• Правопис е збир од правила за пишување во еден јазик и секој од нас е должен да ги знае
и да ги почитува правописните правила.
Во правописните правила спаѓа и пишувањето потребни интерпункциски и правописни знаци и
меѓу некои од нив има разлика при употребата
• Знаците за интерпункција ги користиме во писменото изразување, задолжителни се и ги
означуваат речениците и деловите во нив, паузите и интонацијата (точка, запирка, прашалник, извичник, извичник и прашалник, точка и запирка, две точки, три точки, загради, црта - тире, наводници и полунаводници).