You are on page 1of 10

Животот и културата

во Македонија до
крајот на XIV век
Книжевност
• Со создавањето на словенската азбука на Св. Кирил и
Методиј, почнала да се развива и книжевноста. Тие
преведувале црковни книги од грчки на словенски јазик.
Св. Кирил пишувал и свои дела. Најважно негово дело е
„Беседата против тријазичниците“. Св. Климент и Св. Наум
Охридски преведувале книги од грчки на словенски јазик,
а пишувале и свои дела. Нивните дела биле: молитви,
песни, пофални слова, житија и др. Тие пишувале на
глаголица и кирилица. Во културното наследство, спаѓаат и
натписите на камен, како Самоиловиот надгробен натпис
од 993 година, Варошкиот натпис, Битолскиот натпис на
царот Јован Владислав и др.
Книжевност
• Од XI до XIV век, манастирите станале жаришта на
книжевноста и литературата. Книжевни творци биле
монасите, а се пишувало на кирилица. Во повеќе области
во Македонија постоеле книжевни центри, како Охридски,
Дебарски, Кратовски книжевен центар и др.Најмногу се
пишувале житија, други црковни дела и натписи. Во
книжевните центри се развивала македонската варијанта
на црковнословенскиот јазик, од која подоцна се развил
современиот македонски јазик. Во XIV век развиен бил
Скопскиот книжевен центар со Марковиот манастир.
Книжевност
• Освен дела со црковна содржина, се пишувале историски
дела, а се препишувале и романи. Монахот Исаија Серски
во преводот на едно дело од грчки на словенски јазик,
напишал „Расказ за навлегувањето на Османлиите“.
Особено популарен бил словенскиот превод на романот за
Александар Македонски „Александрида“.
Архитектура
• Најзначајни градби во Македонија биле ѕидините на
градовите и на поголемите населби. Тие се граделе на
непристапни места, биле заштитени со ѕидови со кули-
стражарници и имале повеќе порти направени од железо
и дрво. Куќите на богатите луѓе се граделе од камен и биле
поголеми, а куќите на обичните жители биле помали, или
биле дрвени колиби. Најмногу внимание се посветувало
на градење на храмови: цркви и манастири. Нив ги
граделе архитекти, по нарачка на владетелите или
побогатите феудалци. Црквите се граделе од делкан камен
со широки ѕидови.
Уметност
• Црквите и манастирите биле украсувани со фрески и
икони. Сликарите се школувале во познати сликарски
центри, како во Цариград, Солун и во Охрид. Во XIV век,
особено зајакнал Охридскиот сликарски центар. Во
манастирите се сликале фрески и икони со црковна
содржина, сцени од животот на Исус Христос и др. Било
вообичаено, нарачателите на црквите и на фреските, да
бидат насликани во црквите. Црквите биле украсувани со
резби од камен и од дрво. Освен црквите, биле украсувани
домовите на најбогатите луѓе, облеката, оружјето,
садовите во покуќнината и др.
Уметност
• Во средновековна Македонија била развиена и музичката
култура. Св. Климент Охридски прв ја развил музичката
дејност. Тој создал посебна македонска нотација. Во
црквите, свештениците секојдневно проповедале преку
црковното пеење. Во Охрид како седиште на
Архиепископијата постоел и црковен хор. Најпознат
македонски музички творец бил Јован Кукузел по потекло
од дебарското село Џерминци.
Ви благодарам за
вниманието

You might also like