You are on page 1of 3

НАУЧЕН ИНСТИТУТ ЗА Примерок

ТУТУН-ПРИЛЕП ПР-ОД-01 Страна 1 од 3


бр.__

ПРОЦЕДУРА: ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА НЕПРИСТРАСНОСТ И


ДОВЕРЛИВОСТ

Одговорен за Координатор за Директор


квалитет квалитет
Издание 1 Јуни 2020

Ревизија 0 Датум Изработил Прегледал Одобрил


НАУЧЕН ИНСТИТУТ
ЗА ТУТУН-ПРИЛЕП ПР-ОД-01 Ревизија 0 Страна 2 од 3

1. ЦЕЛ
Со оваа процедура се утврдуваат одговорноста за обезбедување на непристрасност и
доверливост, чување на деловни тајни и управување со информации добиени или
создадени во текот на лабораториските активности (од давање понуда, преиспитување на
барање или договор земање на примерок, преземање на примерокот од корисникот,
лабораториско испитување до издавање на извештај од испитувањето).
2. ОПСЕГ
Оваа процедура се однесува на сите вработени кои учествуваат во целиот тек на
договарање, преиспитување на барања и договори, земање, преземање на примерок,
лабораториско испитувања и доставување на извештаи од испитување.

3. РЕФЕРЕНТНИ ДОКУМЕНТИ

MK CEN ISO/IEC 17025:2018 (точка 4.1 и 4.2)

Политика за квалитет на Научниот институт за тутун-Прилеп

Прирачник за квалитет на Научниот институт за тутун-Прилеп

4. ДЕФИНИЦИИ И КРАТЕНКИ

5. ОДГОВОРНОСТИ
5.1. Директор
5.2. Раководител на лабораторија/служба
5.3. Персонал во лабораторија

6. ПРОЦЕДУРА
6.1 Раководството треба да обезбеди услови за примена на принципите на
непристрасност, доверливост, објективност и неподкупливост во текот на изведба на
лабораториските активности кои се дефинирани во Кодексот за непристрасност и
доверливост образец ОБ-ОД-01.
6.2. Раководството треба да преземе мерки за спречување на конфликт на интереси на
вработените, ангажираните лица и корисниците. Исто така треба да се идентификуваат
потенцијалните влијанија и притисоци врз непристрасноста (внатрешни и надворешни) со
кои вработените и ангажираните лица може да се сретнат.
6.3. Раководството треба да ги ги анализира потенцијалните ризици по непристрасност и
доверливост во работењето на вработените и ангажираните лица доколку ризикот се
идентификува да се применат соодветни мерки за елиминирање или намалување.
6.4. При вработување, прераспределбата на вработен и ангажирање на надворешни лица
на одредено работно место неопходно е да се запознаени со Кодексот за непристрасност и

ОБ-СФ-02 издание 1, ревизија 0


НАУЧЕН ИНСТИТУТ
ЗА ТУТУН-ПРИЛЕП ПР-ОД-01 Ревизија 0 Страна 3 од 3

доверливост образец ОБ-ОД-01 и да потпишат Изјава за непристрасност, независност и


доверливост образец ОБ-ОД-02.
6.5. Вработените и ангажирани лица се обврзани своите работните обврски да ги
извршуваат непристрасно, објективно и професионално и да се грижат за одржувањето на
Системот за управување во лабораторијата/службата. Со цел заштита на правата на
сопственост на Институтот документација од системот за управување и од
лабораториските активности не смее да се употребува за други цели или да се дава на
трети лица.
6.6. Во случај кога постои лична поврзаност вработените и ангажираните лица со
корисникот на услуги (сопственост, заеднички ресурси, сродство, ангажирање по договор,
вклученост во органи на управување на правно лице или друго) за истото треба да биде
известен директорот.
6.7. Вработените и ангажирани лица кои во своето работење доаѓаат во контакт со
информации, податоци и резултати од испитување од корисниците на услуги се обврзани
да ги чуваат како деловна тајна и доверлив материјал, освен на оние кои се договорени со
корисниците на услуги, односно со законски прописи. Раководителот на лабораторија
контактира со корисниците за овој вид на информации.
6.8. Надворешниите лица (корисник / добавувач) можат да престојуваат во поедини
простории за испитување само во придружба на вработен од лабораторијата и по
потпишување на Изјава за доверливост од корисник/добавувач образец ОБ-ОД-03 со која
се обврзуваат сите информации за лабораторијата и другите корисници да ги чуваат како
доверливи. Надворешниите лица кои се ангажирани за одржување на хигиена и други
повремени услуги исто така потпишуваат Изјава за доверливост од корисник/добавувач.

7. ДИСТРИБУЦИЈА

Примерок бр. Организациона функција


1. Директор
2. Раководител на лабораторија
3. Раководител на секретаријат

8. ЗАПИСИ
8.1 ОБ-ОД-01 Кодекст за непристрасност и доверливост
8.2.ОБ-ОД-02 Изјава за непристрасност, независност и доверливост
8.3.ОБ-ОД-03 Изјава за доверливост од корисник/добавувач

9. ПРИЛОЗИ
9.1. ОБ-ОД-01
9.2. ОБ-ОД-02
9.3. ОБ-ОД-03

ОБ-СФ-02 издание 1, ревизија 0

You might also like