You are on page 1of 4

1.

Трговско друштво
- Трговското друштво е правно лице во коешто едно или повеќе лица вложуваат пари,
ствари или права во имот што го користат за заедничко работење и заеднички ја делат
добивката и загубата од работењето. Врши дејност, заради остварување добивка.
2. Трговски поединец
- Трговецот-поединец е физичко лице кое, во вид на занимање, врши некоја од трговските
дејности. Трговецот-поединец одговара за своите обврски лично и неограничено со сиот
свој имот. Како трговец-поединец може да се запише во трговскиот регистар секое
деловно способно физичко лице со постојано место на живеење во Република
Македонија. Фирмата на трговецот-поединец ги содржи и неговото лично име, татковото
име и презиме како и ознаката ,,ТП"
3. Основни форми на трговски друштва
- 1) јавното трговско друштво; 2) командитното друштво; 3) друштвото со ограничена
одговорност; 4) акционерското друштво и 5) командитното друштво со акции.
4. Влог
- ,,Влог во друштвото" се пари, ствари, права коишто содружникот, односно акционерот му
ги отстапува и пренесува на трговското друштво во постапката на основање или во
постапката на зголемување на основната главнина на друштвото, односно и труд и услуги
кога тоа со закон е допуштено. Влоговите не можат да им се враќаат на содружниците,
односно на акционерите на друштвото, освен во случаите определени со овој закон.
5. Удел
- ,,Удел во друштвото" е севкупност на права и обврски коишто содружникот ги стекнува врз
основа на влогот во основната главнина во јавното трговско друштво, командитното
друштво и друштвото со ограничена одговорност, при што секој содружник има еден удел
кој не може да биде претставен во хартија од вредност.
6. Основна главнина
- ,,Основна главнина" е вкупниот износ на сите влогови на содружниците, односно
акционерите, при што износот на основната главнина е еднаков на збирот на номиналната
вредност на сите влогови, односно на номиналниот износ на сите акции од акционерското
друштво.
7. Конститутивни елементи
- Конститутивни елементи се суштествени делови од кои е состваено трговското друштво.
Тоа се: плуралитет на содружници, односно акционери; внесување влогови во друштво; и
учество на содружници, односно акционери во резултатите од работењето на друштвото.
8. Кога се стекнува правен субјективитет?
- Правниот субјективитет се стекнува со запишување на трговското друштво во трговскиот
регистар.
9. Како се манифестира правен субјективитет на трговско друштво?
- Правниот субјективитет на правното лице може да се манифестира на различен начин.
Како и кај физичките лица се разликува правна (правно дадена можност да се биде
носител на права и обврски), деловна (лично учество во правниот живот; правно лице
учествува преку органите на управување) и деликтна способност.
10. Како се врши здружување?
- Извесно време минува од моментот кога се јавуваат првите манифестации на волја за
основање на трговско друштво до уписот во трговскиот регистар. Во овој временски
интервал се создава актот со кој се основа друштвото, во форма на договор за друштво,
односно статутот на акционерско друштво. Се што претходи на упис во трговскиот регистар
се претставува како збир на акти, дејствија и формалности кои имаат исклучиво
подготвителен карактер и затоа не може да се зборува во вистинска смисла за „основна
друштво“, туку само за „преддруштво“ во постапка на основање на трговско друштво.
11. Видови полномошно
- Прокура - Прокурата може да се даде на секое деловно способно физичко лице, без
разлика на должноста и работите што ги врши. Се дава во писмена форма. Прокуристот
може да ги склучува сите договори и да ги врши и сите други правни работи и дејствија во
име и за сметка на трговското друштво во рамките на предметот на работењето на
друштвото, да го управува претпријатието на давателот на прокурата и да го застапува
друштвото во постапките пред управните и другите државни органи, организациите и
установите со јавни овластувања и судовите.
Трговски полномошник - вработено лице во трговското друштво или друго физичко лице
кое, за награда, е овластена од застапниците по закон на друштвото да го води
претпријатието или негов дел, во рамките на даденото полномошно. Трговскиот
полномошник е овластен да ги склучува сите договори и да ги презема сите правни
