You are on page 1of 6

ПОЧВИ

1. Алувијални почви
(крајречни, меки, порозни, влажни и богати со органски материи; висока бонитетна
класа)
- Вкупна површина: 100.000 hektari
Искористеност:
Градинарски и фуражни култури
Распространетост на алувијалните почви
(Околу коритата на: Вардар, Црна Река, Струмица, Брегалница, Пчиња...)

2. Делувијални почви
(Наклонети, меки, порозни, грубозрнести и доволно богати со органски материи;
средно бонитетна класа)
- Вкупна површина: 130.000 ha
Искористеност:
Винова лоза, бостан, тутун, овошје
Распространетост на делувијалните почви
(Подножјата на планините и ридовите)

3. Кафеави почви
(Наклонети, меки, порозни и богати со хумус; средно до висока бонитетна класа)
- Вкупна површина: неопределена
Искористеност:
Компир, костен, 'рж…
Распространетост на кафеавите почви
(Повисоките ридско-планински предели покриени со листопадна и мешовита
шума)

4. Смолници
(Рамни, глинести, непорозни, недоволно богати со органски материи; остаток од
езерски глини и тешки за обработка; средно бонитетна класа)
- Вкупна површина: 80.000 ha
Искористеност:
Житни и индустриски растенија...
Распространетост на смолниците
(Ниските котлински делови каде што лежела езерска вода
5. Црвеници
(Глинесто-карбонатни, збогатени со железо, непорозни и недоволно богати со
органски материи; ниско до средно бонитетна класа)
- Вкупна површина: 30.000 ha
Искористеност:
Винова лоза, сливи, 'рж...
Распространетост на црвениците
(Тиквеш, Пелагонија, Кичевско, Поречко...)

6. Мочурливи (хидроморфни) почви(Овлажнети, меки, лепливи, песокливо-


глинести почви, богати со органски материи; средно до висока класа после
мелиорирањето)
- Вкупна површина: 2.000 ha
Искористеност:
Ориз и пластеници за градинарски култури.
Распространетост на мочурливите почви
(Пелагонија, Струшко, Струмичко, Скопско, Кочанско...)

7. Солени почви
(Растресити, стерилни и пребогати со хлориди; ниска бонитетна класа)
- Вкупна површина: 500 ha
Распространетост: Тиквеш и Овче Поле

Населување во Македонија

1. Неолит (10000 – 3000 ВС)


Продор на првите, неолитски луѓе (црномурести со низок раст и тркалезни черепи)
преку т.н. анадолско-тракиска врска;
Племиња: Десарети, Дарданци, Линкести, Пелагонци, Пеонци...
Рута на неолитските луѓе низ Македонија (4-5000 години пр.н.е.)
Долина на Струмица, Овче Поле, Кумановско, кон Белград и Средна Европа
Неолитско наоѓалишта и наоди
Вршник - Штипско; Породин – Битолско; Маџари – Скопско...
Наоди: пченица, камени шилци, грнчарски садови, праќ...

2. Бакарно и бронзено време (3000 – 1200 ВС)


Наоѓалишта: Скопско кале, Бакарно гумно...
Наоди: Метални производи, керамика, коски од коњи, овци...
Живот на утврдени населби и бавење со сточарство.

3. Железно време (1200 – 600 ВС)


Наоѓалишта: Радолишта, Кунова Чука...
Наоди: Метални уметнички фигури, копја...
Големи егејски преселби;
Формирање на првото македонско кралство (Пердика I).

4. Антички период (V BC – V AD)


Експанзија на Македонија на три континенти за време на Александар Велики;
Римска колонизација (168 ВС).

5. Среден век (V – XV век)


Продор на словенски племиња (585 година).

6. Нов век (XV – XX век)


Османлиски продор на Балканот;
Поделба на Македонија после Балканските војни (1913);
Доселување на: Турци, Роми, Јуруци, Коњари, Черкези, Евреи, Албанци, Власи...

7. Модерно време (1918 - )


Српска колонизација (помеѓу двете светски војни);
Автономија во рамките на СФРЈ (после Втората светска војна);
Независна и суверена Р. Македонија (1991);
Доселување на: Срби, Албанци, Бошњаци, Егејски Македонци, Косовски
Албанци...

