You are on page 1of 4

1.

Бетон АД Скопје/ДГ Бетон АД Скопје е компанија чија основна дејност е во областа на


градежништвото. Основните активности на компанијата се истражување, проектирање,
изградба и надзор на стамбени и деловни згради, како и на индустриски и јавни
објекти. Други активности на компанијата се репарација, адаптација и реизградба на
веќе постоечки објекти, производство и трговија со материјали за градежништво,
одржување и транспорт на градежна опрема,изведување на електро и водоводни
инсталациони работи во градежништвото, браварски работи и сл. Исто така за своите
клиенти ДГ Бетон подготвува техничко-инвестициона документација, како и
дополнителна документација во зависнот од потребите на проектот. Компанијата
покрај канцелариите во Р.Македонија, има отворено свои претставништва и во
Германија, Чешка, Либиа, Украина, Србија и Русија./ +389 2 55 13 700
2. Гранит АД Скопје/ГД Гранит АД Скопје е градежна компанија на која основна дејност и
е проектирање, изградба и надзор во градежништвото- нискоградба, хидроградба,
високо градба, изведба на електро инсталации,патишта, мостови, тунели,
производство на градежни материјали и сл. Компанијата има свои претставништва во
Германија, Русија, Албанија, Бугарија, Украина, Хрватска и Црна Гора./ +389 2 3218 700
3. Макстил АД Скопје/Макстил АД Скопје е компанија која е ориентирана кон челичната
индустрија. Врши обработка на челик користејќи ги капацитетите на електропечки за
производство на течен челик, леење на челик, топловалани лимови, производство на
сурово железо, челик и феролегури, рециклажа на метални отпадоци, трговија на
големо со метали и метални руди, трговија на големо со репродукционен материјал,
трговија на големо со отпадоци и остатоци. Главен акционер во Макстил АД Скопје е
Duferco Skop Investment Ltd , компанија од Лихтенштајн./ +389 2 3287023
4. РЖ Институт АД Скопје/РЖ Институт АД Скопје се занимава со производствена и
истражувачка дејност. Компанијата произведува алуминиум и алуминиумски гранули,
огноотпорни материјали за потребите на челичната индустрија, песоци за пескарење и
за кочни системи, индустриска вар. Истражувачката дејност на компанијата вклучува
истражување од областа на рударството и металургијата. Седиштето на компанијата се
наоѓа во Скопје./ +389 2 3288 000
5. РЖ Услуги АД Скопје/РЖ Услуги АД Скопје се занимава со собирање, прочистување,
призводство и дистрибуција на вода за пиење и индустриска вода. Покрај тоа
компанијата извршува и други дејности како што се телефонски и интернет услуги,
услуги за обезбедување и противпожарна заштита, сервисирање на противпожарни
апарати, производство и дистрибуција на гас, техничко испитување и анализа,
транспортни услуги, градежни услуги и др. Главното седиште на компанијата се наоѓа
во Скопје./ +389 2 3288088
6. Алкалоид АД Скопје/Алкалоид АД Скопје е компанија која работи на производство на
лекови, преработка на билни суровини и производство на козметички и хемиски
производи. Компанијата нуди неколку илјади различни фармацевтски, хемиски,
козметички  и прехрамбени продукти, и се исто така активно инволвирани во
пронаоѓање и воведување на нови производи.
Подружниците на Алкалоид АД Скопје се лоцирани во Русија, Швајцарија, Словенија,
Хрватска, Србија, Црна Гора и Бугарија.  /+389 2 3 104 007
7. Адинг АД Скопје/АДИНГ е водечка компанија во Југоисточна Европа за производство и
пласман на хемиски материјали за градежништвото, основана во1969 година.
