You are on page 1of 2

Истражување на дишењето кај растенијата

Цел:
Целта на експериментот е да покажеме дека сите живи организми при
процесот на дишење ослободувааат јаглероден диоксид.
Хипотеза:
Сите живи организми дишат и ослободуваат јаглероден диоксид како
отпаден материјал од процесот на дишење.
Потребен материјали:
 две тест епрувети ,
 газа (мрежичка) за чување на семињата
 две плутени тапи за затварање на епруветите
 варова вода
 изртени и мртви семиња
Постапка:
Во двете епрувети А и Б ставаме ¼ варова вода. Во епруветата А ставаме
на подлога (во газа) изртени семиња а во епруветата Б ставаме на подлога
(во газа)мртви семиња. и двете епрувети ги затвараме со плутени тапи.
По неколку дена варовата вода во епруветата А со изртени семиња,
добила млечна бела боја, бидејки тие дишат и ослободуваат јаглероден
диоксид.
Додека варовата вода во епруветата Б со мртви семиња, останала со
иста (не ја променила) бојата , бидејки тие не дишат.
Резултати од постапката:
Потребно е подолго време (2 дена) да се забележат резултатите од
постапката, каде при набљудување се гледа дека вараовата вода ќе стане
млечно бела.
Заклучок:
Ова покажува дека се ослободува јаглероден диоксид при дишење на
растенијата.

You might also like