You are on page 1of 11

Предмет: ГЕОГРАФИЈА

Oдделение: Шесто
Наставник: Владимир Анѓелескии
Техничка поддршка: Александар Стојановски
Директори: Жаклина Божиноска и Павлина Трипуновска
Основно училиште:ООУ Кузман Шапкарев и ООУ Круме Кепески

Датум: 21.09.2020
ПЛАНЕТИ И САТЕЛИТИ
Цели на часот:
• Учениците да ги препознаваат планетите според изгледот и
местоположбата
• Да ги објаснуваат карактеристиките на планетите
• Да ја опишуваат градбата на планетите
• Да научат дека некои планети имаат природни сателити,
помеѓу кои и Земјата
Споредено со ѕвездите кои се светли, планетите се темни
небески тела. Во Сончевиот Систем има осум планети.
Планетите кружат околу Сонцето по неправилни кружни
(елипсовидни) патеки кои што се нарекуваат орбити.

НЕПТУН
УРАН
САТУРН
МАРС
ЈУПИТЕР
ЗЕМЈА
ВЕНЕРА
МЕРКУР
До 2006 година како
деветта планета во
Сончевиот Систем се
сметаше и планетата
Плутон. Но,
Меѓународниот
астрономски сојуз
одлучува дека Плутон
според своите физички
карактеристики треба да
се вброи во групата на т.н
џуџести планети.
ПЛУТОН
Според своите карактеристики планетите се делат на
2 основни групи:

• Планети од Земјен тип (карпести или


внатрешни, тука спаѓаат: Меркур, Венера, Земја
и Марс);

• Планети од Јупитеров тип (гасовити или


надворешни, тука спаѓаат: Јупитер, Сатурн, Уран
и Нептун).
Карактеристики на планетите
МЕРКУР ВЕНЕРА
• Најблиска планета до • Најтопла планета;
Сонцето; • Позната како ѕвезда
• Потребни и се 88 Деница.
денови да направи
еден круг околу
Сонцето.

ЗЕМЈА МАРС
• Единствена планета • Четири пати е помала од
каде има услови за Земјата;
живот поради тоа што • Има највисока планина со
не е ни преблиску ни височина од 26.000 метри
предалеку од или за околу 17.000 метри
Сонцето; повисока е од највисоката
• Потребни и се 365 планина на Земјата
дена и 6 часа да (Хималаи = 8.848 метри).
направи еден круг
околу Сонцето.
Карактеристики на планетите
ЈУПИТЕР САТУРН
• Поголема е од сите
планети Заедно; • Втора планета
• Четврто небеско тело по големина;
по сјајност гледано • Препознатлива
од површината на е по својот
Земјата (после гасовит прстен.
Сонцето, Месечината
и Венера).

УРАН НЕПТУН
• Прва планета откриена • Најсилни ветрови со брзина
со телескоп, откриена до околу 2.000 км на час.
пред околу 300 години;
• И требаат 84 Земјени
години да направи еден
круг околу Сонцето.
Сателити
• Сателитите се небески тела кои кружат околу своите планети.
• Меркур и Венера немаат свои сателити.
• Земјата има 1 сателит (Месечината), Марс има 2 сателити (Фобос и Демос).
• Јупитер има најмногу сателити - 79, Сатурн има 62 сателити.
• Уран има 27 сателити, а Нептун има 14 сателити.

МЕСЕЧИНА ГАНИМЕД
• единствен • најголем сателит
природен во Сончевиот
сателит на Систем, сателит на
Земјата планетата Јупитер;
• поголем е од
планетата Меркур.
Домашна задача:
Бројот пред податокот од левата страна впиши го пред
соодветниот податок на десната страна:

1 МЕРКУР Највисоки планини


2 ВЕНЕРА Единствена со услови за живот
3 ЗЕМЈА Најголема планета
4 МАРС Планета со најсилни ветрови
5 ЈУПИТЕР Најблиска планета до Сонцето
6 САТУРН Прва откриена планета со телескоп
7 УРАН Гасовит прстен
8 НЕПТУН Најтопла планета
Решение на домашната задача:
1 МЕРКУР 4 Највисоки планини
2 ВЕНЕРА 3 Единствена со услови за живот
3 ЗЕМЈА 5 Најголема планета
4 МАРС 8 Планета со најсилни ветрови
5 ЈУПИТЕР 1 Најблиска планета до Сонцето
6 САТУРН 7 Прва откриена планета со телескоп
7 УРАН 6 Гасовит прстен
8 НЕПТУН 2 Најтопла планета
ВИ БЛАГОДАРАМ НА
ВНИМАНИЕТО!

You might also like