Седиштето на матичната компанија и најголемиот производствен погон се наоѓаат во
Скопје, Р.Македонија, а со свои претставништва и дистрибутери е присутна на повеќе
од 13 пазари од регионот на Југоисточна Европа, Блискиот Исток и Азија. Компанијата е
присутна со свои производствени погони и во Р.Бугарија и Р.Иран, додека свои фирми
претставништва има во Р.Србија, Р.Казахстан и Р.Грција. Производствената програма ја
сочинуваат повеќе од 100 производи кои нудат решенија за најспецифични проблеми
со кои се соочува модерното градежништво. Речиси 60% од производството на
компанијата денес се пласира на надворешните пазари, па оттука и големиот број на
референтни објекти на овие пазари каде се вградени производите и технологиите на
АДИНГ. Целата групација АДИНГ, денес има повеќе од 150 вработени од кои околу 90
вработени се во матичната компанија, а останатите во компаниите членки на
групацијата во Р.Македонија и светот. АДИНГ е инженерска компанија со повеќе од
40% градежни инженери, архитекти, хемиски инженери, технолози и други
високостручни профили./ +389 2 32 39 257
8. АрцелорМиттал (ХРМ) АД Скопје/Основната дејност на Друштвото е производство на
топло валани котури и топло валан лим./ +389 23 24 39 00
9. Идевелоп АД Скопје - долгорочно суспендирано од котација/Основната дејност на
“ИДЕВЕЛОП“ А.Д. Скопје е останати услуги во врска со информатичка технологија и
компјутери/+389 2 322 0093
10. Либерти АД Скопје/Основната дејност на Друштвото е производство на топло валани
лужени котури, ладно валани котури и ладно валан лим, поцинкувани котури и лимови
и пластифицирани поцинкувани котури./ +389 23 24 39 00
11. Мермерен комбинат АД Прилеп/Приоритетна дејност на Друштвото е вадење на
декоративен камен и камен за градежништво, варовник, суров гипс, креда и шкрилци./
+389 48 418 940
12. МЗТ Пумпи АД Скопје/Приоритетна дејност на МЗТ ПУМПИ АД Скопје е производство и
монтажа на пумпи, турбини, хидраулична и еколошка опрема и компресори.
Производство на други пумпи и компресори./ +389 2 2549 817
13. Неметали Огражден АД Струмица/Основна дејност на „Огражден“ АД Струмица е
експлоатација и преработка на минерални суровини/+389 34 326 888
14. ОКТА АД Скопје/Во 1982 година, со почетокот на работата на процесните постројки,
ОКТА АД Скопје го доживува своето раѓање и оттогаш до денес е поврзана со уште
еден синоним-единствена рафинерија на сурова нафта во нашата држава. Пред
почетокот на новиот милениум, ОКТА започнува да ја создава својата нова иднина како
дел од големата групација за рафинирање, дистрибуција, трговија со сурова нафта,
нафтени деривати и петрохемиски производи - Хеленик Петролеум. ОКТА постои како
рафинерија која има развиено и своја малопродажна мрежа од 27 ребрандирани
бензински станици. ОКТА планира и понатамошно ширење на својата малопродажна
мрежа со што би се обезбедило целосно задоволување на потребите за нафтени
деривати на потрошувачите во сите региони во нашата држава./ + 389 2 2532 000
15. Раде Кончар- Апаратна техника АД Скопје/Друштвото функционира како холдинг
компанија со повеќе самостојни друштва со ограничена одговорност и успешно
функционира како самостојно инвестициско друштво. Во својата палета на производи и
услуги друштвото се занимава со производство на  производство на AC и DC
управувани моторни и помошни контактори , модуларни контактори, биметални
релеи, нисконапонски прекинувачи, брегасти склопки, електронски временски релеи,
тастери, со еден збор, ги произведува сите основни елементи на релејно контакторско
управување и останати електрични постојки како и сервис и поправка на електрични
производи./ + 389 2 2402 481
16. РЖ Техничка Контрола АД Скопје/Основната дејност на Друштвото е Техничко
испитување и анализа. РЖ Техничка контрола-АД дава услуги за физичко-хемиски и