дејствија што се вообичаени во прометот при водењето на претпријатието или на негов
дел и тоа во рамките на даденото полномошно. Трговскиот полномошник не може, без
посебно овластување од давачот на полномошното, да ги отуѓи ниту да ги оптовари
неговите недвижности, да го обврзе со меница или со чек, да презема обврски од
гаранција, да земе заем за него, да договори надлежност на избран суд и да се спогодува
или да води спор.
Полномошно на трговски патник - Трговското друштво, односно трговецот-поединец може
на лице кое е вработено кај него или на друго физичко лице да му даде полномошно како
на трговски патник. ) Трговскиот патник е овластен во име и за сметка на давачот на
полномошното да склучува договори за продажба на неговата стока, да ја испорачува таа
стока, да продава на кредит ако има посебно овластување за тоа, да ги прима изјавите на
купувачите во врска со стоката што е предмет на тие договори, да дава изјави и да
презема други дејствија заради зачувување на правата на давачот на полномошното што
произлегуваат од договорот што го склучил од негово име и за негова сметка.
Полномошник по вработување - Вработено лице во трговското друштво кое врши работи
коишто, според редовниот тек на работата, вклучуваат и склучување определени
договори, односно преземање определени правни работи, е овластено како полномошник
на друштвото да склучува и такви договори и да презема такви правни дејствија во
рамките на работите што ги врши.
12. Кои се белези на трговски друштва?
- Белези на трговски друштва се: фирма, седиште, предмет на работење.
Фирмата на трговското друштво е името под коешто друштвото работи и под кое што
учествува во правниот промет. Се определува и менува на начинот определен со изјавата
за основање на друштвото од едно лице, со договорот за друштвото, односно со статутот.
Фирмата содржи ознака којашто упатува на предметот на работење на трговското
друштво, седиштето и формата на друштвото. може да се употребува и како трговска
марка, на начин и под услови определени со закон. Фирмата не може да содржи имиња,
знамиња, грбови или други државни амблеми на други држави или на меѓународни
организации без нивна дозвола. Фирмата на трговското друштво гласи на македонски
јазик, со кирилско писмо. Фирмата на трговското друштво со седиште во единица на
локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик
различен од македонскиот, може да гласи и на тој јазик и се употребува само заедно со
написот во фирмата на македонски јазик, со кирилско писмо. Трговското друштво, во
своето работење, мора да ја употребува фирмата онака како што е запишана во трговскиот
регистар. Ако во трговското друштво пристапи нов содружник или од друштвото истапува
некој од содружниците, постојната фирма може и понатаму да се употребува.
Седиштето на трговското друштво е местото коешто е запишано во трговскиот регистар.
Трговското друштво може да го промени седиштето. Промена на седиштето се врши на
начин и според постапката определени со изјавата за основање на друштвото од едно
лице, со договорот за друштвото, односно со статутот. Истата се запишува во трговскиот
регистар.
Трговското друштво може, како предмет на работење, да ги врши сите дејности што не се
забранети со закон. Трговското друштво може без упис во трговскиот регистар да врши и
други дејности коишто се потребни за неговото постоење и за вршење на работите од
предметот на работење, но коишто не спаѓаат непосредно во рамките на вршењето на
работите од предметот на работење.
13. Што е договор за ДОО и негова содржина?
-
14. Кои права ги имаат содружниците во ДОО и како е класифицираат?
-
15. Кои обврски ги имаат содружниците?
-
16. Собир на содружници (свикување, кворум, мнозинство, надлежности)
-
17. Управител на ДОО, услови за избор, права и обврски, забрана за конкуренција
-
18. Поим и видови акционерско друштво
-
19. Начини на основање на акционерско друштво
-
20. Акции (обични и приортетни, права и класи)
-
21. Надлежности на собрание на АД
-
22. Видови собранија (годишно, вонредно и презакажано)
-
23. Начини на свикување на собрание, кворум и мнозинство за одлучување
-
24. Едностепен систем на управување (избор, мандат, овластување, одговорност)
-
25. Двостепен систем на управување
-

You might also like