You are on page 1of 10

Анимизам

Едно од најраспространетите верувања кај првобитниот човек е


верувањето во постоење на духови и души.

Анимизмот подразбира дека душата може да живее одделно од


човекот, животните и растенијата, дека таа може да се спојува, но и да
се одделува од него. Првобитниот човек ги препознавал тие духови во
сопствениот одраз, во водата, во ехото итн.
Чукни во дрво
Тропањето во дрво потекнува од верувањето дека кога некој ќе каже
нешто добро, тој ќе чукне во дрво, за да не го чуе злото!

Ова потекнува од старото верување дека Боговите живееле во дрвјата!


Кога некој сакал да му се исполни некоја желба, тој го допирал дрвото
со цел, да му се исполнела желбата!
Постои и друго слично верувања дека околу дрвјата
летале суштетсва кои суштества кои љубомореле на
човековата среќа.

Чукањето во дрво би значело да се оглушат тие духови,


за не чујат дека желбата на луѓето е исполнета.
Душите на природните појави
Старите народи исто така сметале дека и природните појави имаат
душа. Тие духовите ги делеле на добри и лоши. Добри духови биле
оние кои живееле во Сонцето и во Дождот.

Како лоши духови биле сметани: грмотевиците, градот и


поплавите.
Верување дека душата може
да живее самостојно
Првобитниот човек сметал дека со душата на човекот управуваат
посебни духови од чија волја зависел животот на човекот.

Исто така верувале дека душата на човекот може да се преселува:

- во други луѓе
- во растенија
- во животни
- во предмети

Се сметало дека душата е т.н двојник на телото, кој му дава


живот.
Прашања за дискусија:

• Какво верување е анимизмот?


• Дали сметате душата може да живее одделно од телото?
• Кои духови според примитивмите луѓе биле добри, а кои биле
лоши?

You might also like