитетот, трговијата со луѓе, перењето пари, корупцијата, измамите и
илегалната трговија со оружје, како некоја апстрактна категорија која “виси во
воздух“ и која нема свој конкретизиран материјален супстрат. Во делот на текстот
за организиран криминал, ќе видиме дека организираниот криминал претставува
трансцедентален поим, што значи дека нема свој нормативно, таксативно
наброен, конкретен субстрат посочен во точно определени кривични дела. Но,
како еден од основните видови на криминалот, теоретски и практично
организираниот криминал може да постои кај сите видови, подвидови и типови на
криминал, што значи тој “не виси во воздух“, туку практично во реалноста за да
воопшто постои тој мора да биде материјализиран во конкретен нормативен
супстрат. Меѓутоа, во практиката, ваквата забелешка не треба да се сфати
апсолутно, поради тоа што таа е релативизирана во зависност од
ограничувачките фактори на коњуктурноста на пазарот и преференцијата
(ориентираноста) на можните организирани криминални структури кон високо
профитабилниот криминал.
Така на пример, тешко е да се поверува дека во подвидовите на багателниот
имотен криминал, како што се xепните кражби, дрските кражби, кражбите во
згодна прилика, па дури и тешките облици на кражби и сл. ќе може да се најдат
елементи на организираниот криминал, од едноставна причина што некои од овие
подвидови на имотниот криминал се ниско доходовни, дури понекогаш и под
границата на предвидениот паричен износ за кривично гонење по службена
должност. Оттука, тие кривични дела не се многу интересни за структурите на
организираниот цриминал. Но, не е исклучена можноста за нивното
класифицирање во рамките на групниот или организираниот групен криминалитет,
според типологијата на организираниот криминал што ќе ја видиме подолу во
текстот.
6.2 Видови криминал

Очигледно е дека според кривично правната поделба на криминалот во


Крививичниот законик не ги сретнуваме изразите како што се: општ или
класичен криминал, корупција, организираниот криминал, бидејќи тие не
се конкретни кривични дела, ниту пак групи на кривични дела или глави,
според КЗ. Оттука, можеме да зборуваме за видови на криминал како цели
области на повеќе групи (или според КЗ глави) на кривични дела, како
комлексни конгломерати на појави, процеси и односи, кои што често пати дури
и ги надминуваат тесните законски норми. Тоа значи дека освен
горенаведените критериуми за разликување на криминалот, постојат и
традиционално-аксиолошки и организационо-функционални критериуми.
Оттука, се наметнува и потребатата за нивното феноменолошко
демистифицирање и тоа не само од традиционално-аксиолошки аспект, туку и
од аспект на најоптимална нормативна и организационо-функционална
поставеност на институциите со цел за што поуспешно, што ќе рече,
поефикасно и поефектно сведување на овие појави во општествено
прифатливи, толерантни рамки, со оглед на неутешната, но непобитна аксиома
според која криминалот, воопшто, никогаш нема да може да биде искоренет во
целост.
Феноменолошките, исто како и организационо-функционалните
аспекти на нормативно-институционалната поставеност на
надлежните институции во системот, со цел за воспоставување
социјална контрола врз криминалот, во смисла на негово успешно
спречување, откривање, докажување и пресудување, треба да биде
составен дел на предметот на криминологијата. Во овој дел од текстот
ќе се обидеме да ги расчистиме некои од слабостите што се појавуваат при
едностраните криминолошки поделби на криминалот, а кои што не се само од
теоретска природа, туку имаат изразена практична консеквентност со оглед на
фактот што влијаат врз сфаќањата за криминалот кај раководните структури, и
оттаму нивната помалку или повеќе погрешна ориентација при нормативно-
институционалните интервенции за организационо-функционалната
структуираност на надлежните институциите, каде што тие (раководни кадри)
имаат ингеренции.
Имено, основната слабост на поделбата на видовите на криминал според
криминолошките и кривично-правните критериуми е неможноста, барем
номинално (во називот на одреден вид или подвид на криминалитет), да бидат
опфатени заедно трите наведени криминолошки критериуми и на тој начин да
се добие една сеопфатна, поцелосна претстава за одреден вид или подвид на
криминалитет.
Најпрво да ги расчистиме видовите на криминал. За видови на криминал
станува збор кога се работи за пошироки области на криминални и други
правно недозволени поведенија, а коишто поради својата сложеност,
обем и мултидимензионална природа можат да се класифицираат на
повеќе подвидови или облици. Како видови на криминал може да ги
разликуваме класичниот (општ) криминал, корупцијата, финансискиот
криминал, организираниот криминал и тероризмот. За корупцијата,
организираниот криминал и тероризмот посебно ќе биде екслицирано подолу
во текстот. Овде да видиме што преставува општиот или како што поинаку се
нарекува, класичен криминал. Класичниот криминал е основен вид на
криминал составен од класични кривични дела во чиишто рамки се содржани
повеќе подвидови криминал, како што се: крвните деликти, сексуалните
деликти, имотните деликти, малолетничката деликвенција и насилничкиот
криминал. Како што самото име укажува овој основен вид на криминал го чинат
класични кривични дела во рамките на повеќе подвидови криминал, од коишто
најтипични примери се убиството (како централно кривично дело од крвните
деликти), силувањето (како централно кривично дело од сексуалните деликти),
кражбите, во сите нивни облици како основно кривично дело од имотните
деликти и сл. Овие кривични дела се нарекуваат класични кривични дела
затоа што тие отсекогаш се вршеле во сите општетствено-историски и
економски уредувања познати досега во историјата на човештвото. Не постои
држава во светот која што овие човекови однесувања ги нема(ла)
инкриминирано како кривични дела, затоа што со овие кривични дела се
заштитуваат општо прифатените,универзални цивилизациски вредности ,како
што се животот,телото,имотот,половата слобода и моралот.

