You are on page 1of 2

Животот и културата во Македонија до крајот на XIV век

Книжевност

Откога се создала словенската азбука на Св.Кирил и Методиј започнал и


развојот на книжевност.Тие преведувале книги од грчки на словенски јазик, а
Св.Кирил пишувал и свои дела од кои најважно било ,,Бесадата против
тријазичниците”.

Исто така и нивните ученици Св. Климент и Св.Наум Охридски преведувале


книги од грчки на словенски, но и пишувале и свои дела како песни,
молитви, житија и др.Тие пишувале на глаголица и на кирилица.

Во културно наследство спаѓаат и натписите на камен.

Од 11-14 век книжевноста и литературата се развивала во манастирите, а


книжевни творци биле монасите кои пишувале на кирилица.Тогаш во
Македонија во повеќе области постоеле книжевни центри како што биле
Охридски, Кратовски, Дебарски и др.Најмногу се пишувале житија, црковни
дела и натписи.

Од овие книжевни центри подоцна се развил современиот македонски


јазик.

Во 14ти век се развил Скопскиот книжевен центар кој бил во Марков


Манастир.

Освен црковни дела се пишувале и историски дела, но се препишувале и


романи.

Монахот Исаија Серски напишал ,,Расказ за навлегувањето на


Османлиите”.Попиларен бил преводот на словенски на романот за
Александар Македонски наречен ,,Александрида”
Архитектура

Најзначајни градби во Македонија биле ѕидините на градовите и на


поголемите населби.

Тие се граделе на непристапни места, биле заградени со ѕидови со кули-


стражарници и имале повеќе порти кои биле од железо и дрво.Богатите
граделе поголеми куќи од камен, а посиромашните граделе дрвени колиби.

Најголемо внимание се посветувало на градење на цркви и манастири кои и


граделе архитекти по нарачка на владетелите или побогатите феудалци.Се
граделе од камен со широки ѕидови.

Уметност

Црквите и манастирите се украсувале со фрески и икони кои биле цртани од


сликари кои се школувале во познати сликарски центри во Солун, Цариград
и во Охрид.

Во 14ти век зајакнал Охридскиот сликарски центар.

Особено значајно било во црквите да биде насликан нарачателот за цртање


на фреските.

Освен црквите кои биле украсени со резби од камен и од дрво, украсувани


биле и куќите на најбогатите, се украсувала облеката,садовите, оружјето и
др.

Во средовековна Македонија била развиена и музичката култура.Музичката


дејност прв ја развил Климент Охридски кој создал посебна македонска
нотација.

Свештениците во црквите проповедале преку црковно пеење.Во Охрид


постоел и црковен хор.Најпознат македонски музички творец бил Јован
Кукузел.

You might also like