You are on page 1of 2

ЗАДАЧИ ЗА ВЕЖБАЊЕ

ГРАВИТАЦИЈА

1. Лифт се движи нагоре, со забрзување 5 m/s . Колку ќе тежи еден човек во него ако
тежината при мирување му е 600N?
Доколку лифтот добил забрзување 10 m/s2 при издигнувањето нагоре, колку ќе
тежи истиот човек? Колку ќе тежи човекот ако јажето се скине? (900N, 1200N, 0)

2. Пресметај ја височината на која треба да се лансира вештачки сателит , кој секогаш


се наоѓа на исто место над Земјата? (40 000 Km)

3. Со колкава сила се привлекуваат Земјата и Месечината ако се знае дека масата на


Месечината е 0,012 ти дел од масата на Земјата, а нивното централно растојание
изнесува 384 400 Km. (~𝟗 ∙1019 N)

4. Да се пресмета масата на Земјата ако средното растојание меѓу Земјата и


Месечината е 3,84 ∙ 105 Km, а периодот на завртување на Месечината околу
Земјата е 27,3 дена. (6 ∙ 𝟏𝟎𝟐𝟒 Kg)

5. На колкава надморска висина тежината на телото се намалува за 10% ако знаеме


дека радиусот на Земјата е 6370 Кm? (3,5 ∙ 𝟏𝟎𝟓 m)

6. На плафон на лифт е обесен динамометар, а на него тело со маса 1Kg. Да се


определи како се движи лифтот и колку изнесува неговото забрзување, ако силата
што ја покажува динамометарот изнесува 10,81 N. (1 m/s2)

7. На колкава висина над површината на Земјата тежината на едно тело ќе биде за


двапати помала од тежината што тоа тело ја има на површината на Земјата, ако
радиусот на Земјата е 6400 Km. (2650 Km)

8. Радиусот на Месечината е за 3,7 пати помал од радиусот на Земјата, а пак


нејзината маса е 81 пати помала од масата на Земјата. Да се пресмета
забрзувањето на силата на тежата на Месечината! (6 пати помало од Земјиното
забрзување)

9. Да се определи линиската брзина која треба да му се соопшти на вештачки Земјин


сателит за тој да се движи по кружна орбита на висина 1600 Km над површината на
Земјата. Радиусот на Земјата е 6400 Km, а масата 6 ∙ 1024 Kg. (7,1 Km/s)
10. Да се пресмета првата космичка брзина на површината на Месечината, ако
радиусот на Месечината е 1760 Km, а забрзувањето при слободно паѓање на
Месечината е шест пати помало од Земјиното забрзување. (1,7 Кm/s)

11. Радиусот на Земјата е 6400 Km. До кое растојание треба да се оддалечи ракетат од
површината на Земјата за гравитационата сила со која ја привлекува Земјата да е
ослабена 9 пати? (19 200 Km)

12. Помеѓу две топки од 5 Kg и 7 Kg дејствува гравитациона сила од 0,00001 N.


Колкава гравитациона сила дејствува меѓу две топки со маси 15 Kg и 14 Kg на
истото растојание? (6 ∙ 𝟏𝟎−𝟓 N)

13. Од корпата на еден балон се исфрла товар од 50 Kg. Потоа Земјината тежа која што
дејствува на балонот се намалува за 1,5 пати. Колкава била масата на балонот со
товарот? (150 Kg)

14. Тежината на еден човек на Земјата е 950 N. Да се пресмета колку ќе тежи истиот
човек на Месечината, ако забрзување при слободно паѓање на Месечината
изнесува 1,7 m/s2.

15. Најди го времето на завртување на сателит кој е лансиран со брзина 8 Кm/s. (93
мин.)

16. Тело со маса 5,3 Kg лежи на подот на еден лифт кој се качува нагоре со забрзување
од 8,3 m/s2 . Најди ја тежината на телото!

17. Да се пресмета втората космичка брзина ако првата космичка брзина на непозната
планета е 5,6 Km/s а радиусот на планетата е 10,5 ∙ 106 m.

18. Космички брод со маса 6 ∙ 106 kg е лансиран вертикално нагоре. Влечната сила на
моторот е 294 ∙ 107 N. Колкава е резултантната сила што дејствува на бродот?
Колкава ќе биде тежината на космонаутот со маса 60 kg?

19. Колку пати полесно ќе стане тело со маса 1Kg ако го подигнеме на висина од 1 Km?
Радиусот на Земјата е 6 367 Km, a Земјиното забрзување е 9,81 m/s2 .

20. Некој сателит се завртува околу Земјата на секои 98 минути на средна висина од
500 Km. Користејќи ги овие податоци, пресметај ја масата на Земјата!

You might also like