You are on page 1of 20

Интерпретација на

„Канцониерот“од Петрарка
Литературен период: предренесанса
• *„Канцониерот“според Жирмунски
претставува „симфонија за едно срце што
страда од внатрешна неслога“
• *Творештвото на Петрарка е обележано со
личноста на идеалната жена Лаура (култ
кон дамата што е белег на трубадурската
поезија)која ќе стане опсесија на неговата
лирика ,иако најдоминантно место зазема
лирското-јас на поетот
„Канцониерот“е напишан на
народен јазик,на фирентински говор
• *Содржина: „Канцониерот“е составен од
366 песни од кои 317сонети,29 канцони, 9
сестини, 7 балади и 4 мадригали

• *Композиција:составен е од два дела:


• 1 дел:Laura in vitam (За живата Лаура)
• 2.дел:Laura in mortem(За мртвата Лаура)
Петраркистички сонет
• Петраркистичкиот сонет е составен од 14 стиха
(единаесетерци)организирани во строфи 2x4
катрени и 2x3 терцини
• *Во поезијата на Петрарка ги забележуваме
постојаните мотиви кои се повторуваат:
• *убавината на Лаура
• *емоционално доживувања на природата
• *сеќавање на „средбите“
• *безнадежни соништа за возвраќање на
љубовта
I дел:Laura in vitam
• Во овој дел лирскиот субјект ги изразил своите
искрени чувства кон саканата која ја
претставил како образец на добродетелта. Таа
е совршена и нејзината убавина телесно го
привлекува.Таа прекрасна жена Лаура е
недостижна за поетот и затоа неговата љубов е
безнадежна и протакаена со многу тага,
неспокој и самотија.
• Љубовта му донела многу страдања и го мачат
противречни чувства растргнат меѓу
платонската и телесната љубов.
Сонет од Канцониерот
• Благословен нека е и ден и месец и доба,
Година, час, миг златен, она време
И волшебен крај и место каде
Среќа дупла, двојно в пранги ме стави.

• Благословен нека е мигот прв,


Што в пранги ме стави со љубовта мене,
И лак и стрела што срце ми бодат,
И раните кои на срце ми лежат.

• Благословени нека се гласовите сите


Со кои со воздух, копнеж и солзи без број
Бедно го викав на госпоѓата името желно.

• Благословени нека се хартиите на кои


Пишам во нејзина чест, и мислата која
и припаѓа нејзе и на ниедна друга.
Куќата на Петрарка во Арецо
Сонет од Петрарка
• 10. Со чекор бавен, осамен јас шетам
замислено низ тие пусти места;
со буден поглед гледам толку честа
од човек трага овде да не сретнам.

• Од луѓе друга заштита, јас сметам –


од нивното љубопитство – и нема.
Јас, кој поза ладна пред нив земав,
изгорувам со свој`та душа клета.

• И, чинам, знае секој рид и река,


планините и тие магли сиви
за животов во самота што пека.

• Па, иако патиштава се диви,


јас не се скрив: Амор ме стигна еднаш
и в разговор ме сплетка сладок веднаш.
Сонетот „Не, нема мир“
• Душевниот немир и љубовното страдање
Петрарка најуверливо го прикажал преку
сонетот „Не,нема мир“.Во стиховите од првата
строфа поетот употребил контраст за
најсоодветно да го изрази својот немир. Тој се
надева ,се плаши ,но не ја прекорува
Лаура.Љубовта кон неа е неизмерна,
безрезервна,таа му е опсесија, таа му е лек за
неговото пропаѓање.Лаура е извор на неговата
жед и за него и љубовта и животот се болка.
2 дел:Laura in mortem
• Во вториот дел кој е посветен на мртвата
госпоѓа Лаура во неговите спомени се јавува
нејзиниот лик во нова светлина.Таа веќе не е
сурова и безмилосна,Лаура сега го теши ,му ги
брише солзите и внимателно ја слуша неговата
исповед за тоа колку страдал во љубовниот
копнеж по неа. „Канцониерот“завршува со
песна во која поетот ја моли Богородица да
побара прошка за него ,бидејќи не можел да
се откаже од својата љубов.
Сонет од вториот дел Laura in
mortem
• Разболени рими, пат каменест, кама,
Земјата каде драгото ми богатство го скрива;
Викнете ја – одговор небото ќе ми даде –
Иако смртта и крие јама.

• Речете и изгорен сум веќе од животот


Страден, бранови кај што пливаат;
Но, собирајќи ги листовите свои сиви,
Лека, полека одам по чекорите и диви;

• Зборувам за неа жива ил мртва,


Но, жива така во бесмртност цела,
Светот треба така да ја запознае неа.

• Нека пази на идењето мое,


Кое близу е сега; спремно нек ме чека
Кај неа нек ме прибере и нек ме викне така.
Сонет од вториот дел
• Плачам сега по деновите изминати, бол,
Кога за тебе се тресев, смртни свете,
Иако крилја имам, не летнав, не,
Пример да бидам, не долен и зол.

• Ти, што злото го знаеш, и грешно и страшно,


На небото крал вечен, невидлив, со надеж
На душа да помогне што талка, слабее,
И маните со милост да и ги замени;

• Живеев ли така во борба и бури,


Мирно да си умрам, ако животот
Залуден беше, смртта чесна нека биде.

• Смртта и животот што крајот го чекаат,


Раката твоја милозливо помош нека даде:
Ти, барем знаеш, надеж во други немам.


Стилот на Петрарка
• Петрарка е поет на сонетите.Тој го довел
сонетот како утврдена поетска форма до
совршенство.Употребува многу епитети,
споредби и метафори.Косата на Лаура ја
споредува со злато, устата со бисери и
трендафили, веѓите со абоносово дрво, лицето
со топол снег...Метафори: Лаура е сонце,а тој
снег што се топи.Често го користи парадоксот
„без очи гледам“ или „немо за болки зборам“.
• Неговиот стил е прифатен од многу
ренесансни поети наречени петраркисти
Значењето на Петрарка
• Петрарка е родоначалник на новата
европска лирика затоа што во
многувековното средновековно славење на
Бог (преку химни, псалми и молитви во кои
се величи Бог) тој пишува за човекот и ја
воспева земската љубов .Петрарка ја
ослободил лириката од мистицизмот,
алегоричноста и апстрактноста и ја слави
земската љубов со длабока интимна
исповед.
Петрарка и Лаура
Петрарка и Лаура

You might also like