You are on page 1of 4

Пронајдоци кои ги олеснуваат нашите животи

Eлектрични возила

Пронаоѓањето на автомобилот донесе повеќе позитивни и негативни ефекти од


кој било друг изум низ историјата на транспортот. Како најшироко прифатен метод
за превоз, автомобилите го сменија начинот на живеење на луѓето низ целиот
свет. Тие влијаеја на сите аспекти на општеството, како што се семејниот живот,
економијата, па дури и околината.Едноставен пример денес тешко е да се најде
филм, книга или ТВ-емисија што нема некој вид на автомобил.Напредокот на
автомобилите со текот на времето директно влијаеше и се уште влијае на
унапредувањето на општеството како целина.Со текот на генерациите,
автомобилите влијаеја на секој аспект на општеството на многу начини и се
менуваа за да бидат во чекор со времето.Денес автомобилите не се луксуз за
луѓето туку тие веќе станаа дел од нашиот живот,бидејќи тие се веќе најголема
потреба и помаѓач на секојдневниот живот на човекот.Како што се развива
технологијата така се развива и новите иновации на автомобили кои веќе не се
ризик за околината и атмосферата. Луѓето почнуваат да сфаќаат дека глобалното
затоплување е вистинско прашање кое треба да се реши.Загадувањето го
предизвикува ова и може трајно да го оштети атмосферата на земјата.Човештвото
веќе бара начин за да се заштити атмосферата од премногу гасови. Загадувањето
е голем еколошки проблем предизвикан претежно од автомобилите.А тоа ке се
реализира ако најголемиот дел од автомобилите се претворат на електрични
возила.

Денес се измислуваат многу нови видови еколошки возила за да се забави


процесот на глобално затоплување.Овие автомобили се во состојба да работат на
нешто друго освен бензин. Примери за нови типови автомобили се електрични,
горивни ќелии, соларно напојување, хибриди и етанол.Ако разгледуваме на
раната историја на електричните возила тие не се нови тие постојат повеќе 100
години.Првиот електричен автомобил го изградил инженерот Густав Траве.
Плоден француски пронаоѓач, особено добро познат по својата работа на
методите за комуникација и електрична мобилност, тој ги покажа квалитетите на
чиста, обновлива енергија како одговор на пареата и новиот мотор со согорување,
за кој веќе се сметаше дека е „валкан и бучен. За прв пат во историјата на
мобилноста, возилото се напојуваше од батерии на полнење. Измислени во 1859
година од Густав Планте, овие батерии на полнење исто така нудеа подолг опсег;
важен адут во развојот и големото производство на електричните автомобили во
иднина. Пронајдокот на Труве го инспирираше создавањето на нови возила. Така
започна големата технолошка и еколошка авантура на електричните автомобили,
две години пред појавата на првото возило со согорување.Иноваторите во
Унгарија, Холандија и САД создадоа некои од првите електрични автомобили од
мал размер во светот. Сепак, дури во втората половина на 19тиот век,
француските и англиските пронаоѓачи ги изградија првите практични електрични
автомобили.Од друга страна, електричните автомобили беа тивки, лесни за
возење и не испуштаа непријатни загадувачи како другите автомобили од тоа
време. Електричните автомобили брзо станаа популарни кај урбаните
жители.Оваа популарност го привлече вниманието на многу иноватори.

Ако сакаме да определиме што претставува и како е механизмот на електричните


возила можеме да кажиме дека е автомобил што се движи со помош на еден или
повеќе електрични мотори, користејќи ја електричната енергија складирана во
батерии или друг уред за складирање на енергија.Електромоторите овозможуваат
моментален вртеж на електричните автомобили, со што создаваат силно и
рамномерно забрзување. Електричните автомобили имаат неколку предности во
споредба со автомобилите со класични мотори со внатрешно согорување, како
што се: значително намалување на локалното загадување на воздухот, бидејќи
тие немаат ауспух и затоа не испуштаат штетни гасови во моментот кога возилата
работат,во зависност од горивото и технологијата користена за создавање на
електрична енергија за полнење на батериите; и помала зависност од нафта, што
за САД или за другите развиени земји или за земјите во развој е причина за
загриженост за ранливоста на нестабилните цени на нафтата и за прекини во
снабдувањата. Исто така за многу земји во развој, а особено за најсиромашните
земји во Африка, високите цени на нафтата имаат негативно влијание врз нивниот
платен биланс, попречувајќи го нивниот економски раст.Денес скоро сите
автомобилски марки ни нудат модерни електрични автомобили кои не
претставуваат ризик на околината и воздухот.Еден од тие автомобилски марки е и
audi односно „Ауди е-трон“ е целосно електричен, луксузен кросовер со средна
големина произведен од „Ауди“, кој беше претставен како концептен автомобил на
Саемот за автомобили во Франкфурт 2015 година.Тоа е првиот електричен
автомобил за производство на електрични маси во компанијата и првпат беше
испорачан во мај 2019 година. Има асортиман на EPA од 204 милји (328 км), или
227 милји (357 км) во ажурираниот модел. Ауди е-тронот се напојува со батерија
од 95 kWh, од кои 86,5 kWh (порано 83,6 kWh) се употребливи. Може да се полни
од нула до 80% за околу 30 минути користејќи 150 Kw полначи. Автомобилот
користи систем за обновување на енергијата, кој во просек придонесува со 30% во
опсегот. Закрепнувањето може да се постигне и кога возачот ќе го ослободи гасот
и кога ќе изврши притисок врз педалот на сопирачката. Во температури кои се
движат од 6,5 до 4,5 ° C (20,3 до 23,9 ° F), со вклучено загревање на кабината, е-
тронот постигна реален опсег од 331 километар (206 милји), во споредба со 370
километри (230 милји) во пролет / лето (исто така со вклучено греење на кабината
/ климатизација), што значи пад на опсегот од 10,5%.Стандардна опрема за е-трон
вклучува 12-насочни загреани и вентилирани предни седишта, панорамски
месечев покрив и тркала од 20 инчи.

