You are on page 1of 16

ДРЖАВЕН ИСПИТЕН ЦЕНТАР

УПАТСТВО ЗА ТЕСТАТОР

ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЕКСТЕРНИ ИСПИТИ ОД


ДРЖАВНАТА МАТУРА ВО УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА

Скопје, 2021 година


Државен испитен центар
Ул ,,Васил Ѓоргов“ б.б. 1000 Скопје
Тел: 02/ 321-6299, 02/322-8869
Факс: 02/322-8866

1. ЗАДОЛЖЕНИЈА НА ТЕСТАТОРОТ

Вие сте назначен за тестатор со Решение издадено од Државниот испитен центар (во
понатамошниот текст ДИЦ) и сте одговорен за:
 учество на обука за тестатори;
 да го проучите Упатството за тестатор;
 спроведување на испитот согласно насоките во ова упатство;
 подигање на испитниот материјал од претседателот на Училишната матурска
комисија на денот на испитот;
 прозивање и идентификација на кандидатите;
 распоредување на кандидатите во испитната просторија на местата за седење;
 доставување на испитните комплети на секој кандидат во испитната просторија;
 проверка дали секој кандидат седнал на соодветно нумерираното место;
 обезбедување на потписи од кандидатите во Формуларот за идентификација на
кандидатите – ПРОТОКОЛ, при давање и враќање на испитниот комплет;

1
 проверка дали кандидатите исправно ги залепиле лепенките со бар кодовите;
 замена на неисправен со резервен тест;
 подготвување на кандидатите за испитот (читање на упатството од тестот);
 почитување на правилата за надгледување и спроведување на испитот;
 изрекување на мерки на кандидатите кои ги кршат правилата за спроведување на
испитот;
 контрола на предвиденото време за испитот;
 пакување на испитниот материјал по завршувањето на испитот;
 предавање на испитниот материјал на претседателот на УМК.

2. СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИСПИТОТ

Испитите од екстерниот дел од државната матура во учебната 2020/2021 година се


состојат од тест и Лист за одговори од ученикот.

2.1. ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ИСПИТОТ

Испитот се спроведува еднократно без пауза, според следниот редослед:


10:00 часот – почеток на испитот

Од 10:00 – 10:15 часот подготовка за испитот (прозивање, легитимирање,


распоредување на кандидатите на нивните места за седење, лепење на едниот баркод на
тестот и другиот на Листата за одговори од ученикот, потпишување во формуларот за
идентификација на кандидатите – Протокол).
ВНИМАВАЈТЕ баркодот од Листата за одговори на ученикот и баркодот од тестот
ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да бидат идентични.

Точно во 10:15 часот почнува решавањето на тестот.

Времето за решавање на тестот е утврдено со испитната програма и изнесува:

 Mајчини јазици (македонски јазик и литература, албански јазик и литература и


турски јазик и литература) - 240 минути;
 Mатематика – 180 минути
 Странски јазици (англиски јазик, француски јазик, германски јазик и руски
јазик) - 180 минути;
 Естетика, Филозофија – 150 минути.

Во времето предвидено за решавање на тестот не се смета времето (15 мин.) за


подготовка на кандидатите за испитот.

Доколку кандидатот заврши со решавањето на тестот порано од предвиденото време,


може да ја напушти испитната просторија. Тестаторот има задача на предната страна од
тестот да го забележи времето кога кандидатот завршил со решавање на тестот.

Не е дозволено да се даде дополнително време за решавање на тестот на ниту еден


кандидат.

2
2.2. ПОДИГАЊЕ НА ИСПИТЕН МАТЕРИЈАЛ

Тестаторот треба да биде во училиштето најмалку 60 минути пред почетокот на


испитот.

Распоредувањето на тестаторите по испитни простории, претседателот на УМК го


врши врз основа на Распоредот на тестатори по испитни простории, изготвен од
ДИЦ.
60 минути пред почетокот на испитот, претседателот на УМК во присуство на
останатите членови на УМК, ги прозива тестаторите и врши нивна идентификација.
Потоа, претседателот на УМК им соопштува на тестаторите во која испитна просторија
или ходник се распоредени и им го предава соодветниот испитен материјал.
Секој тестатор кој ќе биде распореден во испитна просторија, од претседателот на
УМК треба да прими: КОВЕРТ СО ФОРМУЛАРИ И ВРЕЌИЧКА СО ТЕСТОВИ.

