You are on page 1of 22

УКИМ – Медицински факултет – Скопје

Универзитетска Клиника за очни болести

СТАКЛЕСТО ТЕЛО
Corpus vitreum
Виш Науч.Сор. Др. Емилија Ѓошевска Даштевска
С Т А К Л Е С Т О Т Е Л О (Corpus vitreum)
Просторот од леќата и
цилијарните зонули до
ретината е исполнет со
стаклесто тело.
На стаклестото тело
отпаѓа 4/5 од волуменот
на очното јаболко.
Претставува густa,
вискознa, провидна
маса која ја исполнува
очната јаболка.
Состав:
99% вода,
1% - колагени фибрили, хијалуронска киселина,
белковини и електролити.
Во мал број се застапени и сопствени клетки,
периферно распоредени - ,,хијалоцити".
Стаклестото тело нема свои крвни садови, ниту
инервација. Се исхранува по пат на дифузија од
соседните ткива, пред се од ресичките на
цилијарното тело.
Стаклестото тело има безструктурна
хомогена мембрана, која позади
налегнува на ретината.
Од напред се наоѓа вдлабнатина
(fossa patelaris s.hyaloidea) во која лежи
задната капсула на леќата.
Покрај улогата да ја одржува
цврстината на очното јаболко, да
пропушта светлосни зраци има и
метаболичка улога – ја
редистрибуира енергијата добиена
пред се од ресичките на цилијарното
тело, на леќата и ретината.
Заматувањата во стаклестото тело
можат да бидат со прашинест, кончест
или крпест изглед.
Испитување на стаклестото тело се врши паралактички, со просветлување на очното дно со
офталмоскоп (со конвенсно стакло +1 до +6Д) , бидејќи на тој начин подобро се гледаат
промените во стакловината. Пациентот треба да го придвижува очното јаболко и заматувањата се
придвижуваат, како да пливаат, флотираат.
Истите се гледаат како прашинести или кончести како се движат на црвениот рефлекс на очното
дно.
Покрај со директен офталмоскоп, може да се врши иследување и на биомикроскоп со
Голдманова лупа, со индиректен офталмоскоп, како и со ултразвук.
Конгенитални аномалии

