You are on page 1of 3

Основни елементи и фази на проект

Што е проект?

Проект претставува извесно прашање или проблем на кои ученикот или


истражувачот можат да одговорат со помош на  стратегии за решавање проблеми и
користејќи различни ресурси.

Чекор 1

Дефинирање тема за проект

Ученикот избира тема на која би сакал да работи за време на проектот.

Треба да се внимава дали темата има јасна цел, дали може да се истражи и дали може
да се сработи во предвидената временска рамка.

Чекор 2

Развивање на план за изработка на проектот

Поделба на задачите во групата.

Какви информации ни се потребни?


Колку информации ни се неопходни?

Каде можат да се најдат информациите?

(пример: интернет, книги, списанија и друго.)

Колку време е потребно да се направи проектот?

Чекор 3

Собирање на податоци

Наоѓање на текстови, слики, видео записи, аудио записи и други потребни материјали
во електронска форма за изработка на проектот. Нивно зачувување во папки.

Чекор 4

Сортирање и анализирање на податоците

Во оваа фаза од проектот треба внимателно да се прегледаат податоците што се


собрани во претходната фаза. Се врши анализа (проценување) на собраните податоци
за да се оддели она што е важно од она што е неважно. Потоа мора систематски да ги
организираме важните податоци ( по папки) за да ни бидат од корист при изготвување
на проектот.

Чекор 5

Синтетизирање на податоците

(изработка на проект)

Во оваа фаза започнува изработката на конкретниот проект со употреба на претходно


собраните податоци и нивно поврзување во рамките на проектот.

Чекор 6

Вреднување на проектот

Во оваа фаза се врши вреднување на изработената задача (проект). Првин учениците


сами си го вреднуваат трудот, а потоа се врши општа дискусија за тоа дали проектот
целосно ја опфаќа темата, дали има доволно податоци и дали се искористени
стекнатите знаења од наставната тема во чии рамки се изработува проектот.

Чекор 7

Презентирање на проектот

Во оваа фаза секој ученик врши презентација на својот проект, со помош на видео бим
или пак на својот компјутер

You might also like