6.3 Подвидови на криминал

Подвидови на криминалот се определени групи на кривични дела, коишто


имаат определени заеднички карактеристики според заедничкиот објект на
заштита (правното добро, социјално-етичката вредност), како што се имотните
деликти, сексуалните деликти, крвните деликти итн; според заедничката
карактеристика, како што е начинот или средствта преку коишто се извршуваат
(насилнички, комјутерски криминал, сообраќајна деликвенција итн.); според
субјектите кои ги извршуваат овие кривични дела (малолетничка деликвенција,
туристички криминал итн). Меѓутоа, овие групи на кривични дела
претставуваат подвидови затоа што тие според други критериуми можат да
бидат класифицирани во рамките на пошироките конгломерати на кривични
дела, што ги нарековме видови на криминал. Како пример да го земеме,
насилничкиот криминалитет, кој што во криминолошка смисла, претставува
подвид во рамките на општиот (класичниот) криминал. Меѓутоа, во овој подвид
се содржани многу кривични дела од разни други подвидови на криминал (во
криминолошка смисла) и повеќе групи на кривични дела од повеќе глави на
кривични дела од КЗМ.

Криминолошки карактеристики на насилнички криминал

Така, во рамките на насилничкиот криминалитет спаѓаат сите кривични дела


чиј што метод на извршување е насилството. Притоа треба да се има предвид
дека под поимот насилство се подразбира не само физичко , туку психичко
насилство ( сериозни закани за употреба на сила, психичко малтретирање во
смисла на, навредување, омаловажување, исмевање, игнорирање од личности
кои имаат директно влијание врз жртвата и на која жртвата е неминовно
упатена), мобинг, булинг, како и сексуално насилство во смисла на директно
сексуално вознеемирување, во облик на демнеење и сл. Под насилнички
криминалитет најчесто спаѓаат појавните облици на кривичните дела против
животот и телото (крвните деликти), четири кривични дела од имотните
деликти (разбојништво, разбојничка кражба, изнуда и уцена), речиси сите
сексуалните деликти, кривични дела против човековите слободи и права
(тортура, присилба, противправно лишување од слобода, грабнување итн.),
кривични дела против јавниот ред и мир (насилство, самовластие, напад на
службено лице при вршење работи од безбедноста итн.), кривични дела
против државата, кривични дела против човечноста и меѓународното право,
како и сите терористички кривични дела кои што според позитивната кривично-
правна легислатаива се распоредени во повеќе глави на кривични дела од
КЗМ.
Сите овие кривични дела од областа на насилничкиот криминал можат да
бидат во рамките на конвенционалниот криминал, но можат да бидат и како
облици на неконвенционалниот криминал, како што се булинг, мобинг,
интелектуален терор, насилство врз возрасни и изнемоштени лица,
демнеење и сл. Овие и слични други појави на неконвенционален насилнички
криминал подробно ќе се изучуваат во рамките на други наставно-научни
дисциплини во рамките на пошироката научна област на криминологијата.
Конкретни примери за насилничкиот криминал се: имотните кривични дела
“Разбојништво“ и “Изнуда“ (жаргонски т.н. “рекет“), кои што претставуваат
типични кривични дела со елементи на насилство. Или, сексуалното кривично
дело “Силување“ чии што битни квалификаторни елементи на законското
битие, исто така, се темелат на насилство со цел за вршење противправен
сексуален чин. Понатаму, одредени појавни облици на кривични дела од
областа на половата слобода и моралот, како што е на пример, кривичното
дело “Посредување во вршење проституција“ можат да бидат со изразени
елементи на насилство итн.

