You are on page 1of 1

1.

УЛОГАТА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО
Фактори на производство се: труд, капитал, земја и претприемништво
За да може да се оствари некои производство односно да имаме излез(аутпут) треба да
имаме соодветен влез ( инпут). Како влез во производството се трудот(луѓето), земјата,
капиталот и претприемништвото како четврт фактор. Според тоа за да се зголеми едно
прозиводствто треба да се инвестира во сите влезови на најдобро би било да се инвестира
во претприемништвото.
За да го дефинираме претприемништвото не постои општо прифатена дефиниција, но
може да кажеме Претприемништвото е процес на откривање можности и превземање
активности (ризик) за реализација на тие можности со рационална употреба на
постоечките ресурси.
Често пати претприемништвото е покарактеристично за микро, малите и средните
претпријатија отколку за големите претпријатија.
Така малите бизниси бараат можности и превземаат ризик да го прошират својот бизнис
многу повеќе од големите, а токму непостоењето на претприемништвото се смета за еден
од главните виновници за пропаѓањето на малите претпријатија.
Создавањето на вакви мали бизниси во кои сопствениците имаат претприемнички дух е
клучен елемент за развој на економијата затоа што се провлекуваат свежи ресури, се
развиваат нови идеи и се отвораат нови работни места. Воведувањето на нови идеи значи
и нови производи, за ко исе потребни нови начини на производство а со тоа се зголемува
продуктивноста што води кон економски раст кој на крај влијае на подобриот животен
стандард на луѓето.

2. СУШТИНСКИ КАРАКТЕРСТИКИ НА претприемништвото

За претприемништвото се важни следниве елементи:


1. Иновација
2. Ризик
3. Комбинација и супституција на производните фактори
4. Рационално користење на постоечките ресурси

You might also like