Зошто електрични возила ?

Бидејќи електричните автомобили имаат нула емисија на задната цевка, можеме


да очекуваме почист воздух кога има повеќе електрични автомобили на патот.
Почистиот воздух значи помалку болести во светот, што значи помалку
оптеретеност врз јавните здравствени системи, болниците итн.Покрај тоа,
помалку емисии на гасови ќе го спасат озонскиот слој и ќе го намалат нашиот
јаглероден отпечаток. Ако не можеме да го запреме глобалното затоплување,
секако можеме да го забавиме почетокот.Нај олеснителни предности се Без
купување гас, и замена на улје.Како дополнителен бонус се јавува тоа што
полнењето на батериите се повеќе се одвива од обновливи извори. Ако возите
електричен автомобил, очигледно планирате да оставите почиста околина и
атмосфера за индите генерации. Покрај тоа што ќе бидете вброени во редовите
на најкул луѓе наоколу, вие ќе направите разлика за животната средина и ќе
заштедите пари. Вашиот најголем проблем можеби е да ја смените батеријата, но
повеќето модели денес се со гаранција од 8 години.Батериите можат да траат и
до 15 години во блага клима. Електричните автомобили се тивки внатре и
надвор.Една од првите работи што ќе забележите за управување со електричен
автомобил е недостатокот на бучава.

Денес во светот многу земји почнаа да користат електричните возила.Норвешка


стана првата држава во светот која електричните возила сочинуваат повеќе од 50
проценти.Осло како град на екологијата од 2019 веќе сака до 2030 година да ги
намали емисиите на штетни гасови до 95 проценти и затоа одржува разновидни
проекти за тој цел една од нив се безжични електрични станици.Веќе неколку
години во Осло автомобилите што работат на дизел не смеат да влезат во
центарот на градот.Некој земји односно тука спаѓа и Норвешка ги држат на
минимум даноците на електричните автомобили или даваат субвенции за да
стимулираат продажбата на електричните автомобили во нивните земји.Ги
зголемуваат даноците на дизел/бензин автомобилите со цел да се поскапат
цените на дизел/бензин автомобили со тоа што луѓето да се избегнуваат од
купување на овие автомобили.Во некои западно европски држави колите според
година на производство и испуштање на емисии (СО2) добиваат лепенки на
разновидни бои кои задолжително мора да се лепат на шофершајмната на колите
кога ќе се регистрираат.Тие коли што испуштаат најмногу емисии добиваат црвени
лепенки тие што испуштаат помалку од црвените добиваат жолти лепенки,а нај
еколошките добиваат зелени лепенки.Колку по еколошка е колата толку помалку
се трошоците за регистрирање и осигурување на колата.Со оваа процедура што
го воведе западно европските држави придонесе да се зголеми свест кај луѓето
колку штетни се автомобилите не само за околината,туку и за домашен буџет на
луѓето.Пред неколку години и во нашата држава се воведе оваа процедура почнаа
да се лепат лепенки во разновидни бои кои укажуваа на нивото на испуштање на
штетни емисии во воздухот но за жал многу кратко траеше и целосно се
укина.Треба да се истражува на кого и пречеше оваа процедура која што беше од
корист за сите граѓани и за околината.

Во денешно време еден од најактуелните теми е глобалното затоплување.Според


едно истражување скоро 27% од штетните емисии се произведуваат од
автомобилите кои што работат на цврсто гориво.

Според горенаведената тема можеме да заклучиме дека електричните


автомобили претставуваат еден од највредните пронајдоци не само за
човештвото туку и за почиста еколошка средина и чиста атмосфера за идните
гернерации.Ако сакаме да оставиме еден свет што може да се живее за идните
генерации треба секој од нас да се ангажира повеќе за зголемување на свеста на
граѓаните околу штетните последици од СО2 емисиите.Сепак оваа цел не може да
се реализира толку лесно заради интересите на некој поединци (држави) кои
заработуваат многу пари од производство на цврсти горива.

You might also like