You are on page 1of 5

Реализам

Реализмот се јавува како реакција на веќе изживеаниот романтизам, во средината на XIX век.
Според реалистите, сосем спротивно од романтичарите, треба да се слика она што се гледа и
таа уметност според зборовите на Густав Курбе претставува „жива уметност“. За развојот на
сликарството кон реалистичкиот правец значително придонело и пронаоѓањето на
фотографијата во 1839г. што довело до ориентација на сликарството кон објективизмот.
Меѓутоа реализмот не претставува новина во уметноста бидејќи со истите карактеристики се
јавува и во минатото. Она што го разликува модерниот реализам од дотогашниот
реалистички начин на сликање е тоа што во тоа време тој носи една чисто идејна црта, а тоа е
социјалната нота и хуманистичка тенденција. Реалистите за првпат во уметноста ќе ја
сликаат новата класа на работници и селани.
И самото време на појава на реализмот е периодот меѓу револуционерната 1848г. и Париската
комуна 1871г., што зборува дека реалистите ќе се свртат кон социјалните проблеми на
работниците и селаните, т.е. класата која ги извела двете револуции.
Во овој период во француската уметност се јавуваат две струења. Едните се т.н. званични
уметници кои уживаат слава и признание, а другите се т.н. незванични или независни
сликари, за кои вратата на салонот е затворена. Тие живеат во беда и дури после смртта
стекнуваат углед и признание. Во оваа група припаѓаат: Франсоа Миле, Густав Курбе и
Оноре Домие.

Франсоа Миле- тој во своите пејсажи ја внесува човековата фигура, прикажувајќи ги


селаните како сејачи, копачи, а жените како перачки, жнеачки или собирачки на класје.
Неговото настојување човековиот труд да го внесе како главна тема во сликарството, за тоа
време претставувало новина без дотогашни примери. Често му се префрлало за социјалната
нота во неговото сликарство, за што Миле се бранел не признавајќи ја политичката заднина
на својата уметност, говорејќи дека него го интересира само човековиот труд, а тој труд се
наоѓа во полето на работата. (негови дела: Собирачки на класје, Ангелус...)

„Собирачки на класје“, 1853 „Ангелус“, 1857-59

Густав Курбе- техниката на сликање ја совладал во Лувр, студирајќи ги шпанските и


холандските мајстори. Неговото начело како уметник било дека предмет на сликарско
остварување не може да биде никаков измислен свет туку само оној кој се доживува како
непосредно набљудување, како стварност и животна вистина. Далеку од сите
конвенционалности и во опозиција со академските сфаќања за уметноста тој се предава на
природата и реалистички ги слика секојдневните појави, работници и селани. Таа тематика
му наметнувала едноставен цртеж и композиција како и воздржаност и едноставност во
колоритот. Така настанале неговите познати платна: „Погребот во Орнан“- каде што
прикажал типичен селски погреб. Во оваа монументална слика, Курбе дава историски
третман на тема извлечена од секојдневниот живот во неговото родно село Орнан. Неговите
модели се насликани во природна големина, привилегија обично резервирана за библиски
или митолошки фигури, и тие тука не се идеализирани. Критичарите се спротивставиле на
„вулгарната грдотија“ на делото, откривајќи го отпорот и недовербата кон селата и
работничката класа. Видливите траги на четката и употребата на длабоки црни се спротивни
на академската техника која фаворизирала фина завршница и проѕирни глазури. Сепак,
Погребот во Орнан, претставувал манифест за нова естетика и нов правец – реализам.
Енигмата околу идентитетот на починатиот довел до неколку толкувања на сликата,
вклучувајќи ја и теоријата дека таа е алегорија на погребувањето на тогашната власт.
„Погребување во Орнан“, 1849-50 (314cm × 663cm)
Кршачи на камен – насликан е старец кој крши камења и едно момче кое ги собира, со што
сакал да покаже дека се почнува како момчето, а завршува како старецот, но во едниот агол
од сликата прикажано е парче небо како симбол на надеж.

