You are on page 1of 7

Карбоксилни

киселини

Марија Јованова
Ментор: Кети Богданова
Карбоксилните киселини се органски
киселини чија функционална група е
карбоксилната група (-COOH). Таа се состои
од ацил (карбонилна) група поврзана со
хидроксилна група (OH), со тоа што кај
мравската киселина за карбоксилната група е
поврзан еден водороден атом наместо
радикал. Општата формула на карбоксилните
киселини е R-COOH. Тие се среќаваат во
организмот на многу растенија (како
коприви) и животни (како мравките).
Поделбата на карбоксилните киселини може
да се прави на повеќе начини:

видот на радикалот: алифатични,


ароматични киселини итн.
бројот на карбоксилните групи:
монокарбоксилни, дикарбоксилни киселини
итн.
супституирани карбоксилни киселини:
хидрокси киселини, аминокиселини,
оксикиселини итн.
Постојат многу постапки за синтетичко
добивање на карбоксилните киселини.
Најважни се:

Оксидација на алкохоли, алдехиди и


кетони
Хидролиза на нитрили
Хидролиза на дериватите на
карбоксилните киселини.
 Според МУЧПХ, едноставните алифатични монокарбоксилни киселини
се именуваат вака: за основа се зема името на јаглеводород со ист
број на C-атоми (во кој е вклучен и C-атомот од карбоксилната група)
кон кое се додава наставката -ска киселина или -ова киселина. На
пример:

 CH3CH2COOH (пропанска киселина)


 CH3CH2CH2CH2COOH (пентанска киселина).
 Карбоксилната група е функционална група од највисок ранг и затоа
при именувањето има предност пред сите други групи. Значи, ако во
соединението има карбоксилна и други групи, тоа е супституирана
киселина.
 Карбоксилната група е изградена од две поларни функционални
групи(карбонилна и хидроксилна), па затоа карбоксилната група, во
целина, е поларна. Поради заемното влијание на овие групи,
настанува прераспределба на електронската густина, при што доаѓа до
зголемено поларизирање и ослабување на врската О-Н. Затоа се
олеснува дисоцијацијата на водородниот катјон. Поради посложената
структура на карбоксилната група за неа се појавуваат
повеќереакциони цектри (С-атомот и О-атомот од карбонилната група
и О-атомот и Н-атомот од хидроксилната група)..

 Во зависност од типот на радикалот за којшто е сврзана карбоксилната


група, можни се различни реакции. Значи, својствата на
карбоксилните киселини ќе зависи од присуството на карбоксилната
група и типот на радикалот.
 Температурите на вриење и на топење  на
карбоксилните киселини, споредени со соодветните
јаглеводороди или со алкохолите со иста моларна
маса, се повисоки. Тоа се должи на образувањето на
водородни врски меѓу молекулите на киселината, при
што се образуваат димери. Покрај тоа што градат
водородни врски меѓу себе, карбоксилните киселини
градат водородни врски и со водата, поради што
нижите членови се раствораат во вода. Со
зголемувањето  на молекулската маса накиселината,
се зголемува и температурата на вриење, а се
намалува растворливоста во вода.

You might also like