Слика 1: Испитен материјал

Секоја вреќичка со тестови и коверт со


формулари има лепенки на кои се
наведени шифрата на вреќичката со
тестови и бројот на испитната
просторија.

Бројот на испитната просторија и


шифрата на вреќичката со тестови и
ковертот со формулари што ги добива
секој тестатор мора да се идентични.

 ЕДЕН КОВЕРТ СО ФОРМУЛАРИ содржи (Слика 2):


 Формулар за идентификација на кандидатите – ПРОТОКОЛ (ФИКП);
 Формулар за спроведување на испитот (ФСИ);
 Формулар за замена на тест (ФЗТ);
 лента со дворедни бар кодови.

 ЕДНА ВРЕЌИЧКА СО ТЕСТОВИ содржи (Слика 3):


 тестови со Листи за одговори од ученикот;
 празна вреќичка во која тестаторот го пакува испитниот материјал по
завршување на испитот.

Слика 2: Содржина на ковертот со формулари Легенда:


1 - Лепенки со бар кодови
2-Формулар за идентификација
на кандидатите –ПРОТОКОЛ
3-Формулар за спроверување на
испитот – ФСИ
4 - Формулар за замена на тест -
ФЗТ

3
2

4
3
1

Слика 3: Содржина на вреќичка со испитен материјал

Легенда:
1- Тестови
2 - Резервна вреќичка за
препакување на испитен
материјал
1

По предавањето на испитниот материјал, претседателот на УМК и тестаторот се


потпишуваат во Формуларот за примопредавање на испитниот материјал на денот
на испитот – ФПИМ 2 (види Прилог 5).

Потоа, тестаторот, по договор со УМК се упатува во испитната просторија во која е


распореден.

2.3. ПРОЗИВКА, ЛЕГИТИМИРАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ И РАСПРЕДЕЛБА НА


ИСПИТНИОТ МАТЕРИЈАЛ

4
Точно во 10:00 часот, тестаторот пред испитната просторија го отвара ковертот со
формуларите, го зема Формуларот за идентификација на кандидатите –
ПРОТОКОЛ и почнува да ги прозива кандидатите.

Откако ќе го прочита името на кандидатот, тестаторот го проверува неговиот документ


за идентификација (лична карта, пасош) и му го посочува местото за седење.

Местата за седење на кандидатите во испитната просторија се предходно


нумерирани.
Нумерирањето на местата за седење во испитната просторија почнува со реден
број 1, а завршува со бројот на последниот кандидат во таа испитна просторија.

ВАЖНО:
При прозивката на кандидатите, тестаторот треба да се раководи ИСКЛУЧИВО
од Формуларот за идентификација на кандидатите – ПРОТОКОЛ (ФИКП). По
прозивката и идентификацијата, тестаторот го упатува кандидатот на
соодветното место за седење.
Бројот на местото за седење на кандидатот во испитната просторија
ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да одговара на редниот број во Формуларот за
идентификација на кандидатите – Протокол.

(пр. Кандидатот со реден бр. 5 во Протоколот треба да седне на место бр. 5 во


испитната просторија).

ВАЖНО: На лепенката со бар кодови има две лепенки со ознака 0 (нулти бар код).
Едната од овие лепенки тестаторот задолжително ја лепи на Формуларот за
идентификација на кандидатите – ПРОТОКОЛ, во предвиденото место (горен
десен агол), а втората лепенка со бар код 0 ја лепи на резервната вреќичка.

Потоа го повикувате кандидатот со реден број 1 (еден) од протоколот да ја потврди


исправноста на испитниот материјал, односно да потврди дека испитниот материјал не
е отворан и не е оштетен. По проверката кандидатот е должен да се потпише во
Формуларот за спроведување на испитот – ФСИ (Прилог 4).

Откако ќе се утврди дека испитниот материјал не е отворен или оштетен, тестаторот ја


отвара вреќичката со тестови.
При добивањето на тестот, кандидатот се потпишува во Формуларот за
идентификација на кандидатите – ПРОТОКОЛ, како потврда дека добил испитен
материјал (види Прилог 1).

Тетстаторот ги потсетува кандидатите едената од лепенките со бар код треба да ја


залепат на насловната страница на тестот, на местото предвидено за тоа (види Прилог
2), а другата лепенка да ја залепат на Листата за одговори од ученикот на местото
предвидено за тоа (види Прилог 3).

