You are on page 1of 3

1.

УЛОГАТА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО
Фактори на производство се: труд, капитал, земја и претприемништво
За да може да се оствари некои производство односно да имаме излез(аутпут) треба да
имаме соодветен влез ( инпут). Како влез во производството се трудот(луѓето), земјата,
капиталот и претприемништвото како четврт фактор. Според тоа за да се зголеми едно
прозиводствто треба да се инвестира во сите влезови на најдобро би било да се инвестира
во претприемништвото.
За да го дефинираме претприемништвото не постои општо прифатена дефиниција, но
може да кажеме Претприемништвото е процес на откривање можности и превземање
активности (ризик) за реализација на тие можности со рационална употреба на
постоечките ресурси.
Често пати претприемништвото е покарактеристично за микро, малите и средните
претпријатија отколку за големите претпријатија.
Така малите бизниси бараат можности и превземаат ризик да го прошират својот бизнис
многу повеќе од големите, а токму непостоењето на претприемништвото се смета за еден
од главните виновници за пропаѓањето на малите претпријатија.
Создавањето на вакви мали бизниси во кои сопствениците имаат претприемнички дух е
клучен елемент за развој на економијата затоа што се провлекуваат свежи ресури, се
развиваат нови идеи и се отвораат нови работни места. Воведувањето на нови идеи значи
и нови производи, за ко исе потребни нови начини на производство а со тоа се зголемува
продуктивноста што води кон економски раст кој на крај влијае на подобриот животен
стандард на луѓето.

2. СУШТИНСКИ КАРАКТЕРСТИКИ НА претприемништвото

За претприемништвото се важни следниве елементи:


1. Иновација
2. Ризик
3. Комбинација и супституција на производните фактори
4. Рационално користење на постоечките ресурси

2.1. ЗНАЧЕЊЕ НА ИНОВАЦИИТЕ


Претприемништвото се базира на иновации. Таа може да се однесува на:
- Откривање нови пазари
- Создавање на нова организациска структура
- Измена на постоечка организациска структура
- Измена на постоечка технологија
- Воведување на нова технологија
- Воведување на нови производи
- Измена на постоечки производи
- Воведување на нови суровини
- Откривање на нови извори на енергија
- Нови начини на работа
Иновацијата може да биде воведување на нов производ( сапун, телевизор, компјутер,
телефон, дрон...) или замена на постојниот призвод со некоја нова подобрена функција на
пример (течен сапин, андроид телевизор, лаптоп компјутер, воен дрон)
Иновацијата може да биде:
Радикална иновација
Пионерска иновација
Технолошко приспособување
Адаптација
Ако се воведува нов производ со нова технологија тоа е радикална иновација
Ако се воведува нов производ ама со старата технологија тоа е пионерска иновација
Ако се произведува ист производ со нова технологија тоа е технолошко приспособување
Адаптација е ако сме направила мали промени и во производот и во производствениот
процес ( технологијата)
Радикална иновација е персонален компјутер. Безалкохолни пива се пример за пионерска
иновација. Технолошко прилагодување – замена на механичка машина за шиење со
електрична машина за шиење. Адаптација – тетрапак капување наместо во кеса најлонска
или на тетрапак ставање на отворач со завртување
2.2 РИЗИК
РИЗИКОТ претставува преземање на одредена активност која не е сигурна а при тоа може
да се изгуби вложениот капитал.
Секогаш кога преприемачот превзема одреден ризик може да го загуби вложениот
капитал. Идејата на претпиемништвото, е претпримачот да може да ги превиди
околностите и да поседува способности за да може да се справи со тој ризик. Преземениот
ризик треба да биде умерени проценет од самиот претпиемач
Честопати претпиемачот се води од сопствената интуиција
Иако се смета дека претпиемачот се водел од интуиција најчесто тој се потпира на
сопствените знаења и искуства, а особено на желбите на клиентите и очекуваните
резултати со што би стекнал предност пред конкуренцијата. За нив најголем ризик е ништо
да не се превземе
2.3 КОМБИНАЦИЈА У СУПСТИТУЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИТЕ ФАКТОРИ
За да добие оптимално производство и мали трошоци претпиемачите прават: комбинација,
рекомбинација и замена на производствените фактори.
На пример ако е поефтино да искористи ефтина работна сила наместо скапа
енергија(струја) тој ќе ги замени скапата струја за ефтина работна енергија( повеќе
работници)
Еден производ може да се произведе со различна комбиинација на производствените
фактори: со поголем или помал труд, со помалки или повеќе сурови, со помал или поголем
капитал и слично.

You might also like