БИОДИВЕРЗИТЕТ ВО МАКЕДОНИЈА

1.Растителен свет ( разновидност и богат , зависен од: географска положба,


климата, релјефот, почвата,с надморска височина, антропогено влијание-на
човеокот )
•Евросибирски претставници ( навлезени од север )
•Медитерански преставници ( навлезени од југ и запад )
Флористички диверзитет
1.Виши растенијa 3.700
2.Габи 2.000
3.Лишаи 450
4.Алги 2.095
Типологија според потребите за вода:
-Ксерофити (хабитираат во суви услови);
-Мезофити (хабитираат во суви и влажни услови);
-Хидрофити (хабитираат во влажни услови).

2.Растителни заедници (фитоценози)

2.1. Шуми (шумски заедници) 906 000 ha – 35 % oд територијата на РСМ


- 300 – 2000 м.н.в.
Најзастапени: Листопадни (825 000 ha) Мешовити (41 000 ha) Иглолисни (40 000 ha)

2.2. Тревна вегетација


Ливади (53 000 ha; во сите котлини)
Пасишта (670 000 ha) Низински; Ридски;
Планински (на Шар Планина, Бистра, Баба, Јакупица, Галичица, Кожуф, Плачковица и
Осогово).

2.3. Културни растенија


-8 вида житни растенија;
-15 вида индустриски растенија;
-5-6 фуражни култури;
-50 градинарски култури;
-18-20 видови овошје и винова лоза
ЖИВОТИНСКИ СВЕТ
-Средноевропска;
-Медитеранска фауна.

1.Животинскидиверзитет
-13.000 видови безрбетници (членконоги, мекотели, сунѓери, црви...)
-550 видови ‘рбетници

2. Провинции
а) Медитеранска фауна
- Егејско-медитеранска фауна – по долината на реката Вардар до Скопската Котлина,
потоа во Овче Поле и во јужниот дел на Пелагонија.
- Јадранско-медитеранска фауна – по долината на Црн Дрим, во Дебарската и Охридско-
струшката Котлина.
б) Средноевропска фауна
- Најраспространета во сите планини на Р.С. Македонија.
- Претставници: мечка, волк, лисица, рис, елен, верверица, орел, јастреб итн.

3. Типови станишта
а) Копнени станишта
б) Водни станишта (езерски екосистеми):
- Охридско Езеро припаѓа на западнобалканската фауна и рибите имаат ендемичен
карактер. Претставници: пастрмка, јагула...
- Преспанско езеро припаѓа на епирската фауна. Претставници: Преспански крап, скобуст,
писа...
- Дојранско езеро спаѓа во вардарската фауна. Претставници: црвеноперкса, костеж,
сом...
в) Блатни екосистеми (фауна)
- Живеат во мочурливите ниски терени на Скопската и Струмичката Котлина, во
Пелагонија и околу големите езера Претставници: дива гуска, чапља, пеликан
г) Подземни станишта (фауна)
- Во повеќето пештери во Македонија има лилјаци, пајаци, и пештерски скакулци.
БРОЈНО ДВИЖЕЊЕ НА НАСЕЛЕНИЕТО
1. Бројно состојба во пописните години
2. Анализа на пописите
• 1900 год 909 000 жители низок број поради: слабите здравствени услови,
последици од турското владеење, данок во крв, човечки загуби од буните и востанијата
• 1913год 938 000 жители прираст од 3.1% - низок прираст поради: последици од
Илинденско востание, последици од балкански војни
• 1921 год 797 000 жители негативен прираст -15% - последица од: поделбата на
Македонија, последиците од прва светска војна, повлекување на турско население по
балканските војни
• 1931 год 939 000 жители висок прираст од 15% - последица од: висок наталитет,
подобрените здравствени услови, доселување на илјадници Срби за време на Кралсвтото
СХС
• 1948 год 1 152 000 ( милион и сто пеест и две илјади ) жители вонреден попис
умерен прираст од 18% немало попис ради втора светска војна во 1941 последица од:
висок наталитет и жтрви од втора светска војна
• 1953 год 1 304 000 жители вонреден попис висок и неприроден прираст од 12%
последици од: висок наталитет, доселување на Македонци од Егејска Македонија
• 1961 год 1 406 000 жители умерен прираст од 8.5% последица од: благо намален
наталитет, вториот бран отселување на турско население, доселување на Бошњаците
• 1961- 1991год 2 033 000 жители умерен прираст од 31% последица од: снижен
наталитет и посава на печалбарски бранови
• 2002 год 2 022 000 жители негативен прираст од -0,6% последица од: драстично
намален наталитет, забрзано отселување на населението од економски причини

You might also like