2.4. ПРАВИЛА ЗА НАДГЛЕДУВАЊЕ НА ИСПИТОТ

5
 Пред почетокот на испитот проверете дали кандидатите седат на соодветно
нумерираните места, дали местото за седење и редниот број во Формуларот за
идентификација на кандидатите – Протокол (ФИКП) се совпаѓаат.
 Кандидатите кои доцнат, но сепак успеваат да стигнат пред да започне
решавањето на тестот во времето предвидено за подготовка (од 10:00 до 10:15
часот), им се дозволува да го полагаат испитот. На кандидатите кои задоцниле
повеќе од 15 минути не им дозволувате да го полагаат испитот.
 На кандидатите кои на денот на испитот заборавиле да понесат документ за
идентификација им се овозможува да го полагаат испитот. Во таквите случаи
тестаторот го информира резервниот тестатор, а тој го известува претседателот
на УМК Претседателот на УМК стапува во контакт со родителите
(старателите) на кандидатот со барање потребниот документ да го достават
најдоцна 30 минути пред завршувањето на испитот. Во спротивно испитот на
кандидатот не му се признава.
 Додека кандидатите работат движите се низ просторијата, проверувајте дали ги
следат упатствата и дали одговараат на прашањата во соодветниот дел во
Листата за одговори од ученикот.
 Не треба да давате било какви информации кои се однесуваат на содржината на
задачите од тестот.
 Кандидатот смее да ја напушти испитната просторија САМО ЕДНАШ во текот
на испитот, но не подолго од 5 минути и не во првиот час од испитот
(забележете го времето на неговото заминување и се враќање).
 Ако кандидатот ја напушти испитната просторија и не се врати за време
подолго од 5 минути, забележете го времето кога тој заминал и се вратил, на
предната страна од тестот и не дозволувајте му да го продолжи испитот. Во
Протоколот (ФИКП) во графата Забелешки и во Формуларот за спроведување
на испитот – ФСИ наведете ја причината за отстранувањето на кандидатот.
 Во исто време не е дозволено повеќе од еден кандидат да ја напушти испитната
просторија.
 За време на испитот може да присуствува набљудувач (овластено лице од
директорот на ДИЦ). Тие лица се должни да Ви покажат посебно овластување.
 На кандидатот кој ги нарушува правилата за полагање на испит од државната
матура треба да му изречете соодветна мерка, во зависност од направениот
прекршок.

Се изрекуваат следните мерки кои се степенувани:


 Опомена. Оваа мерка се изрекува во случаите кога кандидатот:
 поседува недозволени средства кои не се пропишани со испитната
програма за време на испитот (лист хартија, мобилен телефон или други
електронски направи);
 пишува недолични знаци или содржини во тестот или во листата за
одговори, кои не се поврзани со испитот;
 разменува информации поврзани со испитот.
 Прекинување на испитот. Оваа мерка се изрекува:
 доколку кандидатот по изречената опомена продолжува да ги повторува
прекршоците за кои му е изречена опомената.
Исто така, оваа мерка се изрекува во случаите кога кандидатот:
 препишува од друг кандидат;
 дозволува сопствениот труд да го искористи друг кандидат.

6
2.5. ПРОЦЕДУРА ЗА ЗАМЕНА НА ТЕСТ

Доколку тестот е оштетен, недостасува страница, недостасува листа за одговори или


има печатна грешка, го известувате резервниот тестатор во ходникот, кој го известува
претседателот на УМК дека во Вашата испитна просторија има потреба од резервен
тест.
Претседателот на УМК лично Ви доставува резервен тест, при што заедно се
потпишувате во Формуларот за замена на тест (ФЗТ) (види Прилог 6)

Резервните тестови се со назнака ,,резервен тест" и се спакувани по еден во вреќичка.


Во вреќичката покрај резервниот тест и листата за одговори се наоѓаат и лепенки со
бар кодови.
Еден бар код лепите на тестот и еден на Листата за одговори од ученикот, а третиот
бар код го лепите во Списокот за идентификација на кандидати – Протокол на местото
предвидено за резервниот тест, во графата ,,Забелешки". Во истата графа, означена
со ,,Р" рачно го запишувате името на кандидатот на кој му е даден резервен тест, реден
бр. и сите податоци (Прилог 1).
Четвртиот неупотребен бар-код, го пакувате во резервната вреќичка.

