You are on page 1of 1

Основни елементи на проектот

Што е училиштен проект?


Училишниот проект претставува детално истражување на определена тема по
однапред разработен план. Таа е сложена задача што бара од учениците, сами
или во група, да го постават проблемот, да истражуваат, за изведат заклучоци или
да го решат проблемот за определено време и да донесат конечен производ што
ќе биде презентиран јавно.
Што треба да има секој добар проект?
Добриот училиштен проект:
✓ Има цел и мора да даде производ;
✓ Подразбира сложена задача (што се разложува на поедноставни);
✓ Има определено времетраење односно рок за изработка;
✓ По правило, вклучува повеќе ученици(работа во група);
✓ Подразбира соработка на сите учесници.

Што се постигнува со изработката на проектот?


Со учеството во изработката на проектот ќе се здобиеш со многу способности:
Ќе развиеш способност за тимска работа, односно ќе научиш:
• како да го искажеш своето мислење;
• како да го прифатиш туѓото мислење;
• како да дадеш мислење за туѓа работа и
• како да прифатиш критика за својата работа.
Ќе развиеш способност за донесување одлуки.
Ќе развиеш критички односи кон својата и кон туѓата работа.
Ќе развиеш способност за презентирање.

Училишниот проект се состои од следните фази:

Пронаоѓање тема за проектот;


Определување на задачите и целите на проектот;
Планирање;
Истражување;
Изработка на проект.

Изработил: име презиме одд.

You might also like