You are on page 1of 5

Шарл Бодлер

(9 април 1821 - 31 август 1867)


ЕДЕН ОД
НАЈГОЛЕМИТЕ И
НАЈВЛИЈАТЕЛНИТЕ
ФРАНЦУСКИ ПОЕТИ
НА XIX ВЕК. ИСТО
ТАКА, ТОЈ СЕ
ИСТАКНАЛ И ВО
ПОЛИЊАТА НА
ПРЕВЕДУВАЧКАТА И
КРИТИЧАРСКАТА
ДЕЈНОСТ.
Живот и дело
Бодлер е роден во Париз на 9 април 1821 година, во куќата на аголот од улицата
Отфеј и булеварот Сен Жермен, како син на Франсоа Бодлер и Каролина со
моминско презиме Аршанбо-Дефаи.
Во 1840 година, Бодлер се запишал на правниот факултет и почнал да ужива во
слободите на студентскиот живот. Се смета дека токму во овој период Бодлер се
заразил со сифилис.
Загрижени поради другарувањето на Шарл со повеќе млади поети и неговата јавна
боемија (со која тој се запознал во Латинскиот кварт), неговите родители решиле да
го одделат од развратниот Париз и да го пратат на подолго патување. На 9 јуни 1841
година, Шарл Бодлер заминал за Калкута. Во февруари следната година, со бродот
„Алсид“, шест месеци порано отколку било предвидено, Бодлер се вратил во Париз,
каде се запознал со мулатката Жана
На 25 јуни 1857 година, годината во која умрел
генералот Жак Опик, од печат излегла
највлијателната збирка поезија на XIX век -
Цвеќињата на Злото чиј наслов го предложил
Иполит Бабу. Во недовршениот нацрт на
предговорот на „Цвеќињата на злото“, Бодлер
напишал: „Оваа книга не е напишана за моите
жени, ќерки и сестри, ниту за жените, ќерките и
сестрите на мојот сосед. Тоа им го препуштам на
оние кои имаат интерес да ги спојат добрите дела
со убавиот јазик. Некои ми рекоа дека оваа
поезија би можела да нанесе зло; не се израдував
на тоа. Другите, со добра душа, дека таа би
можела да прави добри работи; и тоа не ме
натажи.“

You might also like