You are on page 1of 2

Можности за иден живот на луѓето на Марс-реалност

Од непријателски пустини до осамени острови и највисоки планини,секаде каде што има


простор да се прошири човекот успеал, така што не е изненадувачки што веќе се
подготвуваме да стапнеме на Марс и да ја сознадеме првата постојана колонија надвор
од Земјата и така човекот да стане интерапланетарно суштество.
Во врска со животот на Марс мојот став е дека е реалност. Со денешната технологија и
брзниата со која се развиваме како цивилизација сигурно е дека во идните генерации ќе
можиме да ја тераформираме црвената планета и да ја населиме. Но за тоа ќе ни бидат
потребни многу години и голем број ресурси. Првиот аргумент е во врска со магнетното
поле. Марс е целосно изложен на радиоактивните зраци од сонцето, затоа најпрво треба
да создадеме вештачко магнетно поле. Не треба да е големо како магнетното поле на
Земјата, но да биде доволно големо да го штити Марс од соннчевата радиоактивност и
сончевите ветрови. Вториот аргумент е тоа што Марс нема атмосфера и без атмосфера
животот би бил невозможен. Затоа би требало да направиме атмосфера слична како на
Земјата, која ќе се состои од околу седумдесет и девет проценти на азот, дваесет и еден
процент на кислород и мала количина на јаглерод диоксид и просечна температура од
четиринаесет степени целзјусови. За оваа цел ни е потребен еден голем ласер со кој би ја
топеле побршината на Марс во период од неколку години. Во кората на Марс се наоѓа
големо количество на кислород и вода, и со топењето на површината на Марс од околу
осум метри низ целата површина на Марс, би добиле доволно количество на кислород за
воздухот, и доволно количество на вода за да се формираат мали океани кои би биле
посолени од оние на Земјата. Исто така со користењето на ласер би можеле да го
изменуваме релјефот на Марс, но и да зачуваме некој природни особености како што се
Олимпус Монс или Валес Маринерис. Но и покрај кислородот ни остана уште една работа
која е потребна за да се формира атмосфера како на Земјата а тоа е азот. Азотот би
требало да го транспортираме на Марс од еден од сателитите на Јупитер, Титан, кој има
дебела атносфера од азот. Но тоа не би било лесно, но не и невозможно. Би ни требало
голем катапулт кој со помош на ротацијата на сателитот би исфрлал капсули од азот кон
Марс.После овај долготраен процес, Марс конечно би имал атмосфера како на
Земјата.Последниот аргумент е биосферата. Инсталирање на нова планета е многу тешко,
неочекувани се интеракциите помеѓу видовите. Најверојатно би започнале со населување
на океаните од страна на фитопланктони без конкуренција, потоа би следеле
зоопланктоните, некои мали риби и на крај можеби дури и ајкули и китови, ако работите
одат добро животот во океаните ќе напредува. Но животот на копно би бил потежок. На
растенијата им треба основа исполнета со хранливи материи. Засега површината на Марс
е исполнета со карпи од лава и пепел, но со помош на ласерот од претходно би можеле
да ги издробиме карпите од лава на поститни делови. Со оваа новодобиена почва би
можеле да го засадиме првото растение на Марс и со тоа би започнал процесот на
фотосинтеза и живот на црвената планета, а потоа би можеле и да населеме и некои
жовотни од Земјата. Но и најмала грешка би можело да донесе до колапс на живиот свет
и затоа би требало да бидиме многу внимателни и да внимаваме на синџирот на исхрана.
И ако многу луѓе можноста за живот на црвената планета ја сметаат за фикција, јас сметам
дека е реалност, бидејќи човекот како суштество напредува со огромна брзина и секој ден
се откриваат нови работи и се соочуваме со нови предизвици. Човекот низ историјата
остварил се што зацртал. Ако не ,совршена како Земјата, црвената планета би ја викале
втор дом и нашата втора шанса.

Леонид Велјановски

You might also like