You are on page 1of 3

Кикерон

Марко Тулиј Цицерон или Кикерон(лат. Marcus Tullius Cicero, 3 јануари,106 п.н.е. – 7
декември, 43 п.н.е.) билоратор и државник во Стариот Рим и генерално се смета за
најголемиот говорник на сите времиња.

Биографија

Цицерон се родил во Арпинум, а бил убиен во Формија додека се криел од своите политички
непријатели. Тејлор напишал (како што е цитирано во „Освртти“) „Не е претерано да се каже
дека најбрилијантната ера на Римскиот јавен живот беше отворена од Цицерон и затворена со
неговата смрт—тој стоеше зад својот живот (потекло) и ја следеше својата судбина до гроб.“
Неговата фамилија, од родот Тулиј, биле едни од земјопоседниците и благородници во
Арпинум и поседувале слава и богатство поголеми од другите фамилии во Арпинум, Марии.
Во текот на живото конзервативниот Цицерон одбивал да биде споредуван со тогаш по
познатитот Мариј. Името "Цицерон" произлегува од cicer, латински збор за
"наут". Плутарх објаснува дека името најпрвин било наменето за еден од предците на
Цицерон кој имал засек на носот, кој бил сличен на оној кај наутот. Според Плутарх, Цицерон
бил советуван да го смени ова неблагородно име кога влегол во политичкиот живот, но тој
одбил.

Раните години

Според Плутарх, тој бил екстремно добар студент, неговото брзо и добро учење се разчуло
низ цел Рим.Тој особено ја сакал поезијата, иако не заостанувал и во другите дисциплини.
Во 89 п.н.е-88 п.н.е, Цицеро служел кај Гнеј Помпеј Страбон и Луциј Корнелиј Сула во
нивната кампања во граѓанската војна, иако немал никаква желба за војување. Цицерон исто
така сакал се што е грчко, и во неговата последна желба напишал дека сака да биде погребан
во Грција. Ги сакал старите философи од времето на Платон и ги сметал нивните идеи како
провокации за мислење.

Цицерон служел како квестор во западна Сицилија во 75 п.н.е.. Тој напишал дека на Сицилија го
видел надгробниот споменик на Архимед од Сиракуза, на кој бил изгравиран Архимедовиото омилено
откритие во геометрија, дека соодносот на волумените на впишана топка во најмал можен цилиндар е
2:3. Во тоа време го изградил и своето прво успешно обвинение во случајот против Гај Верес,
поранешен гувернер на Сицилија. Сепак и покрај неговите големи успеси како адвокат, Цицерон
страдал поради недостаток на претставителни предци. Тој не бил ниту нобел-благородник
ниту патрициј-слободен граѓанин и неговата фамилија не била сметана за многу важна. Тој,
исто така, бил попречуван и од фактот дека последниот конзул кој бил избран, а не поседувал
конзулски предци (т.е. последниот "Нов човек", или Novus Homo) бил политички радикалниот и
воинствен Мариј.
Демостен за Александар III
По смртта на Филип II Македонски, на младиот Александар му е сосема јасно дека брзо ќе треба да ја

докаже и покаже својата моќ. Демостен не пропуштил да искоментира дека „од момченцето не треба да се

очекува ништо! Дека нема да мрдне од Македонија и дека ќе се шета низ Пела!“.

Самиот Демостен играл доста важна улога при побуната на Теба. Тој ја ширел информацијата дека

Трибалите ја уништиле македонската војска, заедно со нејзиниот крал, и со него се појавил човек кој

тврдел дека самиот тој бил ранет во битка, во која кралот погинал. Демостен ги мотивирал и подржувал

полисите од Пелопонез, да со воена сила ги поддржат Тебанците.

По Александровата победа тој вели дека е спремен да им прости на Атинците, ако му ги предадат

антимакедонските стратези, меѓу кои и Харидем, Ликург, Хиперид и Демостен. Во Собранието, поддршка

на ова барање од страна на Фокион е проследена со громогласно „уа“, при што Демостен настапува со

говор давајќи пример со басната со овците, кои ги предале своите кучиња на волкот.

Благодарение на Демад, Александар настапува попустливо благодарение на зборовите според кои

Демостен и останатите се толку посрамени да нивниот збор не вреди ништо. По уништувањето на Теба на

Демостен му се вади афера дека проневерил персиско злато за лична корист. Некои податоци говорат за

тоа дека тој му платил на Демад за де тој го застапува кај Александар. Можеби, за ова говори фактот што

по таа 335 година, однесувањето на Демостен кон Александар станува многу по попустливо, и секој пат

кога требало граѓаните да бидат повикани на востание или отпор, тој изјавувал дека треба да се настапи

претпазливо и да не им се помага ни на Спарта, ни на Милет. Тука се гледа разликата во неговото

однесување и дејствување од периодот кога го напаѓал Филип и овој, во кој е амбивалентен.

Неговиот развој како политичар од сите страни бил строго оценуван. Му префрлале за превртливост,

недоследност, соработка со непријателот, па дури и за предавство, коментари кои воглавно биле

злонамерни. Тешко дека Демостен може да биде карактеризиран како демагошки опортунист. Тој неретко

заземал став спротивен од тој на народните маси, затоа што попрво сакал да биде груб и реален, отколку

слаткоречив. Некои сметаат дека после големата вербална воинственост 335-та, тој станал малодушен.

Александар пред својот планиран поход кон Азија сакал да се осигура на домашен терен, па со себе зема

воглавно грчка војска, а на Антипатар му ги препушта големите македонски одреди. Демостен останува

претпазлив во своите ставови и коментари, и советува да не се поддржи Агис III, кој набргу ќе биде

поразен и убиен. Александар за да ги придобие Атинци ги ослободува атинските војници заробени кај

Граник, а ветува дека ќе го запали Персеполис, како одмазда за Акропол.

Во случајот За Венецот, Демостен наоѓа добра можност да ги одбрани своите ставови за својата

попустлива и превртлива политика, посебно околу не поддржувањето на Агис, како и можност да се

конфронтира со Ајсхин околу нивните различни гледишта од претходно. Ајсхин, зборувал прв и во својот
говор, го посочува Демостен за главен кривец за се, дури и неколку пати повторува: „Демостен и носи

несреќа на Атина!“

Демостен при одбраната се поставува така што се претвора во обвинител и во Ајсхин го разоткрива

предавникот кој ја предал Грција на Филип. Тој многу внимава да не признае дека тој етој кој ги туркал

Грците во безнадежна битка, велејќи дека Филип сепак можел да биде потиснат и дека ниедна битка

однапред не е позната. Пресудата со огромно мнозинство била на страната на Демостен, а Ајсхин дури

морал да плати парична казна, по што посрамен решил да се исели и да замине на Родос каде што бил

учител по реторика.

Што друго да се каже за Демостен освен дека во периодот на владеењето на Александар се трудел да го

оствари тоа што го наумил, ослободување на грчките територии, но и да ја сочува својата глава. Неговата

прагматичност функционирала се до моментите кога е затворен. По краток период успева да избега од не

така строго чуваните атински затвори и да побегне во Тројзен. По смртта на Александар летото 323

година п.н.е. доаѓа до бунт кај Грците за нивно ослободување, а Демостен се враќа на голема врата со

вратен углед, дури и народот гласа за негово враќање и му дава 50 таланти, за да се ослободи од својот

долг. Бунтот не успева 321г. по многу борби, Грците се разбиени, главните водачи покорени или убиени,

додека Демостен се крие на островот Калаурија, каде што пишувајќи го своето последно писмо, труејќи се

со графит тој се самоубива.

You might also like