You are on page 1of 3

С Е Р И Ј А Л Н А Т Е Х Н И К А --- С Т Р У К Т У Р А Л И З А М

Серијска техника (вклучувајки додекафонија), која до сега ја изучувавме, начелно се


разликува од подоцните видови на серијалност---настанатаи како резулктат на
развојот на атонално—сериски и серијални техники—по тоа што таа во серијата
организира исклучително тонски висини или нивни интервалски односи. Ритам, темпо,
метрика, динамика, боја на тонот, инструментална артикулација, биле оставени
настрана ако може така да се каже, во периодот на трансформирање на слободната
атонална музика во серијски ирганизирана. Во прво време сето внимание било
усмерено на создавање на серии со тонски висини и нивна примена во
компонитањето, додека останатите елементи само го дополнувале тој дел од
композиторската техника.

Единствено Веберн претставувал одреден исклучок, бидејки во своите рани дела


(посебно, почнувајки со Четирите комади за виолина и клавир, оп.7 / 1910/) почнал да
организира не само тонска висина во композициите, туку, со помош на интервалски
структури, и цел звучен простор. На пример неговите Варијации за оркестар (види пр.
156) гледаме сосема јасно што за Веберн значи диференцијација на инструментални
бои, а исто така--- интервалски и ритмички односи на поедини делимични серии
(микросерии). Така варијациите за пијано оп. 27, предизвикуваат впечаток како да се
траењето и динамиката на поедини тонски групи се случува според некои однапред
поставени, надворешни закони: види пр.157.

Во статијата “Современи видови техники во музиката”(114/193) на Ханс Хајнц


Штукеншмит укажува на примена на строго спроведени серии на тонски траења кај
Берговиот “Воцек”: “Трета сцена III чин, во кафеаната, после убиството на Марија, во
целост се базира на ритмот полка, кои претходно го наговестија тимпаните. Но, Берг го
користи не како едноставен ритмички остинато како изоритмичките мотети од 14 век,
туку го донесува во аугментација, диминуција со променливи акценти, поточно
манипулира со ритмот, како и со сериите со тонски висини. Како резултат на тоа, на
траењето на тоновите ке се примени метод кој подоцна ке се нарекува серијален. Берг
уште еднаш се задржал на таквата ритмичка разработка во делот “Моноритмика” во
својата опера “Лулу”.

Всушност подржувачите на додекафонијата и сериската техника може да се поделат на


четири групи:

Први, тие кои се нарекуваат ортодоксни (пример, Рене Лајбовиц, и други) настојувале
во целост да се сочува тоа што го создал Шенберг и го оставил во наследство, во
поглед на музичкиот јазик и законите на додекафонската техника---често по догматски
и од самиот Шенберг.

1
Во втора група спаѓат композитори—традиционалисти (В. Цилиг, М. Шајбер, Р.
Либерман и др.), со ориентација делата да се максимално достапни за разбирање. Тие
своите серии и дванаесеттонските комплекси така ги градат, од нив да произлегуваат
традиционални мелодиски низови и акордски структури. Се работи за своевидна и
таканаречена “тонална додекафонија”: пример 158.

Уште по транспарентно погледни пр.159 од В, Чилиг, опера “Жртва”, со целосно


дијатонски тризвуци.

Трета група, таканаречени радикални додекафоничари (Л. Далапикола, Т. Берд, и


други), поаѓајки од искуството на новата бечка школа, настојуваат со помош на
додекафонијата, сериската техника и разните комбинации да постигнаат нов и
оригинален музички израз.

Во четвртата група--- “авангардистичка”---може да се вбројат “вебернистите” (П.


Булез, К. Штокхаузен, Л. Ноно, Е. Кшенек и други). Они првенствено се надоврзуваат на
Вебер новата техника, ги прошируваат нејзините можности и ја развиваат до границите
на целосен серијализам и полиструктуралузам.

Разбирливо, денес во творештвото на композиторите од третата и четвртата група


може да се забележат заеднички црти, синтеза на разни постапки, нови почетоци. Но,
освен тоа, повеќето автори проучуваат и други можности ---на пример, техничка
музика, музика на звучни бои и алеаторика, други се приклонуваат на графичката или
стохастичката музика и т.н. Во мешањето на најразличните тенденции, зборевме во
приказот за тоналната и модалната техника.

Примената на серијските методи за сите музички компоненти, или бар на повеќето од


нив, го означи раѓањето на серијалната техника, која означува повисок степен на
сериска организација. Нејзините можности, а воедно и резултати, многу се различни а
воедно и во никој случај не подеднакво вредни.

ЛИНЕАРЕН ЕЛЕМЕНТ

Линеарниот елемент (мелодиката) во глобала се подвргнува на веќе познатите начини


на обработка. Групи на тонови ---серии, микросерии---се користат во основни и
изведени форми и во транспозиција; со неа се изведуваат сите тие операции, за кои
веке зборувавме.

ВЕРТИКАЛЕН ЕЛЕМЕНТ

Вертикалниот елемент (хармонија, акордика) се подвргнува на истите начела на


организација, на кој се базира размислувањето на додекафоничарите, но освен тоа ---
и тука се гледа влијанието на Веберновите композициски методи---збогатени со нови
интервалско---структурни односи.

2
На пример, од секоја серија од четири тона може да се изградат не само два двозвука
(како што беше кај едноставната дванаесет), туку ---со помош на пермутацијата на
тоновите---вкупно шест интервала: Погледни пр.160.

Изведените интервали (м2, г2, м3, г3 и зг4), заедно со нивната инверзија (I) и
комплементарни интервали---кои првобитните ги дополнуваат со чиста октава---нудат
материјал за создавање на најсложена хармонска структура (при тоа мала терца gis—h
се изоставува, бидејки може да се смета транспозиција на терца f—as).
Прегрупирањето на интервалите отвара широки можности за комбинации;
интервалите може да се градат по ред од секој пар на соседни тонови, или од еден
ист појдовен тон ( аналогно на Кшенековите дијатонски и хроматски групи од пр.154),
со користење на интервалски транспозиции. Особено познатите ”традиционални”
созвучија, како и октавни удвојувања, не се препорачливи. Можна е примена на
поголем број на аналогни структури и сериско прегрупирање: види пр.161 за одредени
можности за изградба на созвучија засновани од серијата пр. 160.

ВРЕМЕ ---МЕТРОРИТАМ

Организацијата на времето—метроритмот—воглавно се состои во тоа да од серијата


(од четири елемента) произволно се земат различни нотни траења и паузи (често од
помали кон поголеми, но може да се случи и обратно): види пр.162 за нотни
вредности и паузи.

Секако, со помош на класичните или новите постапки ( пример ритмичките методи на


Месиен—види пр. 67 и 69), таквата серија може да се аугментира, диминуира и на
разни начини да се менува слично со манипулациите кои се применуваат и на сериите
со тонски висини: ретроградно—рачји нижење, пермутација, ротација, интерполација
итн. Сериите на паузите и нотните траења може и да се мешат, или комбинират
вертикално, “полифонизираат” со акордското ткиво: види пр.163.

You might also like