You are on page 1of 10

ПОДЕЛБА НА Тема :Вовед во литературата

ЛИТЕРАТУРАТА
ПОДЕЛБА НА ЛИТЕРАТУРАТА
Во своето повеќемилениумско постоење , литературата се развивала, се
менувала, се усовршувала, како по својата форма, така и по својата содржина.
Поделбата на литературата е направена врз основа на некои белези на
литературните дела .

Според формата на
Според творецот кој ја создал
искажување

Според историскиот
Според внатрешните белези
развиток
1.СПОРЕД ФОРМАТА НА
ИСКАЖУВАЊЕ

Стих Проза
СТИХ/ПРОЗА
Стихот и прозата се двата начина на кои се пишува литературата.
Стихот е метрички организиран говор ,а прозата опфаќа се’ што е напишано во
слободни реченици.
Не значи дека се’што е напишано во стих е лирика, бидејќи постои и лирска
проза .
Не значи и дека се’ што е напишано во проза е епика, бидејќи епски дела се
пишуваат и во стих (епови, епски песни, романи во стихови...)
2.ТВОРЕЦОТ КОЈ ЈА СОЗДАЛ

Народна Уметничка
НАРОДНА/УМЕТНИЧКА
Човекот создавал литературни дела уште во првобитната заедница кога
писмото се’ уште не постоело ,така што по устен пат се предавале од
генерација на генерација . Бидејќи оваа литература е колективно дело на еден
народ се вика народна литература.
Со појавата на писмото творецот на литературното дело започнал да го
потпишува своето име и така започнал процесот на создавање на уметничката
литература.
3.СПОРЕД ИСТОРИСКИОТ
РАЗВИТОК
постмодернизам
модернизам
реализам
романтизам
класицизам
барок
ренесанса
среден век
антика
ВРЕМЕТО КОГА Е
СОЗДАВАНА
Оваа поделба е направена врз основа на времето кога е создавана и според
заедничките белези на литературните дела .
За поголема прегледност уметничката литература е поделена на повеќе
литературни правци и периоди со свои специфични белези : антика, среден век,
ренесанса, барок,класицизам,романтизам,реализам,модернизам и
постмодернизам.
Оваа поделба си има свои недостатоци .
На пр. во периодот на романтизмот творел реалистот-романсиер Стендал.
4.СПОРЕД ВНАТРЕШНИТЕ
СВОЈСТВА =ЛИТЕРАТУРНИ РОДОВИ

Лирика Епика Драма


ЛИРИКА,ЕПИКА ,ДРАМА
Сите уметнички дела без оглед дали се пишувани во стих или проза , без оглед
дали се народни или уметнички, без оглед дали се сега создадени или пред
2000 години се делат на три литературни рода :
*лирика-изразувачка литература
*епика-раскажувачка литература
*драма-претставувачка литература ( двојна ,дуална природа, да се чита како
литературен текст и да се гледа во театар како претстава )

You might also like