You are on page 1of 1

ЛИЧНОСТА НА КОЈА БЕСКРАЈНО И СЕ ВОСХИТУВАМ

Личност е човек кој ние го запознаваме преку неговото однесување, размислување


и според она кое таа личност го предизвикува кај нас како позитивно чувство. Оттаму, таа
личност е некој од кого ние учиме, кој не поттикнува и охрабрува да продолжиме по патот
на успехот и на која и се восхитуваме.
Размислував која е таа личност во мојот живот. Ги имам повеќе, но некако секогаш
како позитивен пример за мене се издвојува мојот татко. Е зошто баш тој?
Мојот татко е личноста со која сакам да се споредувам, но во исто време тој прави
за мене се за да бидам уникатен, свој, достоинствен и горд. Всушност, ова се и негови
карактерни особини кои тој на секој можен начин се труди да ги пренесе и на мене. Татко
ми е личноста која ми ги отвора вратите и ме охрабрува да продолжам без притоа да не
престане да ги држи вратите ширум отворени додека не е сигурен дека сум успеал. Тоа е
она што како дете сум го забележал и ме восхитува. Тоа е онаа сигурност која ми ја дава,
но секогаш знам дека моја е одговорноста за да си ги завршам своите работни задачи.
Знаете, мојот татко никогаш не вели дека работите треба да бидат совршени, туку е
најважно да се однесуваме и бидеме хумани и добронамерни личности. И ова се негови
карактерни особини кои тој се надевам дека навистина ги има пренесено и на мене, за и
јас да бидам таква личност. Може да се сме најубави по изглед, но личноста е онаа која
останува засекогаш запечатена во нашето срце. Така е и со мојот татко. Не дека ми е татко
и дека треба да се подразбира, туку едноставно дека е вистинска личност со позитивни
вредности поради што јас му се восхитувам и се гордеам со него.

You might also like