You are on page 1of 1

Работа на час

На овој час вашата прва задача ќе биде да формирате група од 5-6 ученици. Откако ќе ја
формирате групата, че добиете работен лист.

На денешниот наставен час ќе симулираме формирање и работа на организација од граѓанското


општество (Невладина организација) во нашето училиште. Вашата група ќе ги следи следните
чекори за успешно извршување на поставените задачи.

1. Именување на организацијата;
2. Изберете една од областите која ќе биде главен интерес на вашата организација, на
пример спорт, култура, хуманитарни активности, меѓуучилишна соработка, екологија,
подобрување на училиштето итн.
3. Наведете ја вашата визија за организацијата и изгледот и развојот на училиштето,
односите во него и вашите желби за воведување на новини во училишниот живот;
4. Означете кои се главните цели на вашата организација;
5. Размислете за спроведување на проект кој би го подобрил и би го направил поинтересен
вашиот живот во училиштето и градот;
6. Изработете план за реазлизација на овој проект;
7. Определете потребно време за реализација на проектот;
8. Назначете кои позитивни ефекти би ги имал спроведениот проект врз вашите животи и
образование.

Откако ќе ги реализирате наведените чекори, напишете кратко резиме за нив. Потоа изберете
презентер кој ќе ја претстави вашата програма пред соучениците.

Доколку имате било какви нејаснотии и потреба од помош, консултирајте се со наставникот.

You might also like