You are on page 1of 7

АДАПТАЦИИ

Адаптација или прилагодување е посебна


карактеристика која му овозможува на организмот да преживее
во одредена средина.
Прилагодувањето на организмот во животната средина
. може да биде со помош на:
-физичкиот изглед (морфологија)
-внатрешните системи (физиологија) и
-неговото однесување
Постојат различни видови живеалишта, а животните, растенијата и
сите живи организми се прилагодуваат на нив.
Пример:
Рибите имаат адаптации кои им помагаат да преживеат во вода.
* опашката им помага да се движат напред низ водата;
* перките и помагаат на рибата да држи рамнотежа;

. * страничната линија ги регистрира движењата на вотата околу рибата;


* жабрите го апсорбираат растворениот кислород од водата;
* телото е издолжено со што се намалува триењето кога рибата се
движи низ водата.
Покрај општите адаптации, живите организми имаат и
специфични адаптации кои им помагаат да преживеат во околината.
Пример: Ајкула
Специфични адаптации на ајкулата се:
* високо чуствително сетило за мирис,кое може да детектира
капки крв од милји далечина;

. * многу остри заби кои постојано се заменуваат;


* сребрената боја која делува како камуфлажа;
* специјализирани сетилни органи кои може да детектираат звук,
движење и електрични полиња на други организми.
Во ладните предели Во топлите предели
животните имаат: животните имаат :

* Големи тенки уши


* Дебело крзно
* Малку масти во тело
*Слоеви на сало(масти) под
кожата * Долги екстремитети за да
им помогнат на ширење на
*Може да ја менуваат бојата топлината
во текот на летото
* Тие често се активни само
*мали уши во текот на ноќта
*мали влакнести нозе * Имаат издолжен облик на
телото
Поларна лисица Пустинска лисица
* Дебел слој на крзно што ја штити од * Крзното и помага во одржување на
смрзнатини; топлината во текот на студените ноќи;

. * Кратки уши, кои во зимскиот период се


скоро невидливи од крзното;
* Големите уши овозможуваат полесно
губење на топлината, што и помага да се
разлади во топлите денови;
* Густа крв, што овозможува заштита за
време на тешки поларни мразови; * Очите се адаптирани да гледаат и при многу
мала светлина;
* Очите имаат совршени пигментации,
* Долги и силни екстремитети со кои копа
што им овозможува заштита на окото од
јами во пустините, во кои се одмара преку
изгореници кои можат да се добијат од ден;
сончевите зраци кои се рефлектираат од
снегот. * Дебелото крзно на табаните ја штити од
врелиот песок;
* Бојата на крзното им е сина или бела,
* Бојата на крзното и е песочна, што
што овозможува камуфлажа во снегот. овозможува подобра камуфлажа во пустината.
И растенијата се адаптираат во животната средина.
Пример:
Кактусите имаат адаптации кои им овозможуваат полесно да
преживеат во пустината, каде што нема многу вода.
* Имаат дебело стебло што служи за складирање вода;
* Трнчиња кои ги спречуваат жедните животни во потрага по
. вода да го изедат клактусот;
* Долги корења кои може да пронајдат вода длабоко во почвата.

You might also like