You are on page 1of 1

Ацо Караманов

ЕЛЕГИЈА
О, денес нема ни радост ни мир
за сите оние папсани од трудот.
Каде се, о каде, надежите на животот?
-Татковино ти си во пеколот на студот.
Но твојот пламнат камен бунтува и пее.
Зборовите треперат како вулкан.
Но, кој ги разурнува градовите наши,
-ветер силен, бура страшна или ураган.
Не нè чувај дома, мајко, глас еден нè вика
и ќе тргнеме сите на повик тој.
Можеби нема да нè видиш веќе, но ќе тргнеме ние
за оваа грутка во тешкиот бој.
Не тагувај. О, не! Јас знам дека си храбра,
во тебе струи крв јуначка, силна.
А тоа се звуците на новата песна.
На новиот живот, верувај ни, милна!

You might also like