You are on page 1of 1

Учи ме мајко карај ме

Песната ,,Учи ме мајко карај ме” спаѓа во групата на лирски љубовни песни. Мотивот е
љубовта на Стојан кон Лилјана која тој на својата мајка ја опишува како ,,мома убава,
тенка висока, бела црвена” и бара совет од неа како да ја земе. Мајката го советува да
изгради чешма на која сите селани ќе дојдат да налеат вода и Лилјана ќе дојде. Ја
послушал Стојан мајка си и направил чешма шарена на која дошле сите селани, само
Лилјана не дошла.

Ајде дали знаеш паметиш Милице

Песната ,, Ајде дали знаеш паметиш Милице” спаѓа во групата на лирски љубовни песни.
Во неа се пее за неостварената љубов на момчето кое ја сака Милица уште од најраната
младост, но веројатно поради некои причини таа љубов станува невозможна.

You might also like