6.4 Конвенционален и неконвенционален криминал


Класичниот криминал може навидум да изгледа нешто слично со обичниот
или конвенционалниот криминал. Меѓутоа, конвенционалниот криминал не
треба да се поистоветува со класичниот криминал. Ова од причини што кај
конвенционалниот криминал може да има класични кривични дела, но
може да има и современи облици на конвенционален криминал. Примери
за нови современи форми на конвенционален криминал се
инкриминациите од поновата генерација, како што се: сообраќајните деликти,
еколошкиот криминал, компјутерскиот криминал итн. ( иако, особено двата
последни облика , секако дека можат да се најдат и во рамките на
трансцеденталниот поим на организиран криминал, како неконвенционални
облици на криминал, за што ќе зборуваме посебно во рамките на поглавјето за
организиран криминал).
Меѓутоа, постојат и типични неконвенционални облици (типови) на
криминал, како што се: корупцијата, организираниот криминал, тероризмот,
перењето пари, економско-финансискиот криминал, криминалот на „белите
јаки“, државниот криминал (криминалот под заштита на законот) и легалниот
криминал (криминалот скриен од законот).
Под неконвенционален криминал ги подразбираме оние категории на
криминал, кои што се разликуваат од облиците на конвенционалниот
криминал, според следните критериуми односно карактеристики:
1) Сложена каузално детерминистичка структуираност.
2) Суптилни, перфидни појавни облици, скриени и недоволно препознатливи
за научната, стручната, а уште помалку за општата јавност.
3) Делумна или целосна правна несанкционираност. Определени најсуптилни
облици на неконвенционален криминал, воопшто не се правно предвидени во
позитивните национални законодавства и во меѓународните документи, иако
претставуваат најголеми безбедносни ризици и закани и како такви
причинуваат неспоредливо поголема штети отколку било кој конвенционален
облик на криминал.
4) Поради присутноста на појавата на легален криминал односно криминал
заштитен од законот, постои мешање на легални и полулегални бизниси со
нелегални, криминални активности.
5) Поради горе наведените карактеристики многу тешко е откривањето и уште
потешко докажувањето на неконвенционалните облици на криминал во
практичната борба против нив, дури и тогаш кога определени нивни облици се
правно предвидени (покриени).
6) Изразена потреба за посебен кривично-правен третман, поригорозно
казнување и потреба од примена на посебни истражни мерки.
7) Изразена потреба од дизајнирање на посебни национални стратегии, заради
потреба од превземање на подлабоки структурни реформски зафати во повеќе
клучни општествени сфери, како и воведување на некои специфични мерки и
решенија за превенција и репресија на овие најсуптилни типови криминал.
Што се однесува до конвенционалниот криминал, тоа е всушност, обичниот
криминал, надвор од она што значи неконвенционален криминал. Оттука, под
конвенционален криминал ќе го подразбираме целиот обичен криминал, без
оглед на тоа дали се работи за класични или современи форми на криминал.
Сите кривични дела од конвенционалниот криминал без оглед на тоа дали се
класични кривични дела или дела од поновата генерација инкриминации
(комјутерски криминал, еколошки криминал, сообраќајна делинквенција,
финансиски криминал итн), можат, условно кажано, да бидат и дела од
организиранот криминал, доколку ги исполнуваат елементите од референтната
дефиниција за организираниот криминал предидена во Конвенцијата против
транснационалниот организиран криминал на ООН. Се разбира дека
криминалните организации не го вршат организираниот криминал во оние
облици на криминал кои не се профитабилни според конјуктурата на пазарот.
Но, со оглед на тоа што самиот генерички поим на организираниот криминал се
смета за нековенционален, сите обични, односно конвенционални облици на
криминал, кои што, ги содржат основните елементи на организиран криминал,
во таквите случаи ќе бидат класифицирани под поимот неконвенционален
