You are on page 1of 7

БАЈКАЛСО И АРАЛСКО ЕЗЕРО

АРАЛСКО ЕЗЕРО
Аралско Езеро или често
нарекувано Аралско Море (на
локален јазик: „море на
острови“) e солено езеро на
границата помеѓу Казахстан и
Узбекистан. До средината на
минатиот век ова езеро беше
четврто по големина во Светот
со површина од околу 68,000 км
кв. и максимална длабочина од
115 метри. Меѓутоа, од 1960
година наваму, езерото старо
близу 6 милиони години,
започна драстично да се
намалува и исушува.
Главна причина за тоа беше
намалениот доток на вода од двете
негови притоки Аму Дарја и Сир
Дарја, чии води беа пренасочени
кон систем за наводнување
изграден од поранешната СССР.
Веќе во 1996 година, површината
на езерото беше преполовена, а во
периодот 2000-2005 година,
некогаш единственото езеро се
подели на северен и јужен дел. Во
2008 година, дури и овие два дела,
поради натамошно исушување се
поделија на источен и западен дел,
односно настанаа Североисточно,
Северозападно, Југоисточно и
Југозападно Аралско Езеро.
Помеѓу 2009 и 2012 година,
големината на овие езера
доста осцилираше. Во 2013
година, големото
Југоисточно Езеро уште
повеќе се намали, а во
август 2014година веќе
целосно се исуши. Тоа е
прв пат по цели 600
години да се исуши оваа
страна на езерото, некогаш
длабока и до 70 метри. 
БАЈКАЛСКО ЕЗЕРО
Бајкалското Езеро е
најдлабокото езеро во светот, кое се
наоѓа во Сибир, Русија. Најголемата
длабочина на езерото изнесува
1.741 метар.
Бајкалското е надлабоко езеро во
светот и во него се наоѓаат 20% од
вкупното количество слатка
површинска вода во светот. Езерото
е долго 636 км и околу широко 50 км.
Било создадено во длабок стар
расаден блок пред околу 25 милиони
години, и затоа е најстаро езеро во
светот. Се смета дека раседот и
натаму е активен, бидејќи езерото
годишно се шири за околу 2,5 см.
 Езерото добива вода главно по
должината на неговиот источен
брег, од многуте реки, како што
се Баргузин и Селенга, кои при
вливот на езерото прават делта.
Бајкалското Езеро добива вода и
од врелите слатководни
подземни извори во езерското
корито. Иркутск се наоѓа во
близината на јужниот дел на
езерото, на местото од каде
истекува реката Ангара,
единствениот истек од езерото.
Езерото е замрзнато шест месеци
во текот на годината.
Бајкалското езеро претставува
важен извор на храна на
жителите кои живеат на
неговите брегови и покрај
фактот дека најголем дел од
годината е покриено со мраз.
Тамошните рибари користат
традиционални начини на
риболов низ дупки направени
во мразот. Најмногу се лови
белицата (бајкалски омул), иако
во езерото живеат 56
видови риба, а половината од
нив живеат единствено во
водите на ова езеро

You might also like