You are on page 1of 2

Оваа тема ја одбрав поради честите случаи со оваа медицинска проблематика каде

ќе ги утврдам сите ризик фактори кои доведуваат до негово настанување, како и


дијагностичките и тераписките процедури за нејзино санирање.
Колениот зглоб буквално ја издржува целата тежина на човечкото тело и затоа зглобот
на коленото многу често е подложен на повреди од трауматски карактер,
воспалителни процеси, инфекции и дегенератвни промени. Синовитисот претставува
една од причините кој што може да доведе до отекување што води кон собирање на
синовијалната течност. Голем број на луѓе го нарекуваат Вода во колено поради
неговиот често специфичен изглед.

Акумулацијата на течност во интраартикуларниот простор на зглобот се нарекува


ефузија или излив. Во зглобот на коленото, траума, прекумерна употреба, инфекции,
системски причини или промени во остеоартритисот може да предизвикаат излив.
Згобот на коленото се состои од синовијална течност која има антибакетиски својства
кои помагаат да се одржи стерилна средина на зглобот.

Синовитис е медицински третман за воспаление на синовијалната мембрана.


Зглобот најчесто отекува поради акумулирање на синовијалната течност. Вода на
коленото, се јавува кога вишокот на синовијалната течност се акумулира во или околу
глобот на коленото. Знаците и симптомите на вода во коленото зависат од причината
за вишокот на акумулација на синовијалната течност во зглобот на коленото. Тие може
да влучуваат: болка, оток, вкочанетост и модринки. Се препорачуваат општи мерки
како што се одмор, мраз, аналгетици кои го ослободуваат пациентот од болка.

Главен акцент ќе биде ставен во текот на целото истражување на утврдување на


процентуалната застапеност на пациенти заболени со терминот Вода во колено, исто
така и со каква симптоматологија се среќаваат пациентите и каков живот имаат и
покрај сите потешкотии низ кои поминуваат секојдневно.

Истражувањето опфати дел од младата и постарата популација. Еден од главните


аргументи поради кои бевме сконцентрирани на оваа група е тоа да утврдиме колку
тие се запознаени со терминот и сите последици и компликации кои што настануваат
како резултат на нејзино постоење.

Во текот на истражувањето беа вклучени испитаници на различна старосна граница


и различна пол. Има дел од испитаниците кои имаат искуство со терминот, но
поголемиот дел од испитаниците немале здравствени проблеми од типот Вода во
колено и прашањата се одговорени од општо познавање.

Податоците до кој што пристигнавме во текот на изработката на целиот проект


укажуваат на тоа дека изливот на коленото се зголемува со возраста а повеќе ги
погодува мажите отколку жените и главно ограничена на возраст меѓу 50 и 59 год.
Во период на месец Март во 2022 год беше спроведен анкетен прашалник составен
од 10 прашања поврзани со Синовитис на кој што одговорија 21 испитаник каде своите
ставови и мислења ги изнесоа со одговарање на поставените прашања од општо
познавање на овој проблем.

Причините за настанување на ефузија во предел на зглобот на коленото и


зголемување на синовијалната течност, можат да бидат најчесто од физичка повреда,
потешка нфекција или системско заболување.

You might also like