You are on page 1of 3

ПРАВИЛНИК ЗА ИЗРЕКУВАЊЕ НА ПОФАЛБИ, НАГРАДИ И ПЕДАГОШКИ

МЕРКИ НА УЧЕНИЦИТЕ

Пофалби и награди

Пофалбите и наградите се методи за позитивно поттикнување на учениците за


редовно вклучување, следење и учество во образовниот процес.

Пофалбите и наградите се изрекуваат индивидуално или групно на повеќе


ученици
Пофалбите и наградите се доделуваат на ученици кои: редовно го следат
образовниот процес, немаат неоправдани изостаноци, се однесуваат примерно
кон сите субјекти во воспитно – образовниот процес (наставници, соученици,
воспитувачи), го чуваат и се грижат за инвентарот во училиштето, се истакнуваат
со вложување напор во процесот на образование преку редовно извршување на
училишните обврски и постигнување позитивни резултати.

Предлогот кои ученици ќе бидат пофалени или наградени го доставува


одделенскиот наставник, одделенскиот раководител , одлуката ја носи
Наставничкиот совет на крајот на секој квартал од учебната година.

Пофалбите се изрекуваат усно во текот на целата учебна година и писмено на


крајот на учебната година во вид на пофалница изработена од училиштето.

Наградите се доделуваат во договор со наставниците, воспитувачите и


директорот и се во вид на : зголемување на редовниот неделен џепарлак за
одреден временски период, зголемување на неделните излези и почест престој
дома доколку постојат услови за тоа.
За посебен вид награда се смета предлогот и одлуката на ученикот да му се
овозможи забрзано напредување (завршување на две одделeнија за една учебна
година)
Забрзано можат да напредуваат ученици кои се со задоцнета календарска
возраст во однос на образовната, се редовни и активно се вклучуваат во
наставата, имаат примерно поведение во целокупниот живот во организационата
единица и училиштето, покажуваат добри резултати во учењето.
Забрзаното напредување го предлага одделнскиот раководител, а одлуката ја
донесува наставничкиот совет.

Педагошки мерки

Педагошките мерки се применуваат на ученици кои ги кршат правилата на


однесување во училиштето, согласно видот и степенот на прекршување, а во
насока на позитивна ресоцијализација на учениците

Педагошките мерки се применуваат индивидуално, со почитување на правата и


обврските на детето според Конвенцијата за правата на децата
Забрането е телесно и психичко малтретирање на учениците
Пред секое изрекување на педагошката мерка следат советодавни разговори со
учениците во координација со воспитувачите. Советодавните разговори ги водат
одделенските раководители, предметните наставници, воспитувачите и
Директорот.
Педагошките мерки можат да бидат изречени кон ученици во сите одделенија во
училиштето
Педагошки мерки во училиштето изрекуваат одделенскиот раководител и
Наставничкиот совет и тоа на предлог на одделенски наставник, предметен
наставник и одделенски раководител.

.Според степенот на прекршување, можат да бидат изречени следните мерки:


Укор – за недисциплинирано однесување за време на часовите
Усна опомена од одделенски раководител – за доцнење на часови до три пати
Писмена опомена од одделенски раководител – за доцнење, неоправдани
отсуства до девет часа и недисциплинирано однесување
Писмена опомена од Наставнички совет која се изрекува на предлог на
одделенски наставник, предметен наставник или одделенски раководител – за
неопрвдано отуство до 25 часа, кршење на правилата на однесување преку
оштета на инвентарот, дрзок однос кон наставниците и другите субјекти во
училиштето.

Намалување на поведение за неоправдано отсуство:


до девет часа неоправадни изостаноци – добро поведение
до дваестет и пет неоправдани изостаноци – незадоволително поведение

Изостаноците од часови ги регулира оделенскиот раководител во претходен


договор со воспитувачот и тоа како оправдани и неоправдани изостаноци.
Одделенскиот раководител може да предоложи полагање на одделенски испити
за еден или повеќе предмети, доколку ученикот отсуствувал една третина од
часовите, во договор со воспитувачите и директорот.

За изречените мерки задолжително се известува ученикот, воспитувачот и


стараталот.
Известувањето треба да биде доставено во вид на образложение кое ќе биде
јасно и разбирливо за сите субјекти.
Изречените педагошки мерки задолжително се заведуваат во педагошката
евиденција на ученикот (матична книга, одделенски дневник, записник од
наставнички совет)
За поголеми прекршувања на правилата за однесување во училиштето
(уништување на инвентарот, физички напади кон наставници и соученици) се
известува надлежното МВР, а воспитувачите го известуваат матичниот центар за
социјални работи.
Педагошките мерки се изрекуваат со важност до крајот на учебната година.

You might also like