You are on page 1of 11

РУЏЕРО ЛЕОНКАВАЛО

РУЏЕРО ЛЕОНКАВАЛО –
КРАТКА БИОГРАФИЈА
• Руџеро Леонкавало е познат италијански оперски композитор и либретист за
повеќето свои опери. Продуцирал бројни опери и други песни во текот на
неговата кариера. Многумина го сметаа за најголемиот италијански либретист на
своето време.
• Роден е во Неапол на 23 април 1857 година. Татко му бил судија и како дете, тој се
преселил со својот татко во градот Монталто Уфуго во Калабрија, каде
Леонкавало живеел за време на своите тинејџерски години. Подоцна се вратил во
Неапол и се школувал на градскиот конзерваториум Сан Пјетро а Мајела, а
подоцна и на Универзитетот во Болоња студирајќи литература под водство на
славниот италијански поет Џосуе Кардучи.
РУЏЕРО ЛЕОНКАВАЛО –
ЖИВОТОТ ВО ЕГИПЕТ
• Во 1879 година, вујкото на Леонкавало, Џузепе, директор на одделот за печат во
Министерството за надворешни работи во Египет, му предложил на неговиот млад
внук да дојде во Каиро за да ги покаже своите пијанистички способности.
• Набргу по пристигнувањето во Каиро, Леонкавало започнал да работи како учител
по пијано и како пијанист кај братот на некој истакнат политичар. По политичките
проблеми во Египет, Леонкавало во 1882 година заминал за Франција. Во Париз,
Леонкавало се сместил во најживописниот дел од Париз, на Монмартр.
РУЏЕРО ЛЕОНКАВАЛО – ЖИВОТОТ ВО
ФРАНЦИЈА
• Агент му обезбедил вработување на Леонкавало како придружник и инструктор
за уметници кои настапувале на неделните концерти главно во кафулиња. Во тоа
време тој ја запознал Берте Рамбо, која подоцна му станала сопруга.
• Сè повеќе инспириран од француските романтичари, особено од Алфред де
Мусет, Леонкавало започнал да работи на симфониска поема со наслов La nuit
de mai. Делото било завршено во Париз во 1886 година, а премиерно било
прикажано во април 1887 година и добило позитивни критики. Со овој успех и
со доволно пари, Леонкавало и Рамбо се вратиле во Милано и тој се посветил на
својата кариера како композитор на опера.
РУЏЕРО ЛЕОНКАВАЛО – ДЕЛУВАЊЕ ВО
ИТАЛИЈА
• Назад во Италија, Леонкавало поминал неколку
години предавајќи и обидувајќи се да добие
продукција за своите опери.

• Во 1890 година тој го видел огромниот успех на


Cavalleria rusticana на Пјетро Маскањи и не
губел време, па почнал да работи на создавање
на сопственото дело Паљачи.
РУЏЕРО ЛЕОНКАВАЛО –
МЕЃУНАРОДЕН УСПЕХ

• Во 1906 година композиторот донел пејачи и оркестарски


музичари од миланската скала за да изведуваат концерти на
неговата музика во Њујорк.
• Имал голема турнеја низ Соединетите американски држави
која била прогласена за успешна.
• Имал успех со операта Зингари, која премиерно била изведена
на италијански јазик во Лондон во 1912 година. Зингари стигна
и до Соединетите Држави, но набрзо исчезна од репертоарот.
РУЏЕРО ЛЕОНКАВАЛО – СМРТ И ПОТОА

Леонкавало починал во Монтекатини Терме,


Тоскана, на 9 август 1919 година. Неговиот
погреб бил оддржан два дена подоцна, со
стотици присутни, вклучително и колегата
композитор Пјетро Маскањи и долгогодишниот
ривал Џакомо Пучини. Бил погребан во
Фиренца, Италија.
МУЗИЧКИ ОПУС
ОПЕРИ

• Pagliacci – изведена на 21 Мај 1892

• I Medici – изведена на 9 Ноември 1893

• Chatterton – изведена на 10 Март 1896

• La bohème – изведена на 6 Мај 1897

• Zazà – изведена на 10 Ноември 1900

• Der Roland von Berlin – изведена на 13 Декември 1904

• Maïa – изведена на 15 Јануари 1910

• Zingari – изведена на 16 Септември 1912

• Mimi Pinson – изведена на 1913

• Mameli – изведена на 27 April 1916


МУЗИЧКИ ОПУС

ОПЕРЕТИ
• La jeunesse de Figaro
• Malbrouck
• La reginetta delle rose
• La candidata
• Prestami tua moglie
• Goffredo Mameli
• A chi la giarrettiera?
• Il primo bacio
РУЏЕРО ЛЕОНКАВАЛО
• До ден денес Леонкавало останува во голема мера познат по Паљачи, едно од најпопуларните и
најчесто изведувани дела во оперскиот репертоар. Неговите други композиции ја вклучуваат
песната „Матината“, популаризирана од Енрико Карузо и симфониската поема La Nuit de mai.
• За секој што би сакал да ужива во композициите на овој музички гениј, повеќе линкови следат:
1. Паљачо во изведба на Лучиано Павароти - https://www.youtube.com/watch?v=mONTSRzdRZw
2. Матината во изведба на Пласидо Доминго – https://www.youtube.com/watch?v=cbZpR2ZPNoM
3. Kлавирски изведби - https://www.youtube.com/watch?v=aY3whK9sYMQ
ВИ БЛАГОДАРАМ

You might also like