You are on page 1of 2

Население во Европа

Население
Историски гледано, во Европа се случувале разни општествени, културни, воени,
политички и стоппански процеси. Кои, по разни основи, носеле падови и прогрес
на континентот. Низ сите случувања се оформиле голем број народи, нации и
држави, така што Европа денес е еден од најнаселените континенти на Земјата.
Во нејзините 45 држави, вклучувајќи го и европскиот дел на Русија, живеат околу
675 милиони жители, Европа учествува со околу 11% во вкупниот број на
светското население.

Во Европа денес постојат 45 држави, во кои се зборуваат повеќе од 120 јазици и


дијалекти. Некои од јазиците се широко распространети и службено се говорат во неколку
држави, а некои се карактеристични само за помали територии и држави. Повеќето од
државите се еднонационални , но има и држави со национални малцинства, кои на
различни рамништа остваруваат право на јазик, на писмо, на култура и на традиција. Во
Европа постојат и повеќенаицонални држави со повеќе државотворни народи. Типични
примери се Велика Британија, Босна и Херцеговина и други.

Народносни групи во Европа


Во Европа постојат голем број на народи кои припаѓаат на различни групи народи. Сепак
повеќето од нив пипаѓаат на белата раса. Од другите раси во Европа има мал број жители.
Најбројни се народите припадници на жолтата раса. Тука
спаѓаат. Финци, Унгарци, Турци, Татари и др.
Народите од белата раса во Европа припаѓаат на три главни групи
народи: Словени, Германи и Романи.
Словените ја претставуваат најбројната група народи во Европа со 34% од вкупното
население. Тие се населени во Источна Европа, Средна Европа и Јужна Европа. Во
Словенската група народи
спаѓаат: Македонци, Срби, Хрвати, Словенци, Црногорци, Руси, Белоруси, Украинци, Полјаци, 
Чеси, Словаци, Бугари, Лужички Срби.

Традиционални носии и инструменти во Шпанија

Германската група народи е втора група народи по големина во Европа со 31%


застапеност. Германите се населени во Северна Европа и Средна Европа, на Британските
Острови и на други места. Германски народи
се: Германци, Англичани, Швеѓани, Холанѓани, Норвежани, Данци и Австријци.
Романската група народи со 25% е најмалубројна во Европа. Овие народи се населени
најмногу на Апенински Полуостров и Пиринејски Полуостров, како и во други делови
на Западна Европа и Источна Европа. Во оваа група народи
спаѓаат Французи, Шпанци, Италијанци, Португалци и Романци.
Надвор од трите основни групи народи во Европа како посебни народи се
издвојуваат: Грци, Албанци, Баски и др.[34]

Регионална поделба на Европа


Специфичната брегова разгранетост и природно-географските карактеристики на
Европа се главни одредници за регионалната поделба на континетот. За
регионалната поделба на Европа е карактеристично тоа што државите Казахстан
и Турција имаат делови од своите територии на европскиот континент. Современа
Европа се одликува и со здружување на државите на стопански, на културни и на
политички основи. Таква е Европска Унија, која денес обединува 28 држави.

Вообичаено се издвојуваат регионите:

 Јужна Европа
 Западна Европа
 Северна Европа
 Средна Европа

You might also like