You are on page 1of 1

Случај бр.

62- годишен маж се подложува на годишен скрининг од неговиот работодавец. Тој инаку е фит
и здрав со блага хипертензија контролирана со бисопролол и е многу добар велосипедист.
Неговиот ПСА е покачен (6.4 ng/dL), но сите други тестови , вклучително и рутински крвни
анализи се нормални, Тој ги негира симптомите на долниот уринарен тракт. На
дигиторектален преглед тој има мазна, благо зголемена простата. Урината открива трага само
на протеини.

1. За што се прави ПСА и што е тоа?

-ПСА (простата специфичен антиген) претставува орган специфичен туморски маркер


кој има широка примена во раното откривање на карцином на простата. Во
циркулацијата еден дел од ПСА се наоѓа врзан за протеините од крвната плазма, а еден
дел е слободен. Утврдено дека доколку процентот на слободниот ПСА е понизок,
веројатноста за постоење на карцином на простата расте.

2. Кои се причините за зголемената PSA?

- До зголемени вредности на ПСА водат БПХ и канцерот на простата; воспаление на


простата и перинеална траума.

3. Какви други анализи се потребни за дадениот случај?

- Потребно е да се направи ректална палпација на простата и биопсија.

4. Како се прави биопсија на простата и кои се ризиците?

- Пред биопсија потребна е припрема на пациентот ( прекин на антикоагулантна терапија


неколку дена пред биопсијата, антибиотска профилакса, клизма за прочистување и локална
анестезија со лидокаин). При трансектална биопсија прво се одредува волуменот и изгледот
на простата во две проекции и ТРУС степен на сивост. Земениот материјал се става во
формалин.

Друг начин е секстант биопсија при што се земаат по шест биоптични примероци од секој
лобус. И има проширена биопсија која е модификација на секстант биопсијата.

Можни ризици: инфекции на уринарен тракт, бактериемија, акутен простатит, фебрилна


состојба, крварење. Други компликации се анксиозност и дискомфорт.

5. Што е Глеасон скор?

- Претставува хистолошки степен на туморот на простата земен со биопсија. Резултатот е врз


основа на негиовиот микроскопски изглед. Заедно со другите параметри е вклучен во
одредување на стадиумот на карциномот, прогноза и водечка терапија.

6. Кои стратегии за третман трба да се разговараат со овој човек?

- Зависно од добиените резултати на ПСА<20 μg/l, отсуство на симптоми и возраст >70 години
пациентот се опсервира. Ако болеста подоцна прогредира, треба да се започне со хормонална
терапија.

You might also like