You are on page 1of 3

Наставен лист –Активности со пари –На излет

Ученик _____________________________________

Задача

Марко, Весна и Стефан се договориле да направат журка за прослава на првиот ден на


пролетта. Ги земале своите заштедени пари и отишле во продавница.

Марко земал една банкнота од 50 денари, 3 банкноти од 10 денари , 4 монети од 2


денари, 3 монети од 1 денар и 3 монети од 5 денари.

Весна земала 1 банкнота од 50 денари, 2 банкноти од 10 денари и 5 монети од 2


денари.

Стефан земал 7 банкноти од 10 денари, 2 монети од 5 денари, 3 монети од 2 денари и


8 монети од 1 денар.

Сакале да купат слатки, но и да им останат пари за одбојкарска топка која чинела 50


денари. Се договориле на журката да ги повикаат Сања, Влатко и Ана. Во честа на
пролетта, журката ќе ја организираат на ливада.

Помогнете на Марко, Весна и Стефан да купат слатки кои ќе бидат доволно за сите, но
и да им остане пари за топка. Не заборавајте, ќе им бидат потребни пластични чашки
ако купат сокови, а тие чинат 2 денари за чашка. И уште нешто, журката ќе биде на
ливада, потребно им е и ќесе за отпадоци кое чини 2 денари.

Пресметај што можат да купат за журка.

Во прилог имаш цени со производи. Тие ќе ти помогнат да ги решиш задачите.

You might also like