криминал заради присуството на елементот - организираност.
Сепак, мора да се знае дека определени видови на неконвенционален
криминал, како што се, на пример, корупцијата и организираниот криминал,
поради сложената етиолошка и посебно разгранетата феноменолошка
структура, во некои свои типови и облици можат да претставуваат
конвенционална, па дури и класична корупција односно конвенционален
организиран криминал, а во други типови и облици тие претставуваат
неконвенционална корупција односно неконвенционален организиран
криминал.
Така, на пример, активниот и пасивниот поткуп (давањето и примањето
поткуп), проневерата во службата итн. претставуваат појавни облици на
класични корупциски кривични дела, кои што во сите национални кривични
законодавства и меѓународно-правната регулатива се санкционирани. Затоа,
тие претставуваат облици на конвенционална корупција. Конвенционалната
корупција, можеме да ја најдеме и кај некои правно несанкционирани или
делумно санкционирани облици на корупција. Така, на пример, бакшишот, иако
спаѓа во т.н. “бела“ корупција, која што не е правно санкционирана до
определен паричен износ ( за што ќе зборуваме во посебно поглавје од
учебникот), постоел и познат е отсекогаш во историјата, како своевиден облик
на бенигна корупција. Поради своите карактеристики, кои што целосно
отстапуваат од карактеристиките односно критериумите на
неконвенционалниот криминал, сметам дека и овој облик на корупција е во
доменот на конвенционалната корупција. Наспроти конвенционалната
корупција, примери за неконвенционална корупција се: генералниот концепт
на системски корумпирана надворешна политика, медијаторната
политичка корупција, патрон-клиентелизмот, системската корупција во
чии што рамки спаѓаат: медиумската корупција, мешањето на партијата со
државата, нелегалното финансирање на политичките партии и
корупцијата во јавните набавки. Овие некoнвенционални типови на
корупција целосно ги исполнуваат карактеристиките за неконвенционален
криминал, кои што беа наведени погоре во оваа поглавје од учебникот.
Пример за конвенционален организиран криминал претставува групниот
организиран криминал, олицетворен во разни криминални групи, банди и
здруженија, како најнизок тип на организиран криминал. Овој конвенционален
тип на организиран криминал е меѓународно-правно регулиран и кривично-
правно санкциониран во речиси сите национални кривично-правни
законодавства на земјите потиснички на Конвенцијата за транснационален
организиран криминал на ООН. Неговите контури се мошне јасно оцртани и
познати, така што многу повеќе инклинира кон конвенционалните облици
отколку кон неконвенционалните облици на криминал. За разлика од овој
најнизок тип, институционалниот и институционализираниот тип на
организиран криминал, ги имаат карактеристиките на неконвенционален
организиран криминал.
Потребата за разликување меѓу обичен и конвенционален криминал
останува најмногу заради фактот што определени неконвенционални
типови на криминал, како што се корупцијата, криминалот на “белите јаки“,
економско-финансискиот криминал итн., не егзистираат секогаш како облици
на организираниот криминал. Тоа значи дека овие типови на криминал
егзистираат како неконвенционални, иако често во практиката не се во рамките
на организиран криминал. Според тоа може да заклучиме дека потребата од
разликување на “обични“ типови неконвенционален криминал, условно кажано,
постои заради разликување на неконвенционалните, организирани облици на
криминал, од другите “обични“ неконвенционални типови на криминал, кои ги
немаат константните елементи за постоење на организиран криминал.
Така на пример, криминалот на “белите јаки“ е “обичен“ тип на
неконвенционален криминал во случаите кога нема елементи за постоење на
организиран криминал, но не е конвенционален, туку неконвенционален
криминал заради специфичните карактеристики што ги имаат
неконвенционалните типови на криминал.

