You are on page 1of 4

Филозофијата е најстарата и најразвиената наука која има различни појави.

Да се даде една точна и општоважечка определба на филозофијата како


наука е многу тешка и неблагодарна работа. Денес, најчесто, кога се
зборува за филозофијата се подразбира дека се зборува за некаква „наука
за мудроста“. Но, веднаш треба да нагласиме дека оваa определба е многу
општа и непотполна и нè упатува пред сè на потеклото на името на
филозофијата. Имено, зборот „филозофија“ е старогрчки. Составен е од два
дела: филос што значи „љубов“ и софија што значи „мудрост“, т.е., заедно,
„љубов кон мудроста“ или „наука за мудроста“. Овој поим е создаден од
Питагора на кого му рекле дека е мудрец- софос, а тој одговорил дека е
љубител на мудроста ( Фило- софос)
На словенските јазици во превод ова би било – мудрољубие или
мудрољувие но поимот филозофија е толку прифатен што сите го
употребуваат тој збор
Филозофијата е присутна во животот. Таа е науказа постоењето на светот,
за суштинатата и смислата на постоењто на светот и луѓето.
Филозофијата е најубавата наука, а луѓето сакаат да ја развиваат
филозофијата, да размислуваат за неа, да ги цитираат мислите на познаттие
мислители и да се потпираат на поуките што таа ги дава.
Затоа филозофијата може да ја разгледуваме како општа наука која нуди
основни сознанија за животот и светото, но тоаа е и извор за другите науки
и служи за дообјаснување на другите науки но може да ја сметаме и како
врв на сите науки што постојат.
Филозофијата е и наука и поезија . додека науката се концентрира на
опишувањето на различни видови човекови дејства и законите кои постојат
во дадена област филозофијата е свртена кон објаснување на светот и
појавите кои постојат во него како целина. Таа како и уметниците преку
персоналноста на филозофите добива една творечка димезија. Исто како
што уметникот се обидува да созаде оригинално уметничко дело, така
филозофите преку своите мисли и дела и даваат оригиналност и
персоналност на филозофијата односно творечка димензија. Мислите на
познатите филозофи создаваат литература со стил и убавина, но и наука.
Сепак филозофијата не е обична литература ниту чиста наука туку израз на
филозофски ум и специфично филозофско мислење и сознание.
Кога го прашале Бернард Расел што е филозофијата икоја е разликата меѓу
филозофијата и науката ? тој рекол дека филозофијаа ев размислување за
нештата за кои се уште немаме конктерно сознание, па како сознанието
напредува така филозпфијата преминува во наука
Филозофијата раѓа идеи – Идеите се еден од најзначајните производи на
човековиот ум. Идејата треба да биде доследна(да не содржи противречни
работи во себе), целосна( да го опфаќа целосно прашањето), збиена и
цврста(да не може да се нерира). Кога една група луѓе мислат слично тоа
преставува поглед на светот или светоглед Таквиот поглед на светот ќе
речиме дека е нечија филозофија.
Филозофска култура Иако чесо пати филозофските искази личат на ќивотни
поуки како на Пример: Се тече се се менува – Хераклит, сепак филозофијата
не е едноставна, таа е мошне сложена наука, таа не е само најстара, туку и
најразвиена наука. Филозофијата расправа за постоењето на светот,
човекот, за нивното настанување, однесување, за човековите мечти и
соништа, сознанија , потреби, инстинкти. Се проучува историјата , се
размислува за човековото општество, за неговата структура и развиток, се
проучуваат политичките, економските, правните, културните и други појави
кои се составен дел на човековото постоење.
При тоа Филозофијата не се служи со обични искази туку нејзините искази
се комплицирани при што таа навлегува во духот на човекот па најчесто
викаме дека Филозофијата зборува на висок стил. Можеби поточно би било
дека Филозофијата развива особен јазик со одредени филозофски термини.
Всушност може да се каже дека тематиката на филозофијата,
запознавањето со неа, кои се најзините главни и специјални сознанија,
значењето на филозофските поими и говор, нивното разбирање и
толкување – сето тоа спаѓа во филозофска култура на еден народ или на
едно време или на една личност.
Денес секоја образована личност мора да има основни познавања од
филозофијата бидејќи филозофските сознанија се дел од образованието на
секој современ човек – хуманитас – како што би рекол Кикерон.
Плурализмот на Филозофијата – Во современиот свет на различни култури
и народи како и идеи и различни политички и социјални определби многу
е значаен филозофскиот плурализам. Така различни мислители имаат
различен приостап кон тоа што е определба на филофофијата. Некои
сметаат дека таа е наука за светот и за појавите во него, некои сметаат дека
најзначајни се прашањата за моралот и етиката, други борбата на доброто
и злото, трети ги интересира напредувањето на човекот низ историјата , а
некои се занимваат со значењето на јазикот како средство за комуникација.
Така плурализмот кој се јавува во филозофијата не само што е природен -
органски и потребен туку може да кажеме е неопходен за развој на
решенијата на филозофските проблеми. Познатиот хрватски и македонски
филозоф Павао Вук Павловиќ рекол – Човекот може да ги избегне
филозофите, но не и филозофијата што значи во човековиот ќивот
филозофијата е неизбежна творба која се развива во секот на времето од
епоха во епоха
Секое време си носи свои различни филозофски ставови па кога се читаат
другите филозофи човек станува свесен за тоа што тие каќуваат нешто што
било карактеристично за нивното време. Сепак кога филозофскот мислење
е единствено тоа личи на прекрасна симфонија. Другото филозофско
мислење би било друга симфонија исто така прекрасна. Важно е дека нема
една најдобра филозофска мисла, секоја е добра и оригинална
ДИСЦИПЛИНИ НА ФИЛОЗОФОИЈАТА
Филозофијата се појавува и како целина преку своите различни
дисциплини. Кои се проблемите кои ги истражува филозофијата ? Секоја
појава, прашање или проблем може да биде предмет на филозофско
мислење. Симбол на филозофијата е прашањето. Така Имануел Кант ги
изразил трите филозофски прашања: Што можам да знам ? Што треба да
знам ? На што можам да се надевам ? Тие 3 се обединуваат во едно
прашање – Што е човекот ? Филозофијата одговара на прашањата- што,
зошто, како ?Филозофите нудат одговори на прашањата, но најпрво доаѓаат
прашањата. На прво место во филозофијата се прашањата за светот, на
неговото настанување, за законитиостите и појавите, као и проблемите за
сознавањето, како човекот сознава како и другите проблеми како
етички,социјални, политички и други.
Дисциплини во филозофијата- Филозофијата има многу дисциплиникои се
разликуваат според предметот на истражувањето, според видот на
сознанијата или според начинот на кој се користат идеите. а создавање на
филозофски школи потребно е исти ставови, интереси, позиции…Тргнувајќи
од сопствени проблеми и решавајќи ги на сопствен начин се создава
сопствен филозофски систем.Еклектицизам - од повеќе собрани ставови со
спротивни погледи се создаваат нови идеи.
Главни филозофски дисциплини се: онтологија, гносеологија,логика,
методологија, антропологија, етика, економика, политика, естетика,
педагогика.
Онтологија-Наука за битието, го истражува она што постои, како настанува,
како се развива… На неа сеприклучуваат космологијата, метафизиката и
филозофијата на природата.
Гносеологија – наука за сознанието

You might also like