You are on page 1of 12

МАКЕДОНИЈА ВО ВРЕМЕТО НА

СЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ
ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ

• Која ја напишал ГЛАГОЛИЦАТА?


• Зошто?
• Кога била создадена глаголицата?
• Како се создала КИРИЛИЦАТА?
• Кој е заслужен за тоа?
• Што друго знаете за СВ. Кирил и Св.
Методиј, а што за Св.Климент Охриски и
Св. Наум Охридски
ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА
СВ. КИРИЛ И СВ. МЕТОДИЈ
• Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се
родени браќа од Солун,од угледно и
богато византиско семејство, татко Лав и
мајка Марија.
• Постариот брат, Методиј, како офицер
поминал десет години меѓу македонските
Словени.
• Потоа се оддалечил на планината Олимп
и се предал на монашки живот.
• Таму подоцна му се придружил и Кирил
(Константин Филозоф).
• Кирил и Методиј, познати како
солунските браќа просветители, ги
описмениле словенските народи.
ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА
СВ. КИРИЛ И СВ. МЕТОДИЈ
• Во првите децении на IX век во Солун живеело семејството на висок
службеник на царската власт. Тоа бил Лав со својата сопруга Марија.
Семејството имало повеќе деца, но се спомнуваат само имињата на
најстариот - Методиј и најмалиот Константин.
• Побожните родители ги упатиле своите деца уште од најраното
детство во христијанството, трудејќи се да им помогнат да ги
применуваат христијански вистини за својот живот.
• Костантин уште од мал се занимавал со образование така што татко му
го испратил во Цариград да го продолжи своето образование , каде
освен богословските науки, се изучувале и граматика, аритметика,
географија, астрономија, музика, поезија, реторика. Покрај овие науки,
Константин учел и јазици - латински, еврејски и сириски.
• Откако го завршил своето високо образование, Константин бил
назначен за библиотекар при црквата Света Софија, а потоа бил
поставен за професор по филозофија во училиштето што го завршил.
• Тогаш го добил и името Константин Филозоф.
ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА
СВ. КИРИЛ И СВ. МЕТОДИЈ
• Методиј, се здобил со световно образование
и се посветил на државната и воена служба.
Бил надарен со христијански добродетелен
живот и државнички и воени способности.
• Методиј придонесол христијанството длабоко
да се всади во македонската душа во тој дел
на Македонија. За овој успех бил особено
заслужен и неговиот брат Константин.
ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА
СВ. КИРИЛ И СВ. МЕТОДИЈ
• Извесно време пред својата
мисионерска дејност, светите браќа се
повлекле во манастирот Полихрон на
планината Олимп, каде всушност
конечно се подготвиле за своето
епохално мисионерско дело.
ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА
СВ. КИРИЛ И СВ. МЕТОДИЈ
• Најзначајна е Моравската мисија, пред која
заради потребата од ширење на
богослужбата на словенски јазик е создадена
првата словенска азбука-глаголицата.
• Константин со помош на Методија во 862
година ја создал првата азбука-глаголицата,
составена од 38 букви, од кои 24 по примерот
на грчката азбука, а 14 ги измислил сам за да
одговараат на некои гласови од словенскиот
јазик.
ГЛАГОЛИЦА – 855год.
ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА
СВ. КИРИЛ И СВ. МЕТОДИЈ
• Св. Кирил ги преведувал книгите за богослужба на
словенски јазик и во 863 година заминал во Моравија
каде отворил голем број словенски цркви и училишта
и описменил голем број свештеници, за да ја шират
богослужбата на словенски јазик.
• Св. Кирил жестоко се противставувал на еврејските,
грчките и германските свештеници.
• Неговиот аргумент бил дека Бог не создал само три
јазици и дека секој народ заслужува да го слави Бог
на свој јазик
СЛЕДБЕНИЦИТЕ НА СВ. КИРИЛ И
СВ. МЕТОДИЈ
• Свети Климент заедно со Свети Наум
Охридски се најистакнатите ученици на
светите браќа Кирил и Методиј.
• Дваесетина години им помагале на
солунските браќа во остварувањето на
Моравската мисија.
• По смртта на св. Методиј кога неговите
ученици биле жестоко мачени, а потоа и
протерани од Моравија
Св. Климент Охридски • Во почетокот на 886 година свети Климент
заедно со свети Наум и свети Ангелариј
дошле во Бугарија, од каде што биле
испратени во Охрид.
• Овде св. Климент ја основал познатата
Охридска книжевна школа наречена и прв
словенски универзитет во кој оспособил
над 3.500 ученици за црковна богослужба.
• Паралелно со црковната и педагошката се
занимавал и со книжевна и преведувачка
Св. Наум Охридски Чудотворец дејност.
КИРИЛИЦА
ЗАДАЧА
Група 1
• Со користење на презентацијата
напишете состав во вид на извештај за
значењето на св.Кирил и св. Методиј
Група 2
• Со користење на презентацијата
напишете состав во вид на извештај за
значењето на св. Климент Охридски и
св. Наум Охридски

You might also like