You are on page 1of 6

Врз основа на член 14 став (6) и член 15 став (3) од Законот за правосудниот испит („Службен весник на

Република Северна Македонија“ бр. 190/19), министерот за правда донесе

ПРАВИЛНИК
ЗА НАЧИНОТ НА ПОЛАГАЊЕ НА ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ И ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА
УВЕРЕНИЕТО ЗА ПОЛОЖЕН ПРАВОСУДЕН ИСПИТ

Член 1
Co овој правилник се пропишува начинот на полагање на правосудниот испит и формата и содржината на
уверението за положен правосуден испит.

Член 2
Барањето за полагање на правосудниот испит се поднесува на Образец кој е даден во Прилог бр. 1 и е составен
дел на овој правилник.

Член 3
Полагањето на правосудниот испит започнува со писмениот дел од испитот по предметите Кривично и
Граѓанско право и тоа првиот ден се полага Кривично право, а вториот ден Граѓанско право.

Член 4
Писмениот дел од испитот се состои од решавање на определен случај од практиката -архивиран судски
предмет од соодветна област од кој се отстранети списите кои треба да ги изготви кандидатот кој го полага
правосудниот испит.
Сите судски предмети се во еднообразни папки без никакви обележја и нумерации.
Секој кандидат кој го полага правосудниот испит сам го избира својот предмет без запазување на редоследот
по кој истите се наредени.

Член 5
Писмениот дел од испитот трае четири часа и за времето на решавање на случајот од практиката кандидатот не
треба да ја напушта просторијата за полагање.

Член 6
За изработка на писмениот дел од испитот кандидатот добива листови со печат на Министерството за правда
на кои го решава случајот од практиката.
На листовите кандидатот не треба да ги наведува своето име и презиме или други обележја или знаци со кои
може да се открие идентитетот на кандидатот.
На секој кандидат непосредно пред започнувањето на писмениот дел од испитот му се дава и коверт и лист со
печат на Министерството за правда на кој тој ги запишува своите лични податоци (име и презиме и ЕМБГ) и
ковертот се затвора.
Ковертите и/или листовите на кои има додадено одредени знаци или белези се поништуваат и се смета дека
кандидатот не го положил писмениот дел од испитот.

Член 7
Писмениот дел од испитот се спроведува во присуство на членот на Испитната комисија кој е определен за
испитувач по конкретниот предмет или негов заменик и секретарот на Комисијата.
Писмениот дел од испитот се оценува со „добро“ и „слабо“.
Кандидатот на кој писмениот дел од испитот е оценет со „слабо“ не може да полага устен дел од испитот од
наведениот предмет се додека не го положи писмениот дел од испитот.
Пред започнување написмениот дел од испитот, претседателот или членот на Комисијата ги предупредува
кандидатите за одредбите од Законот за правосудниот испит и овој правилник, на кои треба да се придржуваат за
времето на полагањето на писмениот дел од испитот.

Член 8
Решениот случај од практиката се предава пред истекот на времето предвидено за негова изработка на начин
што ковертот со наведени лични податоци за кандидатот, уредно затворен, се захевтува на решениот случај.
По завршување на писмениот дел од испитот најдоцна три работни дена на седница на сите членови на
Испитната комисија записнички се утврдуваат резултатите од писмениот дел од испитот со „положил“ или „не
положил“ и потоа се отвараат затворените коверти.
Член 9
Усниот дел на испитот се полага по сите предмети.
Усниот испит се спроведува пред членовите на Испитната комисија, согласно Законот за правосудниот испит и
секретарот.
За секој предмет пооделно однапред се подготвени прашања на еднообразни листови (картички), така што на
секој лист има по едно прашање.
Кандидатот самиот може да ги измеша прашањата пред да го извлече прашањето или да одбере прашање без
запазување на редоследот на понудените прашања. При изборот на прашањата не треба да се дозволи
нарушување на нивната тајност од ниту еден присутен.
По извлекувањето на трите прашања на кандидатот му се остава доволно време за изработка на концепт на
одговори, но не подолго од половина час.

Член 10
За текот на усниот дел од испитот се води записник во кој се внесуваат следниве податоци: име и презиме на
кандидатот, состав на Испитната комисија, време на полагањето на усниот дел од испитот, испитни прашања по
кои кандидатот се испитува, оценка за усниот дел од испитот и други поважни забелешки во текот на усниот дел
од испитот.
Кон записникот се приложуваат и решените случаи од практиката на кандидатот.
Записникот го потпишуваат претседателот, членовите и секретарот на Испитната комисија.