металуршки
испитувања од областа на индустријата, рударството и металургијата./ +389 2 3287 691
17. Рудници Бањани АД Скопје/Основна дејност на издавачот е вадење на декоративен
камен за градежништво, суров гипс, креда и шкрилци. Главни производи се сепариран
и микронизиран варовник во најразлични фракции. Главни услуги на издавачот се:
бушење, минирање и транспорт./ +389 2 2666021
18. Силекс АД Кратово/Основната дејност на „Силекс“ АД Кратово е рударство и вадење
камен/+389 31 481 481
19. Тајмиште АД Кичево/Основни дејности на Тајмиште АД Кичево, наведувајќи ги
главните производи и услуги се:
• Рударски услуги (транспорт, ископ, дупчење и минирање)
• Производство на жичани производи (жичано плетиво, истегнат метал и
браварија)
• Угостителски услуги ( Хотели - ресторани Хотел Кичево и Куќа на
Уметност)/ +389 45 223 805
20. Трудбеник АД Охрид/Основна дејност на друштвото е изградба на стамбени и
нестамбени згради/+389 46 523 160
21. Фабрика Карпош АД Скопје/Фабрика Карпош АД Скопје е друштво за проектирање,
производство и монтажа на бетонски полуфабрикати, станови, индустриски објекти,
мостови и далноводи./ +389 2 2032 082
22. ФАКОМ АД Скопје/Основната дејност на ФАКОМ АД - Скопје е
проектирање,производство и монтажа на челична конструкција и делови на
конструкции, сите видови на заварени носачи и изградба и како монтажа на опрема за
капитални индустриски и термоенергетски објекти./ +389 2 5513 100ж
23. ФЗЦ 11-ти ОКТОМВРИ АД Куманово/Приоритетна дејност е производство на цевки,
шупливи (издлабени) профили и слични производи од челик. ФЗЦ 11 Октомври АД од
Куманово е голема компанија со релативно мал домашен пазар, поради што е извозно
ориентирана и ги следи побарувањата на националните пазари во Регионот и Западна
Европа, а повремено е присутна и на останатите пазари во Светот. Фабриката располага
со многу широк асортиман на производи од областа на заварени челични цевки и
профили кои наоѓаат примена во повеќе сегменти од стопанството, како елементи за
цевководи и челични конструкции во градежништво, индустријата, сообраќај,
рударство, земјоделието, и други стопански гранки./ +389 31 423 456
24. Фустеларко Борец АД Битола/Основна дејност на друштвото е изработка на амбалажни
кутии од картон за комецијално пакување на производите од: тутунската,
прехрамбената, хемиската, текстилната, фармацевстката, козметика и др. индустрија.
Инсталиран капацитет на друштвото е преработка на хромокартон од бруто 4.500 тони.
Искористеноста на капацитетот се движи околу 50%, се изработуваат најразновидни
кутии по големина и дизајн, по желба на купувачот по негово или идејно решение на
друштвото. Суровините и репроматеријалите друштвото ги набавува претежно од
странство и тоа најголемо учество на набавка на хромокартон е од ЕУРОПАПЕР-
Словенија и ВАСИЛИАДИС-Грција. Друштвото располага со стручен кадар од идеја да
направи најмодерна амбалажна кутија која најдобро го рекламира производот на
малопродажните места. Технолошкиот процес на производството е најсовремен со
увозни машини од најнов тип и најквалитетни увозни суровини и репроматеријали.
Технолошкиот процес започнува со фотолито припрема./ +389 47 239 200
25. Цементарница УСЈЕ АД Скопје/Цементарница УСЈЕ АД е производител на цемент и
други градежни материјали. Како членка на Групацијата ТИТАН, која е
мултирегионален производител на цемент, Цементарница УСЈЕ АД е современа
компанија и активен член на заедницата. Компанијата е лоцирана во Скопје, главниот
град на Република Македонија. Цементарница УСЈЕ АД започна да произведува цемент
во 1955 година, а денес вработува повеќе од 300 луѓе. Цементарница УСЈЕ АД е една од
најголемите компании во земјата и се вбројува меѓу врвните 20 компании според
профитот и резултатите./ +389 2 2782 500

You might also like