You are on page 1of 7

4Plan program për nxënësit me nevoja të veçanta

Tema
 Hello! (Здраво!)
Цели и задачи: Цел на воведната тема е ученикот/чката да се потсети на вокабуларот за
поздравување и збогување и неформално да поздравува и отпоздравува, го употребува
глаголот сум во прво лице еднина, употребува вокабулар за опишување бои, да се потсети
на наредбите, да се запознае со учебникот и воспостават правила за однесување во
училницата и да може да го разбере значението на лексичките единици и правилно да ги
репродуцира.
Вокабулар (фрази и изрази): Hello, I'm + name, Goodbye, red, blue, green, yellow.
Услови за работа: Наставникот во соработка со одделенскиот раководител се консултира
за ученикот/чката, вложува напори ученикот/чката да го засака англискиот јазик, тимски
да соработува со соученикот/чката и што е можно повеќе да се употребува L2.
 Мy body! (Моето тело!)
Цел на првата тема е ученикот/чката да го усвои вокабуларот од областа на делови на
телото, врши наредби од песничките, поврзува ликови со делови од нивното тело,
извршува наредби, повторува, употребува краток израз: My (hand, face...), брои до 5,
поврзува групи (предмети) со бројки, реагира на наредби, покажува и слуша песнички.
Ученикот/чката се труди правилно да реагира на заповедите од наставникот и песничките,
со ја дополнува сликата со налепници, вложува напори правилно да ги употребува боите ,
повторува, прашува кога не е јасно, го чува и правилно користи учебникот, внимателно
бои, поврзува и реагира на пофалби и упатства на наставникот, се труди да разбира, што е
можно поправилно да ги усовршува вештините за комуникација и разбирање на слушнат
текст (приказна); соработува со соучениците и наставникот за време на сите активности,
внимава на час и културно се однесува
Вокабулар (фрази и изрази): My (head), body, hands, feet, numbers 1-5, stand up, touch...clap
(your hands), stamp your feet, Who's this? What colour is it? Well done. Thank you, red, blue,
green, yellow.
 My classroom! (Мојата училница!)
Цел на трета тема е ученикот/чката да го усвои вокабуларот од својата непосредна
околина - училницата и училишниот прибор. Ученикот/чката се труди правилно да
реагира на заповедите од наставникот и песничките, со ја дополнува сликата со
налепници, вложува напори правилно да ги употребува боите , повторува, прашува
кога не е јасно, го чува и правилно користи учебникот, внимателно бои, поврзува и
реагира на пофалби и упатства на наставникот, се труди да разбира, што е можно
поправилно да ги усовршува вештините за комуникација и разбирање на слушнат
текст (приказна); соработува со соучениците и наставникот за време на сите
активности, внимава на час и културно се однесува.
Вокабулар (фрази и изрази): book, pencil, pencil case, rubber, bag, pen, table, chair, big,
small; Yes; No; What's this?; This is / It's (my) ... ; Is it big or small? Please; mum, dad,
granny, granddad, sister, brother, baby; It's my (mum); What colour are (the flowers)? Run,
jump and turn around; Where's my (brother?; How many dogs?
 Animals! (Животни)
Цел на четвртата тема е ученикот/чката да го утврди веќе усвоениот вокабулар од
областа на животните и да го збогати со нови зборови, врши наредби од песничките,
поврзува предмети, слуша и извршува наредби броејќи, повторува, брои, дооформува
цртеж, слуша наредби. Наоѓа што недостасува на цртежот, подредува по боја и
величина, покажува, црта, идентификува ликови, наоѓа, поврзува, класифицира,
составува и употребува кратки изрази и описи, реагира на наредби, игра едукативни
игри. Ученикот/чката се труди правилно да реагира на заповедите од наставникот и
песничките, со ја дополнува сликата со налепници, вложува напори правилно да ги
употребува боите , повторува, прашува кога не е јасно, го чува и правилно користи
учебникот, внимателно бои, поврзува и реагира на пофалби и упатства на наставникот,
се труди да разбира, што е можно поправилно да ги усовршува вештините за
комуникација и разбирање на слушнат текст (приказна); соработува со соучениците и
наставникот за време на сите активности, внимава на час и културно се однесува.
Вокабулар (фрази и изрази): This is my (cat, dog, horse, rabbit, bird), spots, puppy... ; Yes;
No; What's this?; This is / It's (my) ...

You might also like