Член 11
(1) На кандидатот кој го положил правосудниот испит, му се издава уверение за положен правосуден испит на
образец што се печати на хартија со златно жолта боја со формат А4 .
(2) За припадник на заедницата кој зборува јазик различен од македонскиот јазик, а кој јазик го зборуваат
најмалку 20% од граѓаните во Република Северна Македонија, по нивно барање уверението од ставот 1 на овој
член се пишува на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на неговиот јазик и писмо.

Член 12
Образецот на Уверението за положен правосуден испит од член 11 од овој правилник е даден во Прилог бр. 2 и е
составен дел на овој правилник.

Член 13
Со денот на отпочнувањето на примената на овој правилник престанува да важи Правилникот за начинот на
бодување на првиот и вториот дел од правосудниот испит и формата и содржината на уверението за положен
правосуден испит („Службен весник на Република Македонија“ бр.190/14).

Член 14
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република
Северна Македонија“, а ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2020 година.

Бр. 01-4530/5
16 декември 2019 година
Скопје

МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА
д-р Рената Дескоска
Прилог бр. 1

Архивски број ______________


Дата на прием______________

БАРАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ПРАВОСУДЕН ИСПИТ

1.) Име, татково име и презиме на кандидатот____________________________________________

2.) Завршил/а правни студии VII/1 степен или 300 ЕКТС, во_________ година.

3.) Работното искуство/ времето поминато на практика потребно како услов за полагање на правосудниот испит е
стекнато во
__________________________________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________

4.) Се пријавувам за полагање на следните испити: (заокружи број)


1. Кривично право
2. Граѓанско право
3. Трговскo право
4. Трудово право
5. Уставно уредување на Република Северна Македонија и Европската конвенција за заштита на човековите
права и основните слободи
6. Организација на правосудниот систем и управно право
7. Судир на закони и меѓународна правна помош.
5.) Како припадник на заедницата кој зборува јазик различен од македонскиот јазик, а кој јазик го зборуваат
најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија барам уверението за положен правосуден испит
покрај на македонски јазик и неговото кирилско писмо да биде напишано и на овој јазик и писмо. ДА НЕ
(го пополнуваат само припадници на заедниците чиј јазик го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република
Северна Македонија)
Во прилог на овој образец задолжително се доставуваат нотарски заверена фотокопија од доказ за завршени
правни студии I и II циклус или VII/1 степен и доказ за работно искуство на правни работи.

Подносител на пријава
____________________________________
Телефон за контакт__________________
Прилог бр.2

Број ___________ Ев. Книга ___________


_________година Страна _____ бр. _____
УВЕРЕНИЕ
за положен правосуден испит

________________________________________________
ИМЕ, татково име и ПРЕЗИМЕ

дипломиран правник од ______________, роден/а на ____________, дипломирал/а на правни студии на Правниот факултет при Универзитетот
_________________________________________________, на ден ___________ година,
положи правосуден испит на ден _____________ година, пред Испитна комисија при Министерството за правда.

Ова уверение се издава врз основа на член 14 став (3) од Законот за правосудниот испит („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.109/19).

МП
Министер за правда
Скопје/ Shkup

Број/Numër__________ Ев. Книга/Libri evid. ___________


Датум/Data___________ Страна/Faqe _____ бр./nr.______

У В Е Р Е Н И Е/C E R T I F I K A T Ë
за положен правосуден испит/ mbi provimin e dhënë të jurisprudencës

________________________________________________
ИМЕ, татково име и ПРЕЗИМЕ/EMRI, emri i babait dhe MBIEMRI

дипломиран правник од/ jurist i diplomuar më ___________________, роден/а на/ i/e lindur më ___________________, дипломирал/а на правни студии на
Правниот факултет при Универзитетот /ka diplomuar në studimet juridike në fakultetin e drejtësisë pranë Universitetit
________________________________________________________, на ден/më datë ____________________,
положи правосуден испит на ден/e ka dhënë provimin e jurisprudencës më datë _________________________,
пред Испитна комисија при Министерството за правда /para Komisionit të provimit pranë Ministrisë së Drejtësisë.
Ова уверение се издава врз основа на член 14 став (3) од Законот за правосудниот испит („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.109/19).
Kjo certifikatë lëshohet mbi bazë të nenit 14 par. (3) të Ligjit për provimin e jurisprudencës (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së
Veriut” nr. 109/19).

МП/VV Министер за правда/Ministër i Drejtësisë

You might also like