2.6. КРАЈ НА ИСПИТОТ И ПРОЦЕДУРА ЗА ПРОВЕРКА НА ИСПИТНИОТ


МАТЕРИЈАЛ ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ИСПИТОТ

15 минути пред завршувањето на времето за решавање на тестот, ги потсетувате


кандидатите дека времето за спроведување на испитот истекува.
Ако сите кандидати завршат пред предвиденото време, тогаш ги задржувате
последните двајца кандидати, да бидат присутни при препакувањето на испитен
материјал.
Овие кандидати се сведоци дека испитниот материјал (тестовите, Листите со
одговори од учениците, Протоколот) е уредно спакуван од страна на тестаторот се
потпишуваат во Формуларот за спроведување на испитот – ФСИ (точка 9 од
Прилог 4)
По завршувањето со решавање на тестот, кандидатот Ви го предава тестот заедно со
Листата за одговори од ученикот.

ВАЖНО: Пред да го спакувате материјалот во резервната вреќичка должни сте


уште еднаш да ги проверите сите тестови, споредете го бројот на кандидати кои
полагале и бројот на вратени тестови и проверете дали Листите со одговори од
ученикот се наоѓаат во тестовите.

2.7. ПАКУВАЊЕ И ПРЕДАВАЊЕ НА ИСПИТЕН МАТЕРИЈАЛ НА УМК ПО


ЗАВРШУВАЊЕ НА ИСПИТОТ

По завршувањето на испитот, го препакувате испитниот материјал на следниот начин

7
ВО РЕЗЕРВНАТА ВРЕЌИЧКА ГИ ПАКУВАТЕ:
- пополнетите тестовите во кои задолжително треба да се наоѓа Листата со
одговори на ученикот;
- непополнетите тестови (за отсутни ученици);
- Формуларот за идентификација на кандидатите – ПРОТОКОЛ;
- неупотребените лепенки со бар кодови.

ВО КОВЕРТОТ СО ФОРМУЛАРИ ГИ ПАКУВАТЕ:


- Формуларот за спроведување на испитот – ФСИ;
- Формуларот за замена на тест – ФЗТ.

Спакуваниот испитен материјал, го доставувате до претседателот на УМК.


При примопредавањето на испитниот материјал, Вие и претседателот на УМК се
потпишувате во формуларот за примопредавање на испитен материјал на денот на
тестирањето – ФПИМ 2.
ПРИЛОЗИ

8
Прилог 1: Формулар за идентификација на кандидат – Протокол (ФИКП)

Тука се лепи бар


кодот означен со О
(прв на листата со
бар кодови која се
наоѓа во ковертот со
формулари). При
лепењето
внимавајте да не го
оштетите бар кодот.

Во графата
,,Забелешки”
тестаторот ги
запишува
неправилностите при
Редниот број во протоколот секогаш одговара на тестирањето,
редниот број на седење на кандидатот. отстранување од
тестирањето итн.) и
времето на
Место за предавање на тестот
податоци за
кандидатот кој
примил По приемот на тестот и бар Место за лепење
резервен тест. кодовите од тестаторот, на третиот бар- Графа во која
кандидатот се потпишува во код за резервниот кандидатот се
графата ,,Примил” тест потпишува по
предавање на тестот

9
Прилог 2: Насловна страна на тестот

Тука кандидатот
лепи еден од бар
кодовите.
Внимавајте кога го
лепите бар кодот,
тој не смее да биде
оштетен.

Тука запишете го
точното време на
предавањето на
тестот од страна на
кандидатот.

Секој кандидат е должен сам да го прочита Упатството за


решавање на тестот.

Прилог 3: Листата за одговори од ученикот


Место каде
кандидатот
треба да го
залепи вториот Објаснување на начинот на кој
бар код. кандидатот треба да ги забележува
одговорите во Листата за одговори од
ученикот.
Прилог 4 – Формулар за спроведување на испитот - ФСИ

Формулар за спроведување на испитот ФСИ

1. Име на училиштето каде се спроведува испитот: __________________________


2. Место:____________________________________
3. Тестатор (име и презиме со печатни букви): _______________________________
4. Име на институција каде што сте вработени ______________________________
5. Работно место на тестаторот: Наставник по ____________________________
6. Датум на тестирањето ________ _________ _________
(ден) (месец) (година)
7. Наставен предмет по кој се спроведува испитот: _________________________

8. Податоци за времето на траење на испитот (наведете го точното време во


определена колона):
Предвиден распоред на времето
Почетно време Завршно време
Подготовка (распределба на тестови и
лепенки со бар кодови на
кандидатите,читање на упатство на
кандидатите и др.)