6.5 Типови на криминалот

Според разни други критериуми може да постојат разни поделби на


криминалот. Меѓутоа, битно е да нагласиме дека поимот - тип на криминал - се
користи за некои специфични видови на криминал, особено оние во сферата
на неконвенционалниот криминал. Овие видови на криминал се нарекуваат
неконвенционални типови на криминал заради нивните специфичности кои
суштински ги разликувааат од останатите видови криминал. Обично тоа се:
неконвенционалните типови на корупција, организиран криминал, тероризам,
економско-финансиски криминал, криминал на “белите јаки“, перење пари,
државен криминал, легален криминал и сл.

7. Рецидивизам

Во криминологијата досега нема општоприфатена дефиниција за поимот


рецидивизам (повторништво, поврат). Со оглед на тоа дека оваа појава се
карактеризира со повеќе различни елементи, повеќето обиди за дефинирање
на појавата можеме да ги групираме во три сублиматни начини на
дефинирање, според тоа дали е ставен акцент на кривичноправните,
криминолошките или пенолошките аспекти на појавата.
Кривично-правното дефинирање на рецидивизмот поаѓа од извршувањето
на кривични дела од страна на лице за кое претходно веќе има правосилна
осудителна судска пресуда. Рецидивизмот во кривично-правна смисла може да
биде општ и посебен. Општ рецидивизам е кога лицето извршува во повеќе
одвоени временски интервали различни кривични дела, за кои посебно е
осуден. Посебен (специјален) рецидивизам е кога лицето извршува во повеќе
одвоени временски интервали исто кривично дело, за кои посебно е осуден.
Науката за кривично право, како и кривично-правните законадавства на некои
земји ја познаваат категоријата повеќекратен поврат (мултирецидивизам). Овој
кривично-правен институт имплицира поостро кривично-правно санкционирање
за повеќекратните повратници, кои покажуваат склоност и навика кон
извршување кривични дела.
Според криминолошкото дефиниирање рецидивизам постои кога определено
лице ќе изврши повторно некое ново кривично дело (исто или различно), без
оглед дали е за претходното дело осуден со правосилна судска пресуда.
Криминолошките дефиниции го апострофират значењето на опасната личност
на сторителот и можноста за повторно вршење кривични дела.
Пенолошките дефиниции го дефинираат рецидивизмот како повторно доаѓање
на сторителот на определено кривично дела (или дела) на издржување казна
затвор во иста или друга казнено-поправна установа, откако веќе претходно
бил на издржување на казна во истата или друга установа за истото или друго
кривично дело. Пенолошките дефиниции имаат за цел да покажат дека
изречената судска пресуда и применетиот пенолошки третман за повратниците
не ги дало очекуваните резултати за ресоцијализација.
Една од криминолошките класификации за рецидивизмот, ги класифицира
рецидивистите на три категории: деликвенти од навика, деликвенти по
тенденција и професионални делииквенти.
Деликвентите од навика се сметаат личностите кои не се општествено
прилагодени и кај кои со повторувањето на вршење кривични дела се создава
навика за ниовно понатамошно извршување. Овие лиица почниваат со вршење
криминални активности уште во младоста. Карактеристично за нив е тоа што
се сугестибилни, а ккриминалот им станува составен дел од животот, преку кој
оставрууват средства за егзистенција и задоволување на некои лични
афинитети. Според определени автори постојат три типа на деликвенти од
навика: политички деликвент, деликвент на белите јаки и професионален
деликвент.
Деликвентот по тенденција се разликува од деликвентот од навика по тоа што
кај првите склоноста кон вршење криминал е произлегува од надворешни
фактори, кај овие вториве криминалната активност е причинета претежно од
ендогени фактори од био-психолошка природа, кои се наследни. Сеако дека за
изаразувањето на овие био-психолошки предиспозицци влијат и надворешни
фактори, како што е преекумерно консумирање алкохол, дрога, влијание на
средината итн.
Професионалнните деликвенти се разликуваат од другите типови деликвенти
по тоа што криминалот им е единствено или главно занимање од кое што
остваруваат средства за егзистенција. За разлика од другите деликвенти се
карактеризираат со криминална зрелост, специјални вештини и ладнокрвност
при иизвршувањето на кривичните дела. Обично тие се сппецијализтирани за
изврршување определено кривично дело или група на слични кривични дела.
Постојат многу класификации на професионалните деликвенти според разни
критериуми кои ги акцентираат разните автори. За оваа пригода потребно е да
се знае дека најопштата класификација на професионаните деликвенти може
да биде според критериумот на видот на криминалната активност (видот на
криминал) што го вршат, како и начинот преку кој ги извршуваат кривичните
дела. Според овие критериуми може да разликуваме: професионални
деликвенти кои се занимаваат со вршење џепни кражби, кражби, тешки кражби
и разбојништва. Кај овој тип деликвенти генерално преовладува понизок
коефициент на интелигенција, што не значи дека е исклученно и кај овој тип да
има деликвенти со повисок коефициент интелигенција; професионални
деликвенти кои се занимаватт со вршење измами и уцени. Овој тип деликвенти
претежно се крактеризира со повисок степен на интелигенција при
извршувањето на кривични дела. Начинот на извршување се катрктеризира со
измамнички методи без употреба на физичко насилство ; професионални
деликвенти кои извршуват платени убиства, тешки телесни повредии и рекет
(изнуди). Кај овој тип деликвенти во поглед на критериумот за интелигенција
постои мешовит тип деликвенти. Инаку, при извршувањето на овие кривични
дела е доминантно присутно насилството како метод на извршување и тоа
брутално нассилство од најинтензивен карактер.

You might also like