„Кршачи на камен“, 1849 (уништена за време на Втората светска војна)


Делото „Ателјето на уметникот“ (оригиналниот наслов: „Ателјето на уметникот: Вистинска
алегорија на седумгодишната фаза во мојот уметнички и морален живот“) Густав Курбе го
насликал со подеднакво амбициозен формат и тема, за изложбата во Салонот во Париз во
1855 година. Сликата била одбиена од жирито и Курбе одлучил да ја изложи на самостојна
изложба во зграда подигната на сопствен трошок. За овој настан тој објавил каталог со текст
со наслов „Реализам“ во кој изјавил дека сака „да создаде жива уметност“.
Ателјето на уметникот е огромен автопортрет во кој Курбе се прикажува себеси како слика
пејсаж во неговото студио во Париз, опкружен со пријатели кои се појавуваат на десната
страна на делото (меѓунив е и Шарл Бодлер), додека фигурите од левата страна според него
го отелотворуваат „народот, бедата, сиромаштијата, богатството, експлоатираните и
експлоататорите“. Сликата ја демонстрира виртуозноста на уметникот низ целиот спектар на
жанрови (актови, портрети, пејсажи, мртви природи и сликање на животни), така што
композицијата како целина создава „вистинска алегорија“ чие значење останува „донекаде
енигматично“, исто како што сакал и самиот Курбе.

„Ателјето на уметникот“, 1855 (359 cm × 598 cm)


Густав Курбе бил во трајна и жестока опозиција против т.н. официјална уметност поради што
и бил исфрлен од Салонот. Како што бил револуционерен по своите сфаќања во уметноста,
така бил и револуционерен и во своите политички погледи. Активно учествувал во Париската
комуна заради што бил прогонуван.

„Очаен човек“, (автопортрет), Густав Курбе,


1843-45

Оноре Домие- бил сликар, графичар и вајар. Литографијата, во тоа време нова графичка
техника ја подигнал на висок степен и ја искористил како главно средство во своето ликовно
изразување. Веќе во 1830 г. како соработник на списанијата „Шаривари“ и „Карикатура“ се
посветил на политичката карикатура. Како тематика на неговите литографии се јавуваат
сатирични прикази на негативните и неправедните појави на неговото време. Во тоа време се
уште била дозволена слободата на печатот, при што најголема мака на владата и создавале
карикатурите кои биле немилосрдни и во цела Франција предизвикувале опасна смеа. Домие
се истакнувал со своите карикатури во кои ги жигосувал политичките личности, настани и
обичаи на буржоазија. Го исмевал и самиот крал Луј Филип во карикатурата „Гаргантуа“
Кралот Луј-Филип генерално толерирал шеги на негова сметка, но, кога бил неоправдано
испровоциран, решил строго да се справи со Домие. Уметникот бил осуден на два месеци
затвор и четири месеци во душевна болница.

„Гаргантуа“, Оноре Домие


(литографија) 1831
По неговото ослободување, Домие никогаш повеќе не бил обвинет, иако тој продолжил да го
напаѓа режимот и општествениот концепт на живот што тој го презирал, во исто време
создавајќи незаборавни ликови. Типовите на Домие биле универзални: бизнисмени, адвокати,
лекари, професори и буржоазијата. Неговиот третман на неговите литографии бил
скулптурален, што го натерало писателот Оноре де Балзак да каже за него, дека имал малку
Микеланџело во себе..
Подоцна кога биле забранети „Шаривари“ и „Карикатура“, Домие, во својата 40-та година,
почнал да слика за да се прехрани. Како сликар станал познат по својата смрт. Главни теми
му биле намачениот социјално обесправен гладен човек, особено мајките работнички,
прикажувајќи ги достоинствени и храбри во борбата да ги прехранат децата, наместо да
очајуваат. Познати дела му се „Вагонот на третата класа“, „Перачка“ и др. Во сликарството
најмногу се служи со светло-темно како што во литографијата е црно-бело. Преовладуваат
смеѓи и рѓаво златни тонови.

Вагон на трета класа, 1862-64 Перачка, 1863


Скулптурите, некои сметаат дека биле модели-макети за неговите карикатури, изработени од
непечена глина, насликани со маслени бои. Тие го повторуваат немилосрдниот реализам што
зрачел од карикатурите на уметникот. Иако моделирани брзо и донекаде нестручно, бидејќи
Домие никогаш не бил формално обучен за скулптор. уметникот не штедел чувства, за да ги
прикаже експресивно портретите на банкарот, адвокатот и останатата корумпирана власт и
буржоазија.

You might also like