Време на испитот

9. Потврда од кандидат дека испитниот материјал не е отворен или оштетен


____________________ ______________________
име и презиме на кандидатот потпис на кандидатот

10. Кандидати кои потврдуваат дека испитниот материјал е спакуван и залепен од


тестаторот
_____________________ _____________________
име и презиме на кандидатот потпис на кандидатот
_______________________________ _____________________
име и презиме на кандидатот потпис на кандидатот
11. Дали имавте технички проблеми со тестовите (недостаток на тестови, вишок на
тестови, печатни грешки , тест на кој му недостасува страна:
Не
 Да (објаснете) _____________________________________________

________________________________________________________________________

12. Дали за време на испитот забележавте други неправилности (недисциплина,


нарушување на испитниот процес и сл.)
Не
 Да (објаснете) _____________________________________________

________________________________________________________________________

13. Дали некој од кандидатите беше отстранет од испитот поради нарушување на


правилата за полагање на испити од државната матура?
Да 
Не
Наведете ги имињата на отстранетите кандидати и образложете ги причините за нивното отстранување:
Отстранет канидидат (име и презиме) Образложение за отстранувањето:
1.
2.
3.

14. Отстранувањето на кандидатот (кандидатите) беше направено од страна на


(обележете со симболот √)
Тестаторот
 Одговорниот набљудувач 
 Тестаторот и одговорниот набљудувач

15. Предлог за поништување на сите испити од државната матура и забрана за


полагање на испити во наредниот испитен рок

Наведете ги имињата на кандидатите на кои им ја изрекувате мерката Предлог за понуштување на испитите од


државната матура и забрана за полагање на испитите во наредниот испитен рок :
Име и презиме на кандидатот Образложение за изрекување на мерката
1.
2.

___________________
Потпис на тестаторот
Прилог 5: Формулар за примопредавање на испитен материјал на денот на
тестирањето – ФПИМ 2
ФПИМ 2
Формулар за примопредавање на испитен материјал на денот на
тестирањето

Училиште: _____________________________________
Наставен предмет: _____________________________________
Наставен јазик: ____________________________

Примопредавање на испитниот материјал за тестирање:

Шифра на вреќичката со тестови: _______________


Шифра на ковертот со формулари: _______________

Датум ________________, час______________________

Предал: Примил:
Претседател на УМК Тестатор
____________________________ ____________________________
(Име и презиме - потпис) (Име и презиме - потпис)

Примопредавање на испитниот материјал од тестирање:

Шифра на вреќичката со тестови: _______________


Шифра на ковертот со формулари: _______________

Датум ________________, час______________________

Предал: Примил:
Претседател на УМК Тестатор
____________________________ ____________________________
(Име и презиме - потпис) (Име и презиме - потпис)
Прилог 6: Формулар за замена на тест
ФЗТ

ФОРМУЛАР ЗА ЗАМЕНА НА ТЕСТ

1. Барање за резервен тест

Тестаторот ___________________од испитната просторија __________


има потреба од ____ по наставниот предмет____________наставен јазик
(број на тестови)

Означете ја причината поради која барате резервен тест:


 Бројот на тестови во испитната просторија е помал од бројот на кандидати
 Недостасува страна од тестот
 Недостасува Листа за одговори од ученик
 Нејасно испечатени делови од тестот
______________________

Тестатор

2. Издавање на резервен тест

Претседателот на УМК ____________________________________________


(цело име и презиме напишано со крупни печатни букви)
издава____, по наставниот предмет________на________наставен јазик.
(број на тестови)

Предал __________ Примил_____________


Претседател на УМК Тестатор

3. Замена на резервен тест

Тестаторот ____________________________________
(цело име и презиме напишано со крупни печатни букви)

Примил___, по наставниот предмет _________ на __________наставен јазик


(број на тестови)

Предал___________________ Примил______________
Претседател на УМК Тестатор

You might also like