Arteria hyaloideae persistens


Во текот на интраутериниот развој
леќата се исхранува преку хијалоидната
артерија (гранка на a.centralis retinae),
која поминува низ стаклестото тело. Пред
крајот на 8-миот месец таа облитерира и
исчезнува. Во ретки случаеви оваа
артерија или нејзини рудименти, можат
да останат и истите да се гледаат како
нежна мембрана или влакна со
инсерција на оптичкиот диск. Многу
почесто се среќава кај недоносените
деца.
Овие ембрионални остатоци се најчесто
асимптоматски и се откриваат случајно,
при рутински очен преглед.
Corpus vitreum primaria hyperplasticum persistens (CVPHP)
Ако делови од примарниот витреус (хијалоидниот васкуларен систем и tunica
vasculosa lentis) перзистираат и по раѓањето настанува состојба позната како
примарно хиперпластично стаклесто тело. Во 90% е унилатерална.
Клинички се манифестира веднаш по раѓањето, како leucocoria.
За да се издиференцира од други заболувања кои се манифестираат со леукокорија
како на пр. ретинобласто, Mb.Coats и др. потребно е да се направи ехографија.
Заболувања на стаклесто тело
Moushes volantes
Муш волан, мушички пред окото претставуваат
субјективен феномен кој се јавува во сите
возрасти, најчесто кај средовечни, нервозни
лица.
Пациентите ги опишуваат како кончиња или
фигури со различен облик, кои им летаат пред
окото. Особено се изразени кога пациентите
гледаат на бела површина и се уморни,
нервозни и сл.
Претставуваат хијалоцити кои летаат во
стакловината и даваат сенка на ретината.
Офталмоскопски стакловината е чиста,
видната острина на пациентот е нормална.
Во поретки случаеви, кај повозрасни пациенти,
мушичките можат да бидат предзнак на
дегенеративни промени во стакловината.
Дегенеративни промени
Synchysis scintillans
Кај лица кои имале увеитис или имаат висока миопија, артериосклероза или после излив
на крв, доаѓа до дегенерација на витреалните фибрили. Во стаклестото тело се
акумулираат кристали, составени во главно од холестерол.
Наодот во најголем случаеви е асимптоматски, најчесто се инволвирани двете очи.
Нема ефикасна терапија за ова состојба, освен превенција.
Synchysis nivea (Benson-ова болест)
Во стакловината се јавуваат бели мали топчиња, кои подсетуваат на снегулки и
уште се нарекуваат и астероидна хијалоза. Белата боја на овие формации е од
калциумот. Истите флотираат при придвижување на очното јаболко. Не ја засегаат
видната острина, и најчесто се унилатерални.
Овие заматувања најдобро се проценуваат со ултразвук (бројноста,
распространетоста, подвижноста).
Терапија најчесто не е потребна, освен кога го исполнуваат целото стаклесто тело и ја
компромитираат видната острина. Во тие случаеви се прави витректомија.
Opacitates corporis vitrei
Описен наод за сите
заматувања во стакловината.
Најчесто станува збор за
стареење на колагените
фибрили, кога тие на едни
места кондензираат, а на
други се јавуваат празнини,
исполнети со разводнет
витреус. Ова состојба е
позната како синереза.
Терапијата се сведува на
лекување на основната болест.
Свежиот опацитет може да се
повлече, додека старите
остануваат, дури може и да се
влошат.
Ablatio corporis vitrei posterior
Претставува одлепување на задната
стакловина од ретината, за која истата е
лабаво прилепена и се добива клиничка
импресија на мембрана. Нејзината
инциденца расте со староста.
Проценето е дека над 65-годишна
возраст, дури 85% имаат делумно или
целосно одлепување на задната
стакловина.
Се манифестира како мушички,
фотопсии и метафоропсии, нејасен
вид.
Оваа состојба може да се комплицира
со создавање на руптура и аблација на
ретината.
Се дијагностицира офталмоскопски,
со Голдманово стакло или со ултразвук.
Причината за настанување претставува
синерезата.
Потребни се редовни контроли, а ако
има влошување на субјективниот и
објективнот наод, се прави проценка за
витректомија.
Воспалителни заболувања
Во раниот стадиум на иридоциклит,
хориоретинит или папилит, од
дилатираните капилари, влегува
флуид од белковини и клеточни
елементи во cv.
Клинички се манифестира како бел
опацитет, кој со текот на време
станува жолтеникав или кафеав.
Кај ендофталмит се јавува густ
мембранозен или парталест
опацитети во cv.
Cv претставува добра подлога за
развој на микроорганизми и
можност за стварање на абсцес.
Абсцесот се манифестира како
жолтеникава маса која тромо
флотира и истата просијува низ
зеницата.
Изолирано воспаление на cv, може
да се јави и како посебен ентитет
познат како hyalitis ili витрит (vitritis
anterior и posterior). Како причина за
витрит може да биде и herpes zoster
вирусот.
Хеморагии во стаклесто тело
Крварење во cv може да се јави и ненадејно и неочекувано.
Кај повозрасните пациенти најчести прични се: дијабетичната ретинопатија, руптура на
ретината без аблација, регматогена аблација на ретината, неоваскуларизација на ретината
последица на венска оклузија и сл.
Кај децата најчета причина е траума. Конгениталната ретиношиза, парс планитис и
ретинобластом. исто така можат да бидат можни причини.
Третман - кај тешки и рецидивантни крварења како единствен ефикасен начин на лекување
претставува витректомијата.
Паразити во
стаклесто тело
Cystecercus
cellulosae –
исклучително
ретко, се
пренесува преку
заразено месо.
Ехинококова циста
во окото доаѓа по
крвен пат, а
преносот е преку
изметот од кучиња,
поретко од
мачиња заразени
од echinococcus.
Терапија -
хируршка.
БЛАГОДАРАМ ЗА ВНИМАНИЕТО !!!

You might also like