You are on page 1of 2

Списоци на: членови на Президиумот на АСНОМ избрани на Второто вонредно заседание на 30

декември 1944 година, како и на сите членови на АСНОМ (по азбучен ред)

Президиумот на АСНОМ е раководен орган на АСНОМ со извршни и законодавни


ингеренции. Своите законодавни ингеренции ги извршува во периодите помеѓу пленарните
заседанија на АСНОМ, а извршните ингеренции - самостојно. Избран е на Првото заседание
на АСНОМ на 2 август 1944 година, а постои до Третото заседание на АСНОМ од
април 1945 година, кога се реконституира како Президиум на Народното Собрание на
Македонија. Претседател на Президиумот на АСНОМ е Методија Андонов - Ченто.

Содржина
  [скриј] 

 1Состав на првиот Президиум на АСНОМ


 2Второто заседание на АСНОМ и Работното тело на Президиумот на АСНОМ
 3Третото заседание на АСНОМ
 4Литература
 5Наводи

Состав на првиот Президиум на АСНОМ[уреди | уреди извор]


Во составот на првиот Президиум на АСНОМ, избран на Првото заседание на АСНОМ,
влегуваат следните 22 делегати на АСНОМ:[1]

 Методија Андонов - Ченто (претседател)


 Панко Брашнаров (прв потпретседател)
 Емануил Чучков (втор потпретседател)
 Љупчо Арсов (секретар)
 Владимир Полежиновски (секретар)
 Венко Марковски
 Цветко Узуновски
 Богоја Фотев
 Михаило Апостолски
 Страхил Гигов
 Петре Пирузе
 Кирил Петрушев
 Јован Ѓоргов
 Епаминонда Поп Андонов
 Генадие Лешков
 Кемал Аголи
 Лазар Соколов
 Вера Ацева
 Камбер Хасан
 Ацо Петровски
 Младен Георгиев Челопечки
 Лилјана Чаловска
За поефикасно вршење на извршните ингеренции, на 6 август во рамките на Президиумот на
АСНОМ се формираат осум поверенства. За повереници се назначени: Брашнаров (за
информации), Петрушев (за внатрешни работи), Поп Андонов (за просвета), Соколов (за
народно стопанство и обнова), Фотев (за финансии), Гигов (за сообраќај и градежништво),
Петровски (за социјална политика) и Пирузе (за судство).[2]

You might also like