You are on page 1of 2

ОПЕРАТИВЕН ПЛАН ЗА ЧАС

Училиште: ООУ “Страшо Пинџур” с. Соколарци


Одделение: VIII одд. – Чешиново
Дата: 28.09.2015
ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ
Наставна тема: /
Наставна содржина: Глобални цели за одржлив развој
Тип на часот: Нова активност
Наставник: Влатко Давитков

Цели на часот:
 Учениците да можат да објаснат што се Глобалните цели за одржлив развој и зошто се
важни;

Наставни методи: Наставни форми: Услови и средства за


работа:
 Метод на дискусија,  Фронтална  Глобални цели –
 Метод на усно  Групна (парови) додаток 2
излагање,  Табла и креда
 Метод на  Хартија
презентација  ЛЦД проектор

Структура на часот:
Воведен дел:
 Изложување на прашањето: “Кои се најголемите проблеми со коишто се соочуваат луѓето
во нашата заедница/земја/светот?
 Работејќи во парови, учениците се обидуваат да ги набројат некои од најголемите
проблеми со коишто се соочува нивната заедница, земја или светот.
Главен дел:
 Наставникот им ги покажува Глобалните цели на учениците и се прави споредба со
проблемите кои ги навеле учениците од воведниот дел.
 Учениците гледаат на ЛЦД проектор анимиран филм кој е направен со цел приближување
на Глобалните цели до учениците.
 Активност: Учениците имаат задача со свои зборови да ја довршат реченицата “Глобалните
цели се важни за мене бидејќи...“ со ограничен број на зборови, за да може да се изработи
наслов на напис (како за во весник).
Завршен дел:
 Наставникот им дели на учениците лист хартија на кој учениците треба да нацртат квадрат
приближно 12cm x 12cm.
 Учениците треба да нацртаат една слика од стрип што прикажува како тој ученик ја користи
својата супермоќ. Во балонче за говор ја пишуваат нивната замисла како можат да
помогнат во остварувањето на Глобалните цели.

You might also like