You are on page 1of 2

Пламеница на маслодајната репка

-Pernospora parasitica

Оваа болест е претежно распространета во земјите со плодна и повлажна клима.


Симптоми. Пламеницата кај маслодајната репка може да се забележи доколку на
листовите се забележат пеги со неправилен облик. На почетокот од појавата на оваа
инфекција пегите имаат свелтожолта боја а покасно стануваат светло-смеѓи со темно-смеѓ
прстен околу пегата. Со развојот на болеста пегите се соединуваат. На лицето од
листовите на кои што се формираат пегите се создава пепелава прекривка, а од опачината
на листовите се забележуваат пепелави конидиофори со кониди.
Патоген. P.parasitica е облигантен паразит. Мицелијата е безбојна, несептирана, се храни
со хустории. Конидиофорите со конидиите излегуваат поединечно или во групи преку
стомините отвори. Конидиите во почетокот се тркалезни а потоа широко елипсовидни.
Габата образува ооспори со кои презимува во растителните остатоци или во вид на
мицелија во самите корени. Во пролет од останатите корени се развиваат изданоци, на
кои таа образува конидиофори со конидии, кои ги остваруваат првите зарази. Најмасовно
образување на конидиофори се случува при температура од 8 до 16 степени целзиусови.
Кониидите се пренесуваат со ветрови и истите ја задржуваат својата ‘ртливост од
површината на лисјата до 10 дена, во сува почва до 11, а во влажна до 22 дена. При
поволни услови на лисјата тие ‘ртат за 3-4 часа, а инкубациониот период трае 4-5 дена на
температура од 20 степени. Пламеницата се јавува кога ноќната температура не преоѓа на
24 степени целзиусови при услови на магла, роса и дождови кога по лисјата се задржува
роса до наутро.
Заштитa: најдобри мерки за заштита се превентивните мерки и тоа да се користи здраво и
запрашено семе, да се запази плодоредот а остатоците кои што се заразени од оваа
пламеница треба да се соберат и запалат. Од хемиските средства Манкозеб и Металаксил
се најпознати фунгициди за заштита.

You might also like