You are on page 1of 2

ПРИМЕР ЗА ИСПИТ ПО ФИЗИКА 1

А. Прв дел
Да се одговорат следните прашања

1. (10 поени) Работа, енергија и моќност при вртливо движење.

2. (15 поени) Дилатација на времето според Лоренцовите трансформации и да се објасни.

3. (15 поени) Да се изведе равенката за елонгација на стоен бран.

Б. Втор дел
Следните прашања да се одговорат целосно и постапно, детално објаснувајќи ги сите
чекори. Да се дадат дефинициите и изведувањата на соодветните физички закони

4. (20 поени) Еден пилот е потребно да лета со авион кон север, од точката A до точката B.
Моторите на авионот му соопштуваат брзина v1 = 200 km/h, а ветерот дува од запад кон исток
со брзина v2 = 90 km/h.

а) (10 поени) Како треба пилотот да го насочи авионот


за тој да лета кон север? Колку изнесува неговата
брзина во однос на Земјата?

б) (5 поени) На колкава оддалеченост од точката B би


стигнал авионот доколку пилотот го насочи кон север?

в) (5 поени) Да се дефинира поместување. Колку


изнесува поместувањето на авионот ако тој лета
директно кон север? Оддалеченоста помеѓу точките A
и B изнесува 1000 km.
5. (20 поени) Клапејроновиот циклус прикажан на сликата се состои од две изотерми и две
T V
изохори, при што max   и max  a . Работниот гас е двоатомен.
Tmin Vmin

p
а) (5 поени) Кој процес се нарекува изотермен, а кој 1
изохорен?

б) (5 поени) Да се скицира во кои делови од циклусот 2


гасот прима, а во кои испушта топлина. Колку изнесува
Поасоновата константа за овој гас? 4

в) (10 поени) Колку изнесува коефициентот на полезно 3


дејство на оваа топлинска машина, изразен преку τ и a?
V

В. Трет дел
Да се решат следните задачи

6. (10 поени) Два робота учествуваат во меѓусебна борба на хоризонтална рамнина без
триење. Роботот A има маса од 20 kg и почетна брзина од 2 m/s во x-насока. Тој се судира со
роботот B со маса од 12 kg кој мирува. По судирот, роботот А продолжува да се движи со
брзина 1 m/s под агол од 30° во однос на почетниот правец на движење. Да се најде брзината и
правецот на движење на роботот B.

7. (10 поени) Мало тело врши хармониски осцилации со амплитуда 3 cm. При осцилирањето
кога тоа се наоѓа во точка оддалечена од рамнотежата 2 cm, забрзувањето изнесува 8 cm/s2.
Колкави се периодот на осцилациите и брзината во таа точка?

g = 9,81 m/s2
R = 8,31 J/(mol·K)

You might also like