You are on page 1of 1

 Неинванзивен карцином

 Класичен лобуларен карцином ин ситу: Овој вид карцином го зголемува ризикот од


инванзивен карцином на дојки за 8 - 10 пати, и тоа во двете дојки. Овие пациенти
примаат превентивни лекови како тамоксифен, внимателно им се следи состојбата
или имаат хируршки интервенции како што е мастектомијата, каде што се отстранува
целото ткиво на дојката за превентивни цели. Позитивни козметички резултати може
да се добијат доколку се применат заедно со пластични хируршки интервенции,
вклучувајќи протеза и слични реконструктивни процедури.
 Дуктален карцином ин ситу (DCIS интрадуктален рак): Симптомот на овој вид
карцином е наод на неправилна мала калцификација откриена со мамографија
(Мамографијата е рендгенска метода која користи ниска доза на Хзраци и е златен
стандард во раното откривање на ракот на дојка и други патолошки промени во неа.)
Дукталниот карцином ин ситу се смета како премин кон (инванзивни) канцерогени
клетки со потенцијал за ширење од нормалните клетки. Со оглед на тоа што не
формира маса, може да се отстрани со жица или означувајќи го со радиоактивни
материјали. Доколку карцином е со едно жариште, околу него останува доволно
чисто ткиво. Кога се применува радиотерапија за останатото градно ткиво,
заболувањето има клинички позитивна насока. Ако се шири низ дојката, треба да се
отстрани целото градно ткиво (мастектомија)
 Инванзивен карцином
 Најчестиот вид карцином на дојка е дуктален карцином, кој се развива во клетките
кои ги формираат млечните канали кои носат млеко до брадавиците. Тие се
поделени во зависност од аспектот на ширење
 Карциномот кој се развива од лимфните јазли кои произведуваат млеко (лобула) се
нарекува лобуларен карцином. Овој карцином се дели во зависност на видот на
ширење. Ако нема потенцијал на ширење, тој е во ин ситу форма, додека ако има
потенцијал на ширење е во инванзивна форма.
 Стадиуми на ракот на дојка
 Стадиумите на ракот на дојка ги опишуваат големина и раширеноста на ракот низ
телото. Вообичаено ракот се класифицира на скала од 0 до IV, при што поголемите
бројки укажуваат на поинвазивен рак.
 Стадиум 0, исто така, е наречен неинвазивен рак на дојка или преканцерогено
заболување. Тоа значи дека постојат абнормални клетки, но тие се ограничени на
млечните канали или жлезди и не ги напаѓаат околните ткива (карцином in situ).
 ракот на дојката во стадиум IV е напредна состојба кога туморот се шири во далечни
делови од телото, можеби органи или коски.
 Покрај одредувањето на стадиумот, одредувањето на степенот на ракот на дојката
дава дополнителни информации колку клетките на ракот се разликуваат од
нормалните и колку бавно или брзо се очекува туморот да расте. Рак од низок степен
значи дека абнормалните клетки изгледаат слично на нормалните, и најверојатно
тие ќе растат бавно, додека ракот од висок степен